Владата ветува, а ништо не исполнува
ГОСТИВАР - „Владата само ветува, а ништо не реализира. Не сум задоволен од Владата, особено од соработката со локалната власт“, изјави градоначалникот на Општина Гостивар, Руфи Османи, по вчерашното експозе на премиерот Никола Груевски. Според Османи, во време на голема светска економска криза, Владата троши големи пари од буџетот за непродуктивни инвестиции поврзани со проектот „Скопје 2014 година“.
��остиварскиот градоначалник оценува дека Владата не го реализира главното ветување кон граѓаните за зголемување на странските инвестиции, како најбитен елемент за излез од стопанската криза и за отворање на перспективите за економски развој.
Негативна е оцената на Руфи Османи и за политиката на Владата околу спорот со името. „Владата промовира нов статус на Република Македонија, како неутрална земја во однос на интегрирањето во НАТО и во ЕУ, став што не е адекватен за граѓаните“, вели Османи. (К.К.) |