Брoj 2719  вторник, 24 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Прилепските земјоделци ја блокираа депонијата во Алинци

ПРИЛЕП - Земјоделци од селата Алинци, Загорани, Кадино Село и Веселчани, вчера со механизација ја блокираа градската депонија, бидејќи цела година не им се исплатени пет милиони денари за штетите од невремето во 2007година.

"Никола Груевски и Силвана Бонева лани во август ветија пари. Пред вонредните избори тврдеа дека парите се пуштени, а ние денар не сме зеле. Секое семејство просечно треба да добие по 1.000 евра, бидејќи цел род беше уништен", вели Никола Мирчески од Алинци.

Земјоделците реагираат и затоа што локалната самоуправа не презела мерки да ги реши проблемите со депонијата:

"Нема да дозволиме да се истура отпадот се' додека не ги исполнат нашите барања. Депонијата ја загадува животната средина, нечистотијата ја внесуваме дома, дишеме нечист воздух. Ни ги зедоа нивите, а никој не ни даде друго земјиште. Немаме чисти пасишта за стоката, а ни наплаќаат пашарина. Постојано само ветуваат, а од ветувањата ништо", се жали локалното население. Од "Комуналец" велат дека ќе бараат алтернативни решенија ако протестот продолжи. "Чекаме да го одблокираат патот, бидејќи дневно носиме 80 тони отпад. Ќе работиме и попладне, но ако не се повлечат, ќе бараме друго решение", вели Златко Ристески, директор на ЈКП "Комуналец". Локалната самоуправа најавува дека земјоделците ќе ги добијат парите за отштета в среда. (Мн.Т.)


Статијата е прочитана 143 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Велимир Стојковски нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
Отворено прифатилиште за кучиња-скитници во Струмица
Предупредувачки штрајк на гостиварските конфекционерки