За криминалците веќе не постојат граници. Јавноста бара одговори како телохранител на државниот врв се нашол на иста маса со мафијаши
Љубиша Станковиќ
Како во сцена на холивудски мафијашки филм, завчеравечер жителите на скопската населба Аеродром беа сведоци на крвава пресметка во која смртно настрадаа три лица, од кои еден вработен во МВР. Со рафална стрелба од автоматско оружје, средовечен маж ладнокрвно застрела тројца гости на рибниот ресторан „Биг фиш“ во трговскиот центар „13 Ноември“ (во непосредна близина на „Три бисери“).
Убиецот, како што соопшти полицијата, вчера сам се предал, а мотивите за крвавиот чин ги лоцираат во должничко-доверителски односи. Убиецот, според МВР, е 47-годишниот скопјанецот со иницијали Т.Д., кој ги застрелал Јордан Јорданов и Влатко Андреев, двајцата од Велес, и Владо Милошев, вработен во МВР, кои седеле на иста маса.
Медиумите вчера шпекулираа дека загинатиот Милошев бил роднина на шефот на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски. Другите две лица, пак, се поврзуваат со трговија на дрога и важат за дел од таканаречената „Франкфуртска мафија“, која оперирала во Австрија и во Германија.
Ова најново крваво злосторство во потесното градско подрачје на македонската метропола силно ги вознемири граѓаните кои стравуваат за својата безбедност, но и дополнително ја зовре атмосферата на несигурност и уште еднаш ги наметна отворените прашања за дејствувањето на македонското подземје, за што реагираше и опозицијата. Загриженоста, но и лутината за она што им се случува беше видлива и на лицата на бројните жителите на зградите околу Трговскиот центар „13 Ноември“, кои дојдоа на местото на злосторството.
Се' се случи во четвртокот вечерта, петнаесетина минути пред 20 часот, кога Т.Д., чие име полицијата и натаму не го соопштува, влегол во рибниот ресторан „Биг фиш“, а потоа со испукување рафали застрела три лица, кои во тоа време седеле во угостителскиот објект. Од истрелите, на место смртно е застрелан полицискиот работник Владо Милошев, а со тешки телесни повреди во скопскиот Ургентен центар беа пренесени велешанецот Јордан Јорданов (36), со прекар ’Ркулот, и 26-годишниот Влатко Андревски.
Десетици граѓани завчеравечер со часови стоеја пред ресторанот „Биг фиш“ и со неверување се прашуваа: дали е можно некој толку ладнокрвно да стрела во локалот, а потоа, како ништо да не се случило, да си замине, фрлајќи ја притоа автоматската пушка на тротоарот?
„Во прв момент бев збунета кога ги слушнав истрелите. Потоа ме обзеде страв, но и чувство на неверување дека е можно некој да пука во ваков фреквентен дел од населбата. Излегов да видам што се случува и дури тогаш сфатив дека некој пукал во некои непознати лица за мене. Ја видов пушката која беше фрлена на плочникот. Од соседите разбрав дека некое непознато лице влегло во рибниот ресторан, а откако стрелал во луѓето кои седеле во локалот, ја фрлил пушката и со автомобил ’опел корса’ си заминал“, раскажува нашата соговорничка, која беше видно вознемирена од она што се случило во нејзиното најблиско соседство.
Кратко време по настанот, речиси целиот преден дел на ТЦ „13 Ноември“ беше опседнат од полициски тимови. Десетици полицајци беа ангажирани во увидот што траеше до доцна во ноќта. Со часови големата екипа на форензичари беше во локалот во кој се одиграла крвавата драма, а тимови од Одделот за криминалистичка техника ги обезбедуваа пронајдените чаури, фрагменти од проектили, куршуми, мобилни телефони, автоматска пушка и друго.
Во морето од информации и дезинформации што се пласираа во четвртокот навечер, можеше да се слушне дека сите убиени се припадници на Министерството за внатрешни работи, дека станува збор за криминална пресметка на припадници на скопското подземје, дека еден од двајцата ранети е во тешка состојба, но дека другиот е надвор од животна опасност и дека на автопатот Скопје - Велес е запрено возило БМВ во кое биле две лица за кои се верува дека се извршители на ова грозоморно убиство.
Ваквите пласирани информации дополнително се подгреаја оној момент кога меѓу вработените во МВР се појави и лице кое е задолжено за обезбедување на највисоките државни фунционери. Имено, меѓу присутните се шпекулираше дека станува збор за роднина на загинатиот.
Вчера министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, не одговори на прашањето дали загинатиот полицаец е во блиски роднински врски со телохранител на висок државен функционер. Таа, исто така, не можеше да каже зошто загинатиот бил во друштво со две лица за кои самата полиција потврдува дека минуваат низ казнената евиденција.
Долгата и мачна неизвесност, која во четвртокот се надвисна врз населбата Јане Сандански, беше прекината со изјавата на директорот на Ургентниот центар, д-р Реџеп Селмани, кој потврди дека еден од двајцата ранети починал кратко време по неговиот прием во болницата, а другиот, кај кого биле констатирани прострелни рани во пределот на градниот кош и главата, им подлегнал на повредите во операциската сала.
На самото место, околу 21,30 часот, се појавија истражен судија од скопскиот Кривичен суд и јавен обвинител, но тие во рибарницата и пржилницата „Биг фиш“ влегоа по 23 часот. По налог на истражен судија, телата на загинатите заради вршење на обдукција беа предадени во Институтот за судска медицина.
Некои од медиумите во текот на вчерашниот ден излегоа со тврдење дека осомничен за трикратното убиство е извесен Тони Денковски од Скопје и дека станува збор за сопственик на каменолом. Од МВР само соопштија дека осомничениот за трите убиства во „Биг фиш“ вчераутро околу 7 часот самиот и' се предал на скопската полиција и е со иницијали Т.Д. (47), а во разговор со полициските работници го признал извршувањето на делото и го навело мотивот.
Според Јанкуловска, можниот мотив за извршување на делото треба да се бара во должничко-доверителските односи, кои подолго време постоеле помеѓу осомничениот и Јордан Јорданов, сега покоен. Таа потврди дека Јорданов е лице коешто во евиденцијата на МВР се јавува како извршител на имотни кривични дела и дела од областа на недозволената трговија за што му биле изрекувани и условни затворски казни. Имено, како член на таканаречената „Франкфуртска мафија“, а по реализирањето на операцијата „Велес“, Јорданов извесно време беше и во притвор. Таа не можеше да потврди дали вчера полицијата вршела претреси на објекти во Велес.
„По завршување на неопходните разговори и документирање на кривичната пријава, осомничениот ќе биде предаден на истражен судија и поради сериозноста на инцидентот, ќе побараме да му биде определена мерка притвор“, рече министерката Јанкуловска, која не можеше да одговори на прашањето дали тројцата загинати имале случајна средба или се познавале отпорано и зошто вработен во шестата управа, задолжен за обезбедување на странски делегации, бил во друштво со лица од подземјето? Имено, токму за загинатиот Милошев се говори дека бил еден од главните телохранители на самата Јанкуловска.
За настанот што се случи завчера во скопски Аеродром вчера со официјален став излезе и опозициската СДСМ. И од партијата прашуваат „како е можно, среде Скопје, кога има врвулица од граѓани, како во мафијашки филм, да се случи ладнокрвно убиство во кое се убиени тројца, од кои еден вработен во МВР, телохранител на министерката Гордана Јанкуловска и баџанак на Дејан Митковски - Урко, шеф на обезбедувањето на премиерот Груевски“.
За СДСМ не е нормално полициски функционери да ручаат со дилери на дрога. Во партијата сметаат дека безредието и хаосот земаат невидени размери, вчерашното убиство е потврда дека во Македонија веќе никој не е безбеден и покрај тоа што Гордана Јанкуловска вчера изјави дека безбедносната состојба е непроменета, односно стабилна. (Љ.С.)
VMRO DPMNE je najgolemata patija sto svercuva i dileruva so droga pa eve poleka se si izleva na videlina se prasua od kade im se parite na lica sto do deka da dojde vmro na vlast nemaja denar vo dzep a sega nese razgovara so niv site simpatizeri ili partiski sluzbenici na vmro se vmesani vo nekakov kriminal veke se vide od avion ama narodo je veke izgleda cel nadrogiran pa ne gleda sto mu se slucuva pa zatoa se rabote na golemo so drogata i se stitat narko bosovite za da mozat da vrsat reket i teror vrz narodo za da go presilat i zaplasat za da glasat za VMRO DPMNE poveke nikogas da ne se dese da dojde na vlast .
Од: marjan.pp
Датум: 04.09.2010 12:48:54
vcera vo ohrid,denes vo skopje,utre na dr. mesto...g-ce ministerke najdobro e ,,nekoj'' da si gi spakuva kuferite,za dobroto na makedonija
Од: Горан
Датум: 04.09.2010 12:59:59
Ако. Нека се истребат сите до еден.
Од: Учо- Гостивар
Датум: 04.09.2010 13:18:36
Најголема опасност во една држава претставува врската помеѓу мафијата и полицијата.А уште поголема кога сето тоа има подршка од политиката (власта).
Време е „независното“ обвинителство да почне незвисно да си ја врши својата работа.
Од: jovan
Датум: 04.09.2010 13:33:02
Ovie brutalni ubistava se samo odraz na nasobran gnev.Se kladam deka i najobicniot opljackan stecaec i rabotnik vo drzavava da ima sila, isto vaka surovo bi im presudil na mnogumina "poznati" biznismeni koj denes si se narekuvaat "elita" koja, normalno se zastiteni od drzavata i Zakonite(sto e i normalno,pa zatoa nema ubistva)No koga ke "pukne film" i koga nekoj dokazan kriminalec ti vrsi teror i sproveduva sopstveni Zakoni i pravila, i toa se so "podsredstvo" na MVR(citaj drzavata)togas sto moze da se ocekuva?Neznam samo kako onaa ministerkana(najverovatno e nepismena)moze spokojno da izjavi deka ne i bilo vazno sto sluzbenikot na MVR zgora na se bil i vo rodbinski vrski so glavniot "obezbeduvac"na Premierot.Ke bidam grub,no mora da e maloumna.
Од: Ohridjanec
Датум: 04.09.2010 14:10:37
Poradi vas Skopjani nema ni vo NATO ni vo EU gradot vi e kako Bejrut .Izlezes na pazar neznaes dali ce se vratis ziv .Sve kriminalec do kriminalec.Sega site ce pocnete da begate vo Ohrid da spasuvate ziva glava Ni go upropastivte turizmot Pojaki ste od nas posofisticirani koristite posleden zbor na tehnika -avtomatsko oruzje..Nie sedumina edvaj eden A vie eden trojca kako od sala.
Од: bale
Датум: 04.09.2010 14:14:36
Ma ne bre lugje, ne e taka, nie vekje otrpnavme na ubistvata, tuku vecerva ke izlezi Biciklistickion na TV PRESS i ke kaze deka za ubistvata e kriv.... koj ako ne Branko Crvenkovski???????????????????????????????????????????????????????????????????
Од: Toni
Датум: 04.09.2010 14:33:02
zalno so vaka se presmetuvaat, no sto da se kaze za lihvarite kasni samo eden den ke jades kjotek kako vol, kojznae kolku pari se vo prasanje pozajmeni, trpel trpel no sepak ne e ova resnie, ne e definitivno.
Од: tanja
Датум: 04.09.2010 15:12:30
e ova ti e posiroka definicija za organiziran kriminal
Од: Alpha+
Датум: 04.09.2010 15:15:15
Neodamna vo eden moj komentar napisav deka ministerkata Jankulovksa zedno se nejzinite "podredeni" ja pretvorija MKD vo svoja tezga za iznuda,kriminalni aktivnosti,uceni pribiranje mito,nelegalni biznisi,zaplasuvanje na narodot,mestenki,nezakonsko prisluskuvanje,vrsenje pritisoci,formiranje na mafijaska mreza (MVR-advokat-pretsedatel na sud-obvinitel-kriminalci).Pogolema potvrda, za zal krvava, od ovoj nastan nema.I zamislete go odgovorot na ministerkata na prasanjeto sto bara pripadnik na MVR vo drustvo na poznat kriminalec-odgovorot glasese sega ne bilo vreme za takvi neumesni prasanja demek so ogled na trite zrtvi.Graganite bile bezbedni.Ne znam koga ovaa gospogica ke priznae deka vopsto ne sme bezbedni,imajki gi predvid vakvite presmeti i sekojdnevnite pljackanja na banki-Divi ZAapad so site nisani.Koga ke priznae deka kriminalot ja okupira drzavata i gragani.Bombi li koga ke pocnat da detoniraat.I toa ne e samo vo SkopjeTaka e vo site gradovi vo drzavata-Ohrid,Tetovo,Kocani,Stip,
Од: Od mene
Датум: 04.09.2010 16:02:46
VMRO e kompletno sostaven od kriminalci i neprijateli na ovoj narod , so lazna slika na demokratija go kontroliraat populacijata i ne pravat budali site. Se zbogatija so drzavni pari i se drzat pod kontrola od mediumi do naplata na wc...
Mafija se vika toa - ke vidite nikoj nema zatvor da odi vo ohrid a za ova skopje mislam deka ke ima uste ubistva - ova e samo pocetok.
Од: Bekim
Датум: 04.09.2010 16:44:24
Go razbudile Grujo od spienje
" Grujo go ubile Crvenkovski" a toj odma " Znam, Branko go otepal"
Vaka ke kazat i za ova
Од: Stojko
Датум: 04.09.2010 16:53:42
Skopje stana Chicago od dvaesettite godini na minatiot vek. Namesto Al Capone sega vladee familijata na Nick Grujone. Vreme e Skopje da go preimenuvame vo Skoka-go!
Од: b
Датум: 04.09.2010 17:07:26
E. makedonski narode! A apsea nevini luge niz Bitola, rastel konop niz bitolsko pole. Sega glredame kade e narko biznisot. Duri i kaj luge pokraj ministerkata na MVR.
Од: Tetovo
Датум: 04.09.2010 18:16:12
Можете да речете што сакате, но јас како човек кој пораснал во Тетово, денес се осеќам многу посигурно отколку во периодот 1994-2005. Денес можеби поврзаноста на мафијата е поголема, но тоа е сепак подземје, кое како и секој „бизнис“ стреми кон развиток, додека во минатото и обичен човек (читај дете) можеше да те убие само ако одговориш на македонски колку е часот и да си замине слободен (барем во Тетово).
Од: bojan
Датум: 04.09.2010 18:23:37
Pa dobro be luge.... i vo amerika i vo italija i germanija i svajcarija.....se slucuvaat mafijaski presmetki. Ako ni e reper Danska togas sme navistina najlosi no ako se sporedime so bilo koja zemja vakvi raboti se slucuvaat. No citajki po kometari navistina ima luge sto veruvaat vo 2012 za propast na svetot.
Од: Aлександар Најчески
Датум: 04.09.2010 19:31:00
По струка сум техничка,ама се мешам и каде нетреба.Ве молам, зошто го користите зборот ТЕЛОХРАНИТЕЛ,човек ли ке ја храни министерката со цуцла.Напишете ТЕЛОБРАНИТЕЛ. Српска или Бугарска транс��рипција.Ако е така тогаш на бугарски ОХРАНА значи -заштита,одбрана...
Од: Viktor
Датум: 04.09.2010 19:36:04
Ete ti. Vi trebase cel den za da go napisete udarniot naslov na Vesnikov. I toa e ok samo preimenuvajte go vesnikov u MLAD BOREC ili borba ili nekoe druga ime od kominternata. Samo da vi kazam smesni ste koga go povrzuvate Gruevski so nekoj gangster so sedel so drugi gangsteri na masa. Ali u redu e ke iskocat anketite IRI i pak ke placete i ke kukate po forumi!!!!!
Од: горан
Датум: 04.09.2010 22:27:05
целата јавност знае дека ова е само почеток на серија убиства меѓу дилери,лихвари и криминалци со значка. лично сметам дека позадината зад овие убиства е сосема друга,меѓутоа тоа тешко се докажува кога се инволвирани луѓе од власта. и на мало дете му е јасно што може да прави припадник на МВР со познати криминалци. целата скопска шема знае дека покојниот Владо Милошев редовно бил во друштво со Јордан Јорданов Ркулот,а спојката секој може да ја претпостави но тешко да ја докаже
Од: trajce
Датум: 04.09.2010 22:29:51
policaecot gi zemal parite od rkulot za oni da ne odat zatvor . prasanje kaj kogo gi nosel parite imate pravo samo na eden odgovor
Од: Urosh
Датум: 04.09.2010 22:41:31
Za vakva rabota Toni Denkovski treba da bide nagraden a ne da mu se sudi. Taka treba so site lihvari, zoshto da im ja pijat krvta na lugjeto
Од: Makedonska Sfinga
Датум: 04.09.2010 23:17:27
Vo vcerasniot tekst g-dinot Rizaov so svojot tekst odlicno ja otslika momentalnata sostojba vo Makedonija , kada vladee nasilnistvoto kriminalot, zaplasuvanjeto, zverskite ubistva. Tie odredeni grupi na siledjiski monstrumi so " obriceni glavi,kratki vratovi " i uste pokratki fitili za izvrsuvanje na najgrozni zlocini se plod na tranzicijata, i anarhijata sto vladee vo Mk. a pred se se plod na tesnite vrski so site vladi , koi ednostavno kako "frankestajnovci" gi stvorija za nivni potrebi, a sega im pobegnaa od kontrolira. Me iritira i navredi ona ladno obracanje na Jankulovska, bez nikakvo cuvstvo na liceto,kako kamena sfinga , kako demek MVR ja garanira sigurnosta na gradjanite i vrsi temelni istragi . Kakvi istragi bre ministerke koga tretina od vrabotenite vo MVR se vo tesni vrski i dilovi so najgnasnite kriminalci!Da imas malku dobles i cuvstvo,koe i po mimikite na liceto se poznava deka go nemas,odamna ce si podnesese ostavka.
Од: skopjanec
Датум: 04.09.2010 23:53:56
Vie oherigani gledajte si go gradot na drogata i rteketo.Skopje ostajtego. A vladeeckata koalicija povtorno padna.Sega se gleda deka Mijalkov i kompanija se glavnite igraci vo Makedonija
Од: Stefan
Датум: 05.09.2010 02:30:50
U edna zemja kako Makedonija kade sto ima golema nevrabotenos uvek ke ima ubistva.
Namerni ili nenamerni
Na narodot mu vrie. Bez rabota, bez pari, bez stabilizacija.
Pa i sigurno deka na narodot mu e zovrieno
Narodot e kako edna naduvana bomba koja samo ceka da fililjot se zapali
Steta za Makedonskiot narod
Ova ubistvo e ogledalo na nasata zemja vo Evropa
Од: Bafomet Sekularski Manchevsky-dragon Fly
Датум: 05.09.2010 10:25:16
Кое ти е бе, тоа: “независно обвинителство„?! Па дали си ти нормален? Знаеш ли ти воопште каде живееш? Системот не е поврзан со неколку убиства на џилци! Што треба сега министерот да влезе во умот на секоја единка?! Убиствата се тренд на глобално ниво и тука нем ама баш што да се направи! Независно Обвинителство?! Смешно! Оаа држава треба да се укине со декрет!
Од: srebre
Датум: 05.09.2010 10:33:31
nekojrece segleda od avion..o pravo e aa nekoj ne g vidi na milimetar...kako jankulovska..a celo vr vmro pravi reklami olku e uspasna min isterkata.....na zapadda bese taa do sega 50 pati trebase da dadeostavka......diler na drogana ista masa so obezbeduvaca,policajci...jadat pijat.....znaci sorabotnici..a ilerat ial kuca milion evra ...?a bil siromasen nevraboten.....fakticki istoo kakoi vo ohrid gazdata na lokalot havana kade se sluci uistvoto imal 10mina obezbeduvaci a promet ula t.e. dstetina gosti na ecer vo kafic......pa kako mozat da placat tolku obezbeduvaci promet nula...?ii kaficite/plaie nakoncesja e perenje pari i nisto drugo.....vrie od organizran kriminal de dileri sorabotuvat so policija.......sto e toa akone mafija i haos neviden vo mvr......