Пријава за убиство во обид
Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава за дело убиство во обид против Д.М.(26), кој во минатата сабота, десетина минути по еден часот, откако излегол од кабарето „Амнезија“, со нож му нанел убодна рана во пределот на вратот на И.К.. Имено, И.К. бил под дејство на алкохол, па започнал расправија со Д.М., а потоа и физички го нападнал нанесувајќи му гребаници на носот. По ова, Д.М. извадил нож од џебот и со него му нанел убодна рана. На И.К. му била укажана лекарска помош во Здравствениот дом во Кратово, но поради сериозноста на повредата, пренесен е во Медицинскиот центар во Куманово. Истражен судија му одреди на Д.М. мерка куќен притвор во траење од 30 дена. (Љ.С.) |