Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Тивок пуч во МРТ или законска смена на Управниот одбор?

Членови на Управниот одбор на Македонската радиотелевизија обвинуваат дека насила сакаат да им го прекинат мандатот и да ги заменат со нови кадри

Гордана Дувњак

Се случува ли тивок пуч во јавниот радиодифузен сервис, или пак, станува збор за легална законска смена иницирана од новиот Совет на МРТ за групно разрешување на постојниот седумчлен Управен одбор. Главната дилема што се наметнува е дали станува збор за колективно тело, или мандатот на секој од членовите му завршува по истекот на петте години припишани со закон.

Членовите на Управниот одбор на 31 јули веќе добиле известување потпишано од претседателот на Советот на МРТ, Слободен Чашуле дека мандатот им престанува на 31 јули, а известувањето го добиле на 3 август. Нов оглас за избор на нови членови се' уште не е распишан.

И наместо одговорот да го даде собраниската законодавно-правна комисија, членовите на Управниот одбор на 31 јули веќе добиле известување потпишано од претседателот на Советот на МРТ, Слободан Чашуле дека мандатот им престанува на 31 јули, а известувањето го добиле на 3 август. Известувањето се темели на толкувањето на Правната служба на МРТ, додека нов оглас за избор на Управен одбор се' уште не е распишан.

Според Законот за радиодифузија и Статутот на ова претпријатие, Управниот одбор за својата работа одговора пред Советот, кој е задолжен да објави оглас за избор на ова тело. Постојните членови на УО се избрани од претходниот Совет, чиј мандат заврши во април оваа година, кога е избран новиот состав.

Дилемите околу тоа дека нешто се случува во државниот сервис, јавно ги изнесе еден од членовите на Управниот одбор, кој во информацијата испратена до медиумите сугерира постоење на некакво сценарио за групно разрешување во режија на екс-шефот на дипломатија и директор на Македонското радио, Чашуле, направено во координација со пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димоски, па дури и лично премиерот Никола Груевски.

Претседателот на Советот Чашуле ги демантира ваквите тврдења и вели дека е постапено според законот и актите на јавниот радиодифузен сервис. Тој додава дека зад одлуката стои целиот Совет и не е негова лична одлука и се темели на толкувањето на Правната служба на оваа куќа.

Во дописот испратен од членот на УО Ацо Дуковски, тој потсетува дека од вкупно седум членови, само на двајца им изминува мандатот, а останатите пет се на таа позиција различен временски период, од кој последниот е избран пред неполни шест-седум месеци.

Правната дилема што ја изнесува Дуковски е дека и на претходниот оглас тие не биле избрани како група, туку поединечно.

„Не сме слушнале досега дека во некое претпријатие, биле сменети си членови на УО, кога им истекол регуларниот мандат на еден или на двајца членови“, посочува Дуковски. Тој се прашува дали сите овие контроверзни настани, не се нечиј обид, со помош на интриги и незаконски постапки да се предизвикаат одредени состојби во ова јавно претпријатие. Членот на УО смета дека и споменувањето на луѓе од врвот на политиката, кои наводно сугерирале групно разрешување е во функција на самопромоција на Чашуле.

Претседателот на Советот на МТВ, Слободан Чашуле негира дека е изведена незаконска смена на Управниот одбор.

„Законот за радиодифузија е јасен и во него е наведено дека Советот го избира Управниот одбор. Мандатите на членовите не се индивидуални и тие се колективно тело. Зарем оној што ќе дојде на местото на пратеник кој ќе биде избран на некоја функција, добива нови четири години, или толку колку што трае мандатот на целиот состав“, потенцира Чашуле. За него е логично новиот Совет на МТВ да избере нов Управен одбор, кој нему ќе му одговара за своите одлуки.

Чашуле тврди дека побарале и толкување од надлежната парламентарна комисија, но од таму им било речено дека Законот е јасен и нема потреба од автентично толкување.Токму од тие причини било побарано мислење од правната служба на МТВ.

„Советот ја донесе ваквата одлука во полн состав и зад неа стојат сите членови, но очигледно некому му штрчело моето име и затоа го споменува“, додава Чашуле. Тој им советува на постојните членови на УП да си ја пробаат среќата и да се јават на конкурсот што допрва ќе се објави.

Дека сепак, имало отворени дилеми и нејаснотии потврдува и претседателот на Управниот одбор на оваа медиумска куќа, Крсто Скубев.

„Јас не сум правник, туку продуцент и не можам да знам дали е нешто во согласност со законот. Оние што се за тоа задолжени треба да дадат правно мислење, а ние ќе го почитуваме. Одговорноста е на собраниската комисија и на Советот на МРТ, кои се наш надреден орган“, заклучува првиот човек на УО на јавниот радиодифузен сервис.


#
Статијата е прочитана 6174 пати.

Испрати коментар

Од: neopredelena
Датум: 09.08.2011 00:18:39
A sto ocekuvaat ovie luge, pa kako i sekade taka i tuka - vladeackata partija ke si stavi epten poslusni partiski vojnici.
Од: Mark
Датум: 09.08.2011 00:45:03
Slobodan Casule e olicetvorenie na najdolnoto kaj Makedonecot-PREVRTLIVOST, PODANISTVO ZA PARI, SILEN KON PODCINETITE I SVITKAN PRED SILNITE...100 kila beda..
Од: Pravnik
Датум: 09.08.2011 00:49:37
Хмм... Правно, чинам дека не држи споредбата со пратениците - Собрание си е Собрание, МТВ си е МТВ. Не може баби и жаби. Управен одбор на јавно претпријатие е јасна работа, такви ги има еден милион и таму ги избираат членовите, или преку конкурс, или преку назначување (од повисоко тело). А пратеници во Собрание се бираат на избори (има Закон за избори), јавно и непосредно од граѓаните. Така што, не може да се мешаат баби и жаби. А и друго нешто забележав - зошто им порачува “да си ја пробаат среќата“? Им бараат ли на тој конкурс некаков план, проект, програма..? Зарем тоа е некоја лотарија?
Од: ex-MRT
Датум: 09.08.2011 01:21:24
Аман бе, Чашуле, заземи страна конечно (не мислам партиска, туку како интелектуалец, што испадна дека не си), умен си, елоквентен, добар новинар, не ја дозапустувај МРТ, тука си почнал и оттука се лансира , не можам да кажам во небесни висини, ако не за друго, барем потруди се твоите деца да не се срамат од тебе, а татко ти да не се превртува во гроб.
Од: vremen
Датум: 09.08.2011 01:47:36
Ednas vnatre - nikogas nadvor. Ovoj ideal na site sto ke se doberat do nekoja funkcija vo Makedonija e pravilo. I koga ke se priblizi krajot na funkcijata ke pocne da baraat "dupki" vo zakonot. Ajde zaminete si kako dzentlameni. Toa ste go znaele uste koga ste pocnale. Bidete ednakvi so ostanatite i Konkurirajte povtorno - prosto kako grav
Од: jimmy1
Датум: 09.08.2011 04:58:50
Nasekade smrdi na VMRO-ovska partiska mandza. MRT nikogas ne bila Makedonska televizija, tuku VMRO-ovska. Se dodeka sovetite se sostavuvaat so partiski poslusnici (bez razlika za koja partija stanuva zbor) rabotite ke odat nadolu. Vo sovetite treba da ima nepartiski lica koi ke gi zastapuvaat interesite na institucijata a dodeka partiskite ke go uvelicuvaat Mr. rejting i ako nisto nema napraveno, osven sto se osvetuva so neistomislenicite.
Од: Kiril
Датум: 09.08.2011 05:25:37
Е мој Чашуле - каква особа си, зарем не се срамиш од ваквите постапки!
Од: Gospod da ne cuva
Датум: 09.08.2011 06:53:20
Vidi majkata pobarale avtenticno tolkuvanje od parlamewntarnata komisija. Pa navistina se obratile na pravoi mesto. Nasiot Parlament e poznat po sposobnostite za avtenticno tolkuvanje na zakoni. Eden vece go istolkuva i sprovede nasram na site Makedonci. A za Casule sto da se kaze. Gospod da te cuva od intelektualec so vgraden cip na amoralnost, licemerie, bolni ambicii i bez integritet i dostoinstvo. Svoevremeno tatkomu , ambasador po partiska (SKJ) go instalira za dopisnik za Tanjug od Amerika, a sega izgruva desnicar.i za nego nema lustracija. Toa mu e kodot na Casule. Vprocem prasajte koj bese eden od glavnite svedoci protiv Cento na negovoto sudenje. Toa prilepcani dobro go znaat.
Од: zocee
Датум: 09.08.2011 07:13:44
Casule go unisti forum, sega MTV i taka po red....
Од: Bitolcanec
Датум: 09.08.2011 07:23:30
Komplimenti za MISLATA na Mark. Kako ti tekna za klasifikacijata nemam zborovi na tvojata dosetlivost. Toj ja sredi Nova Makedonija koga bese V.D. pred da se privativizira pa sega ke ja sredi MRT. Pozdrav za Mark. alal da ti e.
Од: НЕ-гледач на МТВ
Датум: 09.08.2011 08:03:34
А кого го заболе кој ги врши смените и кој ќе биде избран, кога и така само плаќаме а не ве гледаме. Едно можам да претпоставам дека еден од „поголемите ЕКСПЕРТИ и неутрални патриоти“ пали и гаси, и доста успешно му ги чисти чевлите на Груевски.
Од: Dragan
Датум: 09.08.2011 08:11:18
Slobodan Casule-PREMETAROT i se e mozno, toj za pari se prodava na sekoja partija, GUBRE nevideno
Од: Prilepcanec
Датум: 09.08.2011 08:16:32
Znaci,tolku se "lugjeto na oremierot"-a Slobodan Casule e sekade kade sto treba da se stavi tocka "za da ne mrdaat natamu"onie koi ne se po zelba na vlasta.Odlicen e ovoj Casule-odi po mirisot na parite.Kolku dobiva za da gi razresi tuku-taka clenovite na ova telo?Toj ili nekoj drug mu go istolkuval zakonot?izgleda nwkoj drug,zasto toj nema zavrseno praven fakultet,a bogami se mi se cini deka ni nekoj drug fakultet,no ete-talentiran e za se kade sto moze da se dobie nesto,posebno pari.toa go interesira-pliva vo site partiski nasoki,im sluzi na site,se javuva nasekade zada go prosvetli narodot...
Од: Gavaz i mizantrop
Датум: 09.08.2011 08:18:28
Celosno se soglasuvam so Mark i so ex-MTV!
Од: Pero
Датум: 09.08.2011 08:46:46
Verojatno stanuva zbor za interesi na grupa lugje od VMRO koi po izborite stanaa posilni pa stavaat svoi lugje tamu, na mestoto na starite, chija grupa za podrska verojatno izgubila vlijanie. Um za drugite koi odrabotuvaat necija agenda, se ima rok na traenje, a eden den kje se odgovara za storenoto. Inaku, glupavo e da se rece deka sega VMRO stava raka vrz MRT, toa se sluci uste po prvite izbori na koi dobija vlast.
Од: flying-monaco
Датум: 09.08.2011 08:53:38
Pa i treba od koren da se smenat ako sakame da imame NACIONALNA TV. A onie koi go izmenaja MK dijalekt pod hitno da gi snema.
Од: mark
Датум: 09.08.2011 09:27:04
casule kako bivs vo vremeto na SFRJ direktor na TAJNUG znae kako se secat glavi i eve sega poftorno vo imeto na zakonot sece.A sakam da prasam dali vo bivsata ni drzava mozese covek da bide direktor vo TAVNUG ako nebese okoreli po 3 kolena komunist i uspesen sorabotnik so sistemot cekam odgovor od Patriot Djimi i slicni na niv.
Од: free
Датум: 09.08.2011 09:45:58
do koga ovoj komunisticki mastodont Slobodan Casule ke igra uloga vo makedonskiot eter. Ova e sramno za VMRO DPMNE koja so pravo pocnaa da ja narekuvaat VMRO Komunisticka
Од: jane.s
Датум: 09.08.2011 10:14:12
e casule,casule do kade,kade ke ti odi dusata samo gospod znae
Од: do Mark
Датум: 09.08.2011 10:53:20
Ti Mark i takvite kako tebe na eden Casule mozes samo kondurite da mu gi cistis. Takov intelektualec e redok vo Makedonija. Zatoa tvoite go izbrkaa na vremeto od MRTV, po 1968. Makedonskoto radio koga toj bese direktor bese najdobroto glasilo vo Makedonija, a Trajkovski i Ilievski, koi stanaa SDSM diplomati ja unistija MRTV kako slugi na SDSM. Nemoj molim te za prevrtlivosta i losotijata na Casule. Bre bre toj go unistil Forum. Pa gazdite go prodadoa na drug, a toj belki ima pravo da postavi svoj urednik ili ne? Ha?
Од: malo crnice
Датум: 09.08.2011 11:25:41
Kogo go zabole za MTV-be, i taka nikoj ne ja ni memorira na daljinskiot. Mark majstore, bravo za komentarite.... "sto kila beda" - LIKE! :)
Од: jordannevski
Датум: 09.08.2011 11:26:57
sto ocekuvate od casule sto samo VMRO mu e svetinja a site drugi dodavki mu se vednas pretpoznatlivi {i prifatlivi}, na eden zingo od kratovo koj sto so sekoja vlast gleda svoj interes,ili eden bajram am.koj bi go stavil za maskota na fakultetot za politicki nauki.sto da bidam jas? MAKEDONEC{sto sum]ili FYROM ?
Од: dragan
Датум: 09.08.2011 12:14:15
slobodane do koga ce si ja prodavas dusata dosta vece so tvojte intrigi
Од: Студент
Датум: 09.08.2011 12:21:37
ставрно Ивона талевска ја токмат или се токми за директор на МТВ?
Од: Vrabotena vo MRT
Датум: 09.08.2011 13:15:48
Bi bilo red ednas da mu se pobara na Casule DIPLOMA ZA ZAVRSENO VISOKO OBRAZOVANIE!
Од: Bogomil
Датум: 09.08.2011 13:46:49
Метличка новинарска, тоа беше и тоа остана Чашуле. Превртливец, класичен верглатор, дробач на салата од зборови, демек голем мудрец, а тој грејниот, ординарна новинарска проститутка. Гума за бришење и човечки души во рацете на помоќнит, на оние што очекува да потфрлат нешто за да ја задоволи сопствената приказна алчност. Сетете се само за времето кога стана директор на НИП ;,Нова Македонија,,- на сета сиромаштија на куќата во која вработените новинари графичари сонуваа за плата, тој куи теписони по стотина евра за квадрат од фирма, се разбира, на негов другар и сопартиец. Па му дадоа излезна виза без важност за враќање во директорската фотеклја. Што друго очекувате од таква вејка на ветерот, што би рекол неговиот почитуван татко, Коле Чашуле.
Од: Du
Датум: 09.08.2011 15:31:26
Неспорни се коментатрите за чашулето но уштепонеспорен е фактот дека Ставров Дуковски и останатите членови на Управниот одбор треба повторно да конкурираат( законот е јасен) како и да дадат очет за досегашната работа (TARBS, за мизичките студија издадени за џабе и сл.)
Од: Skopje
Датум: 09.08.2011 16:45:46
Mark da se proglasi za pretsedatel na drustvoto na pisatelite na Makedonija. Uraaaaaaaaaaaaaa
Од: exexMTV
Датум: 09.08.2011 18:07:21
Pretsedatel na upravniot odbor Krsto Skubev!!! Gospode, Gospode!!! Sto kvalifikacii ima toj za toa mesto bre narode??? Toj e clen na horot na Operata, nikogas nisto ne napravil za nekoj medium. Znaci kaj nas sekoj moze se da raboti, zavisi samo kade ke go dade g.zot. lele, lele, zalna Makedonija...
Од: bezanec
Датум: 09.08.2011 18:31:42
Ништо не треба да ве чуди од чашуле,тој е задоен од латиноамериканскиот синдром и затоа така и се однесува ,си скока како врапче(како што милуваше да каже еден бивш пратеник на ДПМНЕ-атанасовски) од гранка на гранка. Скокајки така од гранка на гранка мисли дека Македонија се движи,напред кон Европа,но всушност тој скока од гранка на гранка а Македонија заглибува се по длабоко во живиот песок,од умот и разумот на Чашули и ВМРО-ДПМНЕ,бидејки имаат кодирани чипови за живеење во феудализмот,толку мозочната кора му примила информации.
Од: penzioner
Датум: 09.08.2011 21:42:59
Abre CASULE te znam pusko koga bese pistol. Koga ke dojdese od Juzna amerika vo RTS odese kako PAUN i znam togas sto studirase, Ajde bi te zamolil da ja pokazez diplomata' koj fakultet go zavrsi i mozebi imas i doktorat od J.A i ti dojde ja resavas sudbinata na vrabotenite.

Најди! во Утрински
Политика
Светот во паника, ние мирно ја следиме драмата
Амнестијата ги подели прилепските бранители
Скопје е поголема пречка за името од Атина

"""