КАЈЛИ МИНОГ
Ѕвезда на Боливуд
Австралиската пејачка Кајли Миног добила сто илјади фунти за една недела снимање неколку сцени за индискиот филм „Сино“ во Мумбаи.
Во филмот Миног добила улога на танчарка што работи во ноќен клуб, а се појавила само во неколку кадри. Но, и покрај малата минутажа, појавувањето на филмското платно во Боливуд предизвикало вистинско интересирање на јавноста.
Имено, дел од медиумите напишале дека пејачката толку уживала во снимањето што дури и се вљубила во еден боливудски припадник на кралско семејство. За филмот „Сино“, во кој улогите ги толкуваат најпознатите индиски актери, биле одвоени 20 милиони фунти, а всушност, станува збор за сценарио инспирирано од новелата на Питер Бенчли - „Канџи“.
Овој филм претендира да биде еден од првите поскапи боливудски филмови, засенувајќи ги познатите ѕвезди од Запад, а целта на проектот е Индија да влезе поамбициозно во светот на филмската уметност.
На вакво размислување Индијците ги поттикна филмот „Милионер-бездомник“, кој постигна неверојатен успех на овогодинешните „оскари“.
|