Предупредувачки штрајк на гостиварските конфекционерки
ГОСТИВАР - Конфекционерките на АД "Декон" од Гостивар од вчера штрајкуваат по еден час дневно, затоа што раководството не им исплати заостанати плати, хранарини и превоз. За почеток, штрајкот ќе трае три дена. Доколку нема слух за предупредувањето, тогаш времето на дневно неработење ќе се зголеми, најавуваат незадоволните текстилки.
На ваков чекор се одлучи Независниот синдикат, бидејќи раководството не ги исполни доставените барања од пред десетина дена. Работниците бараат исплата на три заостанати плати, пет хранарини и патни трошоци за 18 месеци за оние работнички на кои не им е обезбеден превоз. (К.К.) |