Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Германска донација за Домот „11 Октомври“

Градот Скопје доби донација вредна 15.000 евра од збратимениот град Нирнберг. Помошта ќе биде наменета за реновирање на тоалетите во Домот за деца без родители „11 Октомври“. Заменик-градоначалникот на Нирнберг, Хорст Фертер, и директорот на фирмата за санитарии „Хајнце“, Кристијан Рацбергер, деновиве официјално на Градот му ја предадоа донацијата што се состои од клозетски шолји, лавабоа и арматури што ќе се поставуваат во домот.

Градските власти информираат дека покрај помошта во санитарии, доделени се и пакети со играчки и со слатки, исто така наменети за штитениците од овој дом. Оваа донација е една од многуте кои Скопје ги има добиено во изминативе 26 години колку што трае соработката со збратимениот Нирнберг. (Сн.К.)


Статијата е прочитана 135 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Бесплатно лизгање под Кале
Се уриваат бараките на Здравствен дом „Бит-пазар“
Пет хотели и катна гаража ќе се градат под Кале
Вкупно 223 компании на „Градежништво 2009“