|
|
|
|
|
|
Ни Велија не знае од каде му „упаѓаат“ владини реклами
„На А1 оди само една кампања за етика, чиј нарачател е агенција што тврди дека парите се од Брисел, а не од Владата“, велат во телевизијата
Жаклина Ѓорѓевиќ Горан Адамовски
Неполни три недели од случувањата во А1 телевизија, кога Финансиската полиција ги чешлаше фирмите регистрирани на „Перо Наков“ б.б., иако срамежливо, на фреквенцијата на А1 пак почнаа да се вртат владини реклами. Конкретно, во ударниот термин пред вестите деновиве одеше реклама со слоганот „Да бидеме подобри“, а под неа стоеше дека нарачател е Владата на Република Македонија.
Злобниците веќе почнаа да се прашуваат дали по бурата што ја предизвикаа настаните во телевизијата, можеби сега пак доаѓа до постепено з��топлување на односите на релација Влада - А1? Во меѓувреме, истрагата е во тек и од неа се' уште нема резултати.
Сопственикот на А1, Велија Рамковски, вчера ни изјави дека „не е во тек и не знае што се објавува на телевизијата“. За подетални информации, тој не' упати во Советот за радиодифузија. Во телевизијата објаснуваат дека не се работело за владина реклама, туку за емитување кампања за етика, чиј нарачател била маркетинг-агенција што не сакаат да ја обелоденат, а парите, наводно, доаѓале од Брисел.
Во меѓувреме, Обвинителството, Финансиска полиција и МВР се вклучени во одмотување на клопчето за тоа како работеле фирмите на „Перо Наков“ б.б., за кои Управата за јавни приходи посочи дека го оштетиле буџетот за 1,6 милиони евра. Државните институции инволвирани во случајот најавуваат конечна одлука за овие фирми до Нова година.
„Не сум во тек, не знам“, ни одговори Рамковски кога го побаравме да го прашаме како на неговата телевизија почнале да се вртат владини реклами, особено по неговите тврдења дека премиерот со буџетски пари му плаќал партиски реклами, за што се заинтересира и Обвинителството.
„Моментално оди само една кампања за етика, а нарачател е маркетинг-агенција, која тврди дека тие пари доаѓаат од Брисел и дека не се од Владата“, вели маркетинг-директорот на А1, Зоран Силјаноски. Кампањата, според него, не е нова, туку се емитува од пред еден месец и сега би требало да привршува. Но, затоа тој спореди колку Владата се огласува на другите медиуми. „Моментално Владата се огласува на другите телевизии, кај кои се емитува кампањата за откуп на дворно земјиште, а има и други две кампањи, за кои не знам од кого се финансирани, а тоа се за семејно насилство и за сиромаштија, кои повторно не одат кај нас“, објаснува Силјановски. Тој нагласува дека кај нив веќе една година не се огласува ни мобилниот оператор, кај кого со акции учествува и Владата. За тоа дали има разлика во огласувањата на Владата пред и по случувањата, Силјановски појаснува дека Владата и претходно не се огласувала кај нив за разлика од другите телевизии. „Се' е нормално. Клиентите се раководат исклучиво од рејтинзи, а не од политика“, ја коментира директорот сегашната позиција на А1 во однос на рекламите.
Во Советот за радиодифузија, каде што ги следат рекламите, велат дека не можат веднаш да излезат со анализа за тоа колку Владата се рекламирала во одредени медиуми, конкретно и на А1 телевизија. Само укажаа дека паѓа в очи тоа што Владата лани се рекламирала шест пати повеќе во споредба со 2008 година.
Моментално, истрагата за тврдењата на Рамковски околу тоа дека премиерот му исплаќал буџетски пари е во тек, не' информираше вчера скопскиот обвинител Марко Зврлевски. „Се проучуваат сите материјали и до крајот на годината очекуваме да имаме одлука“, ни рече тој. И првите резултати од контролите на спорните фирми на „Перо Наков“ б.б. се очекуваат за Нова година. Како што велат од Управата за јавни приходи, истрагата одела во добар правец. „Задоволни сме од квалитетот на пријавите, станува збор за многу фирми, но до крајот на декември ќе излеземе со детална информација“, изјави директорот на УЈП, Горан Трајковски.
И во Министерството за внатрешни работи велат дека „се работи на случајот“. Според нив, станува збор за обемен предмет и ќе треба време да се средат податоците. „Стручни тимови работат на истрагата по 24 часа дневно. Се координираат нивните активности и се враќаат дел од бришаните материјали на софтверот. Се проверуваат сите фирми, книговодствената евиденција“, велат од МВР.
Извори од истрагата велат дека не постои дел од работењето на фирмите што не е сомнителен, почнувајќи од самиот објект, до секоја запирка. Наводно, „таму не се знаело која фирма што работи, бидејќи биле регистрирани за една, а работеле сосема друга дејност“.
Акцијата на „Перо Наков“ б.б. беше реализирана пред 16 дена. Инспекторите од УЈП и Пазарната инспекција цела ноќ ја чешлаа документацијата на неколку од 40. фирми, колку што се регистрирани на истата адреса, на која е лоцирана и телевизијата А1.
Веќе утредента УЈП утврди дека спорните фирми не платиле ДДВ во висина од 1,6 милиони евра. Сомневањата за сомнителен одлив на 7,5 милиони евра во странски земји, што се сметаат за даночни рајови, се' уште се проверуваат. Директорот на УЈП, Горан Трајковски, објасни дека фирмите на „Перо Наков“ б.б. ги исфрлил самиот софтверски систем како ризични. Било необично тоа што мали фирми со по еден или двајца вработени преку ноќ правеле милионски тр��нсакции. Истиот ден Министерството за внатрешни работи пронајде 104.000 евра во кеш во стан во населбата Чаир, сопственост на една од управителките на спорните фирми. Според полицијата, парите биле извадени од фирмите во текот на бурната четврточна ноќ. Но, кривична пријава се' уште нема.
По неколку дена, се огласи и Пазарната инспекција, чии вработени не успеале да извршат увид во неколку фирми. Против четири од нив беа поднесени прекршочни пријави, чија казна може да достигне и до 5.000 евра за секоја. Оттогаш натаму - истрагата е во тек. (Ж.Ѓ.-Г.А.)
Сефот од „Перо Наков“ под лупа
Документи, хартии и клучеви излегоа од сефот што го запленија инспекторите од фирмите во акцијата на „Перо Наков“ б.б. Финансиската полиција вчера околу 15 часот го отпечати сефот во присуство на адвокатите Лујза Стаиќ и Мирослав Вуиќ, овластени како полномоштеници од управителите на осумте спорни фирми, кои, пак, вчера не се појавија.
„Немаше потреба од нивно присуство, бидејќи јас и колешката Стаиќ ги имаме нивните полномоштва. Од друга страна, Финансиската полиција не' замоли да им пренесеме на управителите да дојдат во понеделник, бидејќи, веројатно, ќе треба да им помогнат на инспекторите“, изјави Вуиќ. Според него, сите осум управители биле македонски државјани и ниту еден од нив не бил надвор од земјава.
Пари во сефот, како што дознаваме, барем од прво око, не биле забележани, но инспекторите деновиве детално ќе испитуваат се' што пронашле, а наводно, во купот документи имало и пликови. Во Финансиската полиција трае и истрагата околу документите и десетиците компјутери што беа запленети во акцијата. Надлежните велат дека деноноќно работат да ги класифицираат предметите, но и да ги проверат „должничко-доверителските односни меѓу овие претпријатија, како и со другите фирми со кои соработувале“. (Г.А.)
|
#
|
Статијата е прочитана 3886 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 11.12.2010 13:08:57 |
|
Мора сакале неќеле да се рекламират во нај-гледаната телевизија. |
|
|
|
|
|
|
Од: Vane |
Датум: 11.12.2010 16:10:15 |
|
Ako utvrdat deka e kriminalec, mora da odi vo zatvor ! Edinstveno sto e vazno e postapkata da bide zakonska i fer.
Nikoj ne e nad zakonot ! |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 11.12.2010 18:52:55 |
|
Како тоа батак мајсторот инаку сопственик на смоки независниот медиум ништо незнае а е алфа и омега таму,па нели призна да е главен уредник таму,фали уште да ни ја презентира временската прогноза.Инаку интересантно околу батаците кој тоа го чуваше во нежни прегратки и го штитеше од законската одговорност и враќањето на 1,5 мил долари ли беа или евра,така според Викиликс реагирала амбасадата на САД во фебруари 2006 год. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mile |
Датум: 11.12.2010 20:26:33 |
|
A be Vane,eden kup ima ovde sto se i te kako iznad zakonot. |
|
|
|
|
|
|
Од: sime |
Датум: 11.12.2010 20:27:08 |
|
Dali ima i kakov kriminal e napraven e rabota na instituciite koi treba da funkcionirat vo cela drzava,smeta sto A1 ja kritikuvase vladata pa ispadna ona sto go gledavme |
|
|
|
|
|
|
Од: torbes |
Датум: 11.12.2010 21:37:25 |
|
vo ovaa makedonija se se desilo i desvit sekoj den razni cuda ovaa cudo so A1 so Ramkoski i so Vladata e pravata slika na nasata zemja ovA E dokaz kako se kradat pari i kako moze narodot da se zalaze ili kako da mu se svrti vnimanieto na druga strana za da nevide kako nekoj ko bajagi se karame arno ama od druga strana si gi polnat dzebovite samo gladnite kesi ostanat pak gladni, ovde e se veleno i se e pisuvano ama nieden nese najde da im skrati na site gavoli nozete i da se istera gavolot od nasata zemja , apel do site sto ziveat vo nasata zemja site zaedno da staneme i da im zastaneme na patot na ovie ,Gruefci ,Brankofci ,Ramkofci i drugi zverovi sto se setaat po nasata zemja i sto im jadat koskite na nasite macni dusi vo nasta Makedonija dignetego glasot bre narode opljackan nenasednuvajte na lagi od VMRO i DUI I SDSM I neznam koj drugi DOSTAE !!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: makedonec |
Датум: 11.12.2010 21:44:20 |
|
do pred brgu vreme mislev deka ste neobjektivni i tezok vesnik,odnosno deka pisuvate i objavuvate statii samo za levicata.se uveriv vo sprotivnosta,i svativ deka ste objektivni i ne ste selektivni i deka rabotite pravilno.pozdrav do redakcijata i za mnogu brgu vreme se nadevam ke bidete prviot pisan medium vo makedonija |
|
|
|
|
|
|
Од: Od fakelaki |
Датум: 11.12.2010 22:57:06 |
|
Nee nikoj nad zakono ali pazite se nad zakonot so korumpiranite sudii...... |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 11.12.2010 22:58:31 |
|
Isto vazi i za premierot, ako placal partiski rewklami so drzavni pari da se uapsi i da lezi aps.Zakonot vazi za site. Manevski sigurno ce go osudi:))) |
|
|
|
|
|
|
Од: SPIRIDON do TORBEŠ |
Датум: 12.12.2010 09:57:33 |
|
Bravos be brat,ja sum makedonec nevernik,ama sepak ti se obrakjam so brat.Komentaro ti e tamam,ne gledajki deka brato Velija e "vaš",podržuvam te u diskusijata deka koj ke mu ovozmože dobra zarabotka so državnite,našite,pari na kriminalen način,so nego e nezavisno dali e VMR - ovca ili SDSM-ovca.A sitnite donacii i fondacii e frlanje prašina u očite na narodo.Za razlika od deneska u četvrtoko komentaro ti bešepun so omraza i podbiv prema makedoncite ...zbuneti od omraza ..ne znaat šo zboruvaat ..približuvanje kon islamot ...U taj konteks prašuvam te za koj makedonci misleše,zašo u Podgorci i Labuništa za praznici nema makedonsko zname,samo albansko,a?Dali istorijata se poftoruva,kako Velija,te vamo te tamo,a?I šo islamo e podobar od nacionalnosta ili moeto neverstvo.Pa čul li si be brat da ima amerikanec,britanec,avganistanec musliman.Makedonija i se e možno. |
|
|
|
|
|
|
Од: student |
Датум: 12.12.2010 15:32:31 |
|
od utre kniska na SDSM i nikoj nisto nema da mi moze,ako nekoj me obvini za nesto toa ke bide udar vrz demokratijata vo Makedonija |
|
|
|
|
|
|
Од: ?! |
Датум: 12.12.2010 19:57:08 |
|
"Pa čul li si be brat da ima amerikanec,britanec,avganistanec musliman"
Спиридон,некеко си ми нејасен.Ако навистина се прашуваш,дали има американец,англичанец,авганистанец муслиман,тогаш нема за што да лафиме.Можеби е надвор од темава,ама сепак знај едно.Сите што се огрешиле кон нешто,на крајот стануваат дел од тоа нешто.Етети од каде толку нови муслимани.И не само американци и англичани.Инаку во однос на темава,ако правиме рецки колку се идентификуфани а колку санкционирани по линија на припадност,кон партија,религија,националност,сме ја утнале работава.Ама,сигурно има кои што редат рецки.Exsel-от навистина има што да каже.На крајот ние граѓаните,не би смееле одејќи по вакви врвици да им дозволиме зад ваквиот наш параван да си ловат во матно.Губиме и јас и ти,и сите ние.Правдина да, ама и по правдина! |
|
|
|
|
|
|
Од: Ајван Доктор® -До: ФЕЛИКС |
Датум: 12.12.2010 20:27:49 |
|
Жално е кога приватни фирми го изигруваат законот,но Национална Трагедија е кога поединци ги користат министерствата и јавните претпријатија за свои лични цели!Најновата вест од МВР за Среќко гласи:недостасуваат 14 кутии со документи за јавни набавки во Министерството за култура!Меѓу нив „нормално“се наоѓаат и документи од ретроградниот сулуд проект„Скопје 2014Δ.Π.Ν.Ε.“!Очигледно имаме „батак-кичмајстори“ во Смоки-министерствата кои прават Чипс од државава!Се надевам дека министерката ќе има доблест да си поднесе оставка и дека МВР ќе ги превземе сите мерки против неа и нејзините тутори!P.S.Опсервирај дали твојот Шериф завршил со читањето на Зоки Поки!Изгледа дека те чека тебе да ја почнеш,за да може заедно да ја довршите! |
|
|
|
|
|
|
Од: Trpe |
Датум: 13.12.2010 07:05:31 |
|
Velija vika deka 50.000 evra kesh ne e negov tuku mu e podmetnat , MVR demantira, Pa togash jas ke go zemam i site ovci i kozi na broj ke bidat :) |
|
|
|
|
|
|
| ЕДИТОРИЈАЛ | | |
|
| Колумна | | |
|
| Поглед | | |
|
| Мислења | | |
|
|
|