Oдлуки за Бучковски и за Тупурковски
Иако најавени за понеделникот, Апелациониот суд во Скопје дури денеска ќе ги соопшти одлуките за случаите „тенковски делови“ и „тајвански кредити“, а за кои, покрај другите обвинети, се и професорите на Правниот факултет Владо Бучковски и Васил Тупурковски.
Според зборовите на претседателот на Апелациониот суд во Скопје, Јордан Митриновски, одлуките досега не беа соопштени поради презафатеност на судиите со други предмети. Митриновски потврдува дека пресудата за случајот „тенковски делови“ е напишана и дека пред завршување е и случајот со „тајванските кредити“. Двата судски предмета се најдоа пред повисокиот суд по жалбите што ги поднесоа сите осудени во двата предмета. Имено, за случајот со тенковските делови поранешниот премиер Владо Бучковски тврди дека е политички монтиран случај за кој веќе бил осомничен и за кој била поведена истрага која не дала никакви резултати, а Васил Тупурковски смета дека со судењето требало да се нанесе лична и политичка штета, и нему и на неговото семејство. (Љ.С.) |