Бандерас и Грифит
Запленет имотот во Шпанија
На холивудските ѕвезди Антонио Бандерас и Мелани Грифит им се запленети повеќе од 1.300 квадратни метри земјиште на нивниот имот во Шпанија, во рамките на владината борба против илегално изградените куќи на брегот.
Бандерас изјавил дека нему и на неговата жена им е наредено да предадат пет милиони фунти вредно земјиште. Конфискуваното земјиште ќе овозможи јавен пристап на плажа, но ќе го уништи базенот на славниот пар. Неименуван извор рекол дека нивниот базен долг 12 метри ќе „помине недопрено“, но дека запленетата површина доага до работа на базенот, што ќе им го уништи уживањето во него. Бандерас и Грифит ја купиле вилата „Ла Џавота“ пред 12 години, а претходно им е одобрена дозвола за градба. Минатата година им било наредено да урнат дел, на што се' уште се жалат. |