Бугарија бара целосна истрага за трагедијата во Охрид
Бугарија ja откажа прославата на Денот на обединувањето за да им оддаде почит на жртвите
Денешниот ден ќе биде прогласен за ден жалост во Бугарија. Тоа го соопшти бугарскиот премиер Бојко Борисов на специјална прес-конференција во саботата ноќта. Денеска и во бугарската амбасада во Скопје ќе биде отворена Книга на жалост. Бугарија ги откажа сите свечености по повод прославата на Денот на обединувањето, 6 септември. Борисов соопшти дека се идентификувани 11 тела од вкупно 15 загинати. Тој изрази убеденост дека македонските власти ќе сторат се' што е потребно да ги казнат оние што се виновни за несреќата.
„Виновниците сигурно ќе бидат пронајдени. Знам дека има уапсени, знам дека министри поднесоа оставки во Македонија. Но, повторно, и по овој случај се засрамени, како и за Спаска“, рече Борисов.
Бугарската агенција БТА јави дека во саботата ноќта со авионот на бугарската влада „Ту-154“ биле пренесени од Охрид во Софија 38 преживеани бугарски туристи од вкупно 40. Оттаму тие ќе бидат вратени во нивните места Пирдоп, Златица, Челопек, Антон и Мирково. Во Охрид биле оставени само туристичкиот водач и возачот на автобусот, со кој туристите пристигнале во македонскиот град. На аеродромот преживеаните ги пречекал премиерот Бојко Борисов.
По наредба на бугарскиот министер за транспорт, Александар Цветков, тричлена екипа отпатува на местото на инцидентот во Охрид, за да се вклучи во истражувањето на фактите и на околностите, кои доведоа до трагичниот инцидент со потонувањето на бродот „Илинден“, соопшти прес-службата на бугарското министерство за транспорт.
Бугарските експерти се од дирекцијата за истрага на несреќи при министерството, а ги предводи Атанас Костов, јави бугарската новинска агенција БТА. Тие ќе учествуваат во сите нивоа на истрагата се' до разјаснувањето на случајот.
Нема податоци дека фирмата „Фара тур“, која ја организирала екскурзијата во Охрид, е соодветно регистрирана, изјавил бугарскиот министер за внатрешни работи, Цветан Цветанов.
Како што јави новинската агенција БТА, тоа важи и за фирмата „Клјунчев“ ЛТД, која го организирала превозот на Бугарите до Македонија. Таа немала лиценца за организирање тури во странство, туку била регистрирана како транспортна фирма во Димитровград.
Претседателот Георги Прванов присуствуваше на погребна молитва во катедралниот храм „Света Богородица“, отслужена во сеќавање на паднатите во борбата за обединувањето на Бугарија и на бугарските граѓани, кои загинаа во вчерашната несреќа во Охридското Езеро, јави бугарската новинска агенција БТА. Прванов изразил задоволство што на местото на трагедијата брзо дошла речиси половина Влада на Македонија.
Прванов потврдил дека има договор со македонските власти за паралелна истрага за причините ��а инцидентот и од бугарска страна. Од денеска Македонија е подготвена да прими и бугарски експерти, затоа што, според зборовите на претседателот, во првите денови ќе се работи под вода за вадење на бродот, јави БТА.
Според Прванов, ќе се бараат одговори на прашања зошто е дозволена употреба на стари бродови и преоптовареност. Прванов сметал дека тие прашања се дел од околностите што довеле до трагичниот инцидент.
Бугарскиот весник „Стандард“ и агенцијата „Новините“ пренесуваа изјави на преживеани. Еден сведочи како сите патници паднале во водата. „Само неколку знаеја да пливаат. Тие што не пливаа се фаќаа за делови од штици или од бродот. Многумина врискаа од ужас“, вели преживеаниот.
Во сторијата на агенцијата „Новините“ преживеан патник вели дека на бродот немало заштитни елеци. Тој не знаел да плива, но се спасил држејќи се за некое дрво додека жена му и три други жени се држеле за една гума за пливање. Тие допливале до него и се фатил за гумата. Патникот цело време држел и друга жена која не знаела да плива и би се удавила.
Бугарската агенција „Фокус“ јави дека потонатиот брод најверојатно ќе остане под вода уште неколку дена додека биде детаљно истражен. Агенцијата ја пренесе вчера и изјавата на градоначалникот на Охрид, Александар Петревски, дека „цел Охрид жали за трагедијата“.
Бугарската национална телевизија јави дека осум од 15 жртви се од селото Антон. Една од жртвите заминала во Охрид да го слави 63. роденден. Сопругот жали што ја пуштил на тоа патување. Весникот „Дневник“ објави дека семејствата на жртвите ќе добијат по десет илјади лева обесштетување од државата. „Дневник“ јави и за оставката на министерот за транспорт и врски на Македонија, Миле Јанакиески. Сите бугарски медиуми вчера ги објавија имињата на загинатите во потонатиот брод.
Медиумите од светот, сите до еден, известуваа за трагедијата, почнувајќи од Еуроњуз кои први ја дадоа веста, па се' до Си-Ен-Ен, Би-Би-Си, „Вол стрит џорнал“...
Писма со сочувство до бугарските власти пристигнаа од сите соседни земји, Македонија, Србија, Хрватска, а со специјална изјава за жалење за трагичниот настан се огласи и високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана. Грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, со писмо до македонскиот колега, Антонио Милошоски, и до бугарскиот колега изрази жалење за случајот.
И на крај еден куриозитет. „Трагедијата на Охридското Езеро, во која загинаа 15 бугарски државјани, е божја казна“, изјави митрополитот пловдивски на Бугарската православна црква, Николај. Тој во храмот „Света Богородица“ рече дека на 29 август повеќе пати повикувал да биде откажан концертот на пејачката Мадона. Митрополитот Николај вели дека на тој ден била отсечена главата на Јован Крстител и одржувањето концерти и други големи настани не било во духот на христијанската традиција. (С.К.)
Borisov traska gluposti, sporeduvajci ja ovaa tragedija so cenetata im "sogradjanka" Spaska Radkova- B'lgarova. Nikolaj e vo pravo za Bozja kazna, samo da ne se nalutil Sv. Naum sto toj i negoviot Ohrid se pobugarceni? Segata na strana, ama sto covek da pomisli i kako da se bide pameten, koga so nivni gluposti plukaat na se Makedonsko i go "pretvoruvaat" vo B'lgarsko?
Од: Ајван Доктор®
Датум: 07.09.2009 08:37:30
И покрај тоа што Јавашлукот и Хаосот во сообраќајот во Македонија се на завидно ниво, не може, а да не се забележи огромната АнтиМакедонска Кампања во Б`лгарија! Од таму се потенцира дека секој Македонизам е Антибугарска пропаганда, но слично ни се случува и кога нашата „најпатриотска“ портокалово-црвено-црна-бугарски-ориентирана „елита“ го квалификува секое противење како Србоманство, Југоносталгија, Комунизам, Антибугаризам... Преку статии, во кои се наведува Б`лгарското потекло на Охриѓаните, Братството, но и Единството (единен народ) Бугарскиот печат се обидува да ги освои поените кај обикновените благонадежни Б`лгари, кои ете, цел живот биле спречувани да се истакнат како такви (иако цел живот се удираа во гради дека се „Македонски патриоти“)! Не е чудо што овие „герои“ секогаш се претставуваат себе си како „големи патриоти“? Имавме прилика да ги гледаме „Нашите“ највисоки бладетели, кои, како попчиња, се движат поред нивните странско-домашни наредбодавци!
Од: Mene do Vas
Датум: 07.09.2009 08:49:27
Nestrucnosta, Lakomosta i kvaziPoliticari doveduvaat do katastrofa. Posle niv Milioni strucnjaci so godini treba da saniraat - nepriznaeni i neprifateni. Neznaenje Napred!
Од: sandra
Датум: 07.09.2009 08:58:34
Do Ace od Avstralija
Brat, ako ti tolku mnogu se zgrizi za Makedonija sto majka barase da izbegas od ovde? Ovaa tragedija ne e bozja kazna, tuku SRAM za Makedonija. Odgovornost??? Sto bese toa? Bitno ministerot Janakievski "podnese" usmena ostavka po telefon. Bidi DPMNE i se ti e dozvoleno. Moze da tepas kogo sakas i bas ti e gajle... EVROPSKA UNIJA??? Da ne preselat nekade na Sibir i traga da se izgubi od vakov "glup" narod. Nie sme vinovni za nesrekata, zatoa sto izbravme VLAST da ne donese do prosjacki stap zaradi sopstven interes. Pretovaren brod. Zosto? za 100 evra zarabotka..... Kade e GRUJO so crvenite masni na lopatata da kopa grobovi na zaginatite??? Socuvstvoto do semejstvata, neka im e gospod napomos...
Од: Македонија за��ад
Датум: 07.09.2009 09:30:16
Сочуство до Бугарија за трагедијата.Господине Аце од Австралија,само покажуваш дека и понатака си останал sвер,си го однесол и во Австралија...Нема тука политика,а има и голема политика што политичарите со нивната алчност заборавија на својот народ и Бугарите и Македонците.А,во Австралија се гледа дека сепак се заминати луѓе кои биле политички обоени како и г.дин премир на БГ...Жално што не си изразил сочуство за насилно починатите..Жално Аце,а срека наша што си заминал...Срамота што државите вместо во хуман капитализам сме внесени на арамиски капитализам,што го нема никаде...во Европа.Тоа може да се види само во САД,и сите како таа држава.која сака и наштети на Европа...која е лулка на културата,додека таа како Австралија,Канада,е составена од одпадници од Европа,кои во нешто се огрешиле со законот европски,па емигрирале од свои лични причини.Сега и арамилаците се покажуваат како патриотизам за заминување,емиграција во далечните колонии на Европа.
Од: zike
Датум: 07.09.2009 10:56:03
acka za mnogu si vo pravo patriot si ama za ova nesi bugarite se ludje kako i nas i toa sto ohrid bil glaven grad na bug nekogas e fakt,sramota e toa sto kapetanijata vo oh e kako se vo mak plati i se e mozno kako sto velese vladata na mak koga se bunevme za skuteri i gliseri vrvat pokraj nasite glavi i se zivotno opasni a vladata odgovori platile danok zatoa imat pravo a bezbednosta e posledna taka i sega platile danok ludjeto za brod voen star 80god a kolku e vo ispravna sostojba malo morgen,zosto samo vo mak padna edinstvenoto avionce palerce,edinstveniot pretski avion,edinstveniot vrven helihopter koj mozel demek na slepo da se upravuva pa dojde redor i na edinstveniot turisticki brod znaci nesto nee vo red so ludjeto sto vladeat so mak uste ona turskto plati i se e mozno.
Од: Българин
Датум: 07.09.2009 11:00:43
Голяма трагедия! Съболезнования на близките на загиналите и големи БЛАГОДАРНОСТИ на хората, които са помогнали за спасяването на другите!!!
Од: G. Stojanovic, Holandija
Датум: 07.09.2009 13:56:26
Pred se da potenciram deka mnogu go sakam Ohrid i sekoja godina redovno go posetuvam so moeto semejstvo. Tokmu zatoa sum posebno potresen od ovaa tragedija. Posle prvicniot sok vo vrska so ovoj krajno neprijaten nastan, ne mozam a da ne se zaprasan: koj ke odgovara za ovaa tragedija? Kako prvo kako smee da se dozvoli ovoj istoriski brod - citaj: za vo muzej - voopsto da plovi!? Kako vtoro koj ke odgovara za napravenite katastrofalni propusti? Prevoz na patnici bes zastitni eleci - toa sekako ne smeelo da se sluci!
I kako treto: sto ke prevzeme opstinata, gradot pa i drzavata za vakvi tragedii da ne se slucuvaat vo idnina? Sekoj znae deka nesreki se slucuvaat ponekogas, no da bideme realni: ako brodot ne bil star, preoptovaren i ako site patnici do eden bile opremeni so zastitni eleci - togas najverojatno site bi ja preziveale nesrekata. A vaka...bog da gi prosti pocinatite i iskreno socuvstvo do najbliskite na semejstvata.
Од: terezija
Датум: 07.09.2009 14:38:07
Za dijalog-treba 2-ca...Za ljubov (ili kavga)povtorno 2-ca...I za tango,velat treba2-ca...A za skandal (od Megjunaroden karakter) treba po 1 BUDALA od dvete "sprotivstaveni"strani...Za zal (ili sreka,shto ne e nekoj drug -pameten) nie si imame "dezurni"Moroni od tipot na Dragan Pavlovik -Latas...Sram i rezil na Nacijata...
Од: slavco stanoev
Датум: 07.09.2009 14:56:44
golem sram za makedonija. Treba da se sprovede detalna istraga i vinovnicite da se kaznat. Sto e uste povazno treba da se pogrizime vakvi raboti povece da ne ni se slucuvaat. Zalno e za nekolku evra povese da se gubat covecki zivoti. Dase politizira ovaa tragedija e gazenje po zrtvite.
Од: Vlav
Датум: 07.09.2009 19:26:56
До кога ќе ни се случуваат катастрофи? До кога заради болвата ќе го гориме јорганот? До кога заради партиската алчност ќе поставуваме неискусни капетани на бродови, пилоти, наставници,возачи и што ли не? За да бидеш стручњак не е доволно да имаш само партиска книшка. Ваквите работи ќе не дотолчат. Треба да знаеме дека губитници ќе бидеме сите, а не само оние кои што ги загубија животите. Ќе загуби Охрид, ќе загуби Македонија, ќе загубиме сите. Наместо за спотот на Манчевски, каде се вложени 1 милион евра и без никакви ефекти, а само за лични интереси, само тој милион да го вложевме во безбедност и обука на кадар, ќе се добиеше многу повеќе и во човечки животи и во реклама, а не како сега да губиме и животи и непроценливи милиони евра. Свести се македонски народе.
Од: sanja
Датум: 08.09.2009 00:26:37
den na zalost vo bugarija?nie go ispocituvavme toj den i stvarno socustvuvavme so cela bugarija,no dali toj borisov gi oigledna tv.planet i balkanika bugarski tv.kade cel den imase samo muzika i dali za toa ke dade komentar.