КЛАУДИЈА ШИФЕР
Облеката ја чува во хангар
Убавата германска манекенка Клаудија Шифер одлучила својата гардероба вредна пет милиони фунти да ја чува во еден хангар, кој се наоѓа во близина на нејзиниот дом, бидејќи не можела да се одвои од ниту едно парче гардероба што ја направило славна во изминатите дваесет години.
Во хангарот била поставена и специјализиран клима-уред, кој е строго контролиран за да го заштити материјалот и ткаенините на гардеробата, а тука се поставени и натписи на креаторите, кои имале чест да ја видат Шифер во нивните модели на модните писти.
Идејата за ваквото средување на облеката ја добила од својот сопруг Метју Вон, кој посакал нивната четиригодишна ќерка да ја има гардеробата од Клаудија.
„Успеав да ја зачувам целата моја облека. Имам хангар, кој е направен за чување хеликоптери и во него ја ставив целата гардероба. Идејата беше на Метју и сега подготвени можеме да почекаме нашата ќерка да порасне, па да ги користи сите модни парчиња. Станува збор за фантастична колекција, во која има парчиња кои самата ги купив, а дел од нив се дадени како подарок“, изјавила Шифер.
Колекцијата Шифер успеала да ја осигура и на еден милион долари, во која влегле бројните модни парчиња на Шанел, Валентино и Алаја. |