Број 3080  понеделник, 07 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Црно лето на Охридското Езеро

Трагедии, инциденти и неколку давења ја обележаа годинашната туристичка сезона

Даниела Трпчевска

Трагедии, инциденти со скутери, кобна несреќа со глисери и неколкумина давеници ја обележаа овогодишната летна сезона на Охридското Езеро. Со последната трагедија во која животот го загубија 15 туристи од Бугарија, кои се удавија при потонувањето на бродот „Илинден“ кај кампот Елешец, црниот биланс од овогодишната летна сезона се искачи на 20 лица. Охриѓани велат дека не паметат вакво кобно лето досега, во кое несреќи станаа секојдневие, а стравувањето, а безбедноста на капачите и туристите од ден на ден е се поголемо.

Потонувањето на бродот „Илинден“ кој 19 години безбедно пловел по водите на Охридското Езеро е најголемата водена трагедија што се памети во земјава.

Трагедијата кај Елешец се случува само неколку недели по страшната несреќа кај каналот Студенчишта, кога со судир на два глисера загина скопјанката Ирина Романова-Муцунска. Ужасниот судир, за кој со денови се зборуваше по јавноста, се случи пред две недели, во вечерните часови, додека Ирина се доближувала до каналот Студенчишта, каде планирала да го паркира глисерот. Одеднаш во неа силно удрил глисерот кој го управувал Христијан Шапкар, а со него биле и неговата сопруга Ивана и уште две лица. Анализите покажаа дека шапкар го управувал глисерот под дејство на алкохол, а истражен судија во одреди 30-дневен притвор.

Несреќата се случи само неколку дена откако беше укината забраната за управување со скутери по водите на Охридското Езеро во време на летната сезона, особено во периодот од 11 до 18 часот кога има најголем број капачи.

Ваквите безбедносни мерки беа преземени поради бројните предупредувања на капачите и концесионерите на плажите дека не можат да куртулат од „бесните“ возачи на глисери и скутери кои се доближуваат до брегот и ја загрозуваат безбедноста на туристите. Охридската капетанија иако тврдеше дека се вршат редовни контроли, јавноста не дозна дали некој е казнет поради бесното возење на скутери или пак дали некому му е одземена дозволата поради несовесното возење.

Трагедиите во Охрид започнаа со самиот старт на сезоната, кога на плажата кај хотелот Силекс се удавија две момчиња возејќи се на педалинка. Неколку дена потоа српски каратист почина од срцев удар на плажа во Далјан, на плажата Лагадин се удави возрасен маж, а момче беше пронајдено мртво на плажата Градиште. Во црниот биланс на охридската ривиера ова лето можат да се вбројат и двете несреќи на странски параглајдеристи кои при слетување од Галичица повредија дете кај автокампот „Љубаништа“.

Дали се врши контрола на пловните објекти, дали се почитуваат правилата за издавање на дозволи, води ли сметка некој за безбедноста на патниците и кој ги проверува бродовите дали имаат противпожарни апарати и елеци за спасување во случај на несреќа, се ��амо дел од дилемите кои излегоа на површина по многубројните несреќи. Медиумите во повеќе наврати бараа одговор на овие прашања, но ниту се лоцираше одговорноста за ваквите несреќи, ниту пак беа преземени соодветни мерки за тие да се избегнат во иднина.

И покрај многубројните укажувања дека владее хаос во охридската марина, која е пребукирана од пловни објекти. Во сезона, во каналот е Студенчишта е вистинска врволица, ако се има предвид дека во Охрид има регистрирани од 2.500 до 3.000 чамци. Само од почетокот на годинава има 141 новорегистриран чамец, а најмалку 250 нови глисери биле увезени годинава од странство.

Речиси единствената мерка која што беше преземена за да се скротат бесните скутерџии, беше забраната за нивно возење во периодот од 11 до 18 часот во екот на сезоната, кога езерото беше преполно со капачи. Но, и оваа мерка се покажа како недоволна, оти само неколку недели по нејзиното укинување се случи страотната глисерска несреќа кај плажата Куба Либре.

Одговорност за многубројните несреќи во Охридското Езеро ова лето, до сега не понесе никој. Одговорноста за тоа што се случува во езерото е во директни раце на охридската капетанија, која ги издава дозволите и треба да врши контрола над пловните објекти, како и на езерската полиција, која е надлежна да патролира по езерото и да реагира во случај на инциденти и неодговорно однесување.

Како морален чин, оставка за трагедијата во Охрид понесе само министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по последната голема трагедија која однесе 15 животи на бугарски туристи во земјава. Јавноста очекува премиерот Никола Груевски да ја прифати оставката на министерот Јанакиески.

Проблемите со пребукираната марина, хаосот во езерските води, непочитувањето на правилата, дивеењето на несовесните скутерџии се проблеми кои со години наназад се провлекуваат на најпознатото македонско летувалиште. Ниту локалната самоуправа, ниту надлежните институции не изнајдоа соодветно решение за нив.

 


#
Статијата е прочитана 3489 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 07.09.2009 00:51:33
Sovrseno mirno ezero, bez branovi, bez veter. Temperatura na vodata 23 stepeni. 200m od bregot. 6m dlabocina. Pomos pristignuva po 10 minuti. 30% od patnicite udaveni?!?!?
Од: Stole
Датум: 07.09.2009 01:20:23
Надлежни институции (кои потфрлија) за внатрешна пловидба според Законот од 2007 година се Министерството за транспорт и к��петанијата. Локалната самоуправа нема никакви ингеренции. Затоа овие две институции треба да сносат одговорност но не само морална.
Од: Luss Obro
Датум: 07.09.2009 06:59:20
Treba li da se zapali Gradski Avtobus vo Skopje, da izgorat 100 patnici,pa da im tekne na nadleznite deka so tie avtobusi ne smee pesok, a ne patnici da se prevezuvaat? Treba li nekoja pijana budala da izgazi 20 ucenici koi preminuvaat na pesachki, pa na policijata da i tekne deka treba da pocne da kaznuva za nepropustanje peshaci na peshacki premin? Do koga kapachi vo Oh ke ginat od gliseri i skuteri?Treba li kopiljacive 15godisni sto luduvaat so skuteri i motori po Skopje i Kavadarci da zacrnat sto familii, pa na policijava da i tekne deka motor ne smee da se vozi bez vozacka dozvola, i da pocne da odzema motori? I do koga ke se "prevzemaat" merki i ke se nosat zaklucoci samo otkako ke se napravi beljata? Moze li nekoj ednostavno toa da go spreci so primena na zakoni? Zosto cela drzava se pravi na nedovetna, pa si odi po ona staroto "sekoe cudo za tri dena". Mile brate, ostavka moralana ne se podnesuva, pa sega Grujo nema da ja prifati, za vakva rabota se podnesuva NEOTPOVIKLIVA!
Од: Mitrte
Датум: 07.09.2009 07:16:45
Проблемите со пребукираната марина, хаосот во езерските води, непочитувањето на правилата, дивеењето на несовесните скутерџии се проблеми кои gi ima onamu kade sto ne postoi praven sistem odnosno kade sto nema drzava...Ne dzabe ne ne priznavaat sosedite , znaat so kogo si imaat rabota... Sramota za ovaa i za site prethodni vladi-ne napravija pravna drzava!!!
Од: pece,prilep
Датум: 07.09.2009 08:07:59
пред 11 години летувавме со семејството во МАКЦВЕТ во Охрид,а на плажа одевме кај Гранит.Додека седевме на плажата слушнавме некакво пукање.Отидовме до патот и видовме дека штипскакола управувана од младо момче заедно со негов другар удрила позади во мотор од некој си охридски мангуп наречен МАЈОРОТ,кој не беше повреден,единствено гумата задна од моторот беше пукната.Веднаш дојде полиција и видете што се случи: ПРЕД ОЧИТЕ на полицијата, тој голем мангуп ги претепа децата и им ја демолира колата,полицајците како телиња гледаа во тоа што тој хулиган што го правеше.Охрид не е само од вчера заробен од подземјето и мафијашкото подземје,од „ НЕМОЌТА НА ВЛАСТА ДА ПРЕВЗЕМЕ НЕШТО ПРОТИВ НЕДОПИРЛИВИТЕ „. Па и не може секој да биде во Капетанијата,да беснее по охридските меани и да лудува низ езерските води.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 07.09.2009 08:12:11
Хаос! Вака може со еден збор да се опишат состојбите, не само во сообраќајот, туку и во државава! Со години сè издаваат сообраќајни дозволи „на јуриш“ за автомобили, теретни возила, но и за Хитот на новокомпонираните „господа“, кои од лани, масовно почнаа да се ја докажуваат (со „глисери“ стари со децении) својата „големина“! Хаосот е Очекуван. Вината е секако кај најодговорните за издавање дозволи (дури и тие се издаваат со партиска книшка!?) - (не)одговорните Министерства! Уште колку ли жртви ни се потребни, за да некому му текне дека Хаосот е Неодржлив?
Од: sime
Датум: 07.09.2009 08:48:25
So eden zbor drzavata slabo ni funkcionira.Napraveni se tolku propusti sto statisticki trebase da se predvidi dewka vakvo nesto ke se sluci.Instituciite pocnuvajki odgore nadsolu ne funkcioniraat.Sega e irelevantnoda se vadime na kapetanot(23)koj patem za egzistencija go pravel toa sto go pravel.
Од: cile
Датум: 07.09.2009 11:01:46
sram ne viden vaka li vo evropa a turizmot vo ohrid samite ohridjani i kapetanija ce go zakopat nisto ne prezemat za haosot vo vodite jas ova i go ocekuvav pa koj budala ce doadja vece vo ohrid?vo vodite haos na kopno divi kucinja po grad ve napadjat prazni shahti po trotoari vozat mopedi,tockovi pa duri i koli,ce najdete mesto na plaza ce dojde nekoj so camec i ce ve rastera da go parkira camwecot ili ce ve rastera dzip za da spusti skuter ako nese trgnete vozi vo vas åa koj budala vo oh ne odam grcija ionaka viziti gi uninuvat.
Од: iki
Датум: 07.09.2009 11:44:10
Koga se sluci tragedijata so gliserot vo eden moj komentar bas vo vasiot dneven vesnik napisav i preduprediv vaka odese moeto pedupreduvanje: Датум: 25.08.2009 11:57:41 Ako se sekavate porano vo edno drugo vreme koe e kritikuvano od ovie sega golemite patrioti na celo so Gruica na Ohridskoto ezeto imase zabrana da se dvizat kajcinja na takanarecenite penti a se so cel da se zastitat vodite ,seka vo ova novo vreme nemozes oko da zatvois od pregolemiot broj na brodovi koj se preuredeni taka sto i na pokrivot se montirani sedista a znaeme istite se izgradeni za poinakva plovidba so ogranicen broj na patnici se prasuvam da nedade gospod nekoj od niv da se PREVRTI koj e toj sto im izdal dozvola na takvite brodovi da vozat duplo poveke patnici. I sega krivo mi e ona sto go kazav togas i se sluci i badijala e sega nekoj da odgovara ili da si podnesuva ostavki STRAMOTA,a od porano gi znaeme site brodovi kako izgledaa primer Galeb i drugiot na nego slicen patnicite sedea vnatre na sedistata
Од: albanec
Датум: 07.09.2009 11:46:41
Korupcija,korupcija i uste ednas korupcija,Pa drugari jas licno znam slucaj vo kicevo kade eden mak kolata mu e na trupcinja a ima teknicki pregled.A ova ne e seto sto mak ja odalecuva od modernata Evropa.Dodeka Germ im dava premii na tie sto imat postari koli od 10 god kaj nas zemat korupcija da se registrirat i koli od 25 god.Makedonijo se site tvoi ziteli stani i probudise ednas da se spasi taa mala Drzava od katastrofi.
Од: zosto se cudime
Датум: 07.09.2009 12:37:02
zar ne gledate kolku ima improvizacii vo celiot nas soobrakaj- dali ni se bezbedni avtobusite stari po 30-40god. sto prevezuvaat i deca na ekskurzii, dali e bezbeden aviosoobrakajot- zagina pretsedatel, helikopter se urna so 11 zaginati, letovo pak vo Ohrid prav pokolj- staro voeno korito koe nikogas ne bilo predvideno za turisticki turi i plus od alcnost pretovareno- i koj e kriv? Normalno nikogas nikoj!! Se dodeka se odnesuvame spored principot - poveli samo ti kaci se i plati, a za bezbednosta - toa e tvoj problem, ke nema nikakvi promeni...
Од: niko
Датум: 07.09.2009 16:40:01
Site komentari se nepotrebni...se stramam od sopstveniot identitet..dali ima vo ovaa drzava zakoni, pravila, proceduri...krajno nemoralno, neodgovorno i necoveck, kako od sopstvenicite na brodot,kapetanijata vo Ohrid nadleznite institucii vo RM ministerstva ,premieri itn...site zbesnale od nemoral,po sekoja cena da se dojdi do necesni materijalni sredstva.....kade ke im odat DUSITE...so gola raka sakaat da fatat zmija...
Од: mkd 80
Датум: 07.09.2009 18:35:51
A lokalnite ohridski vlasti si sedat vo pozadina i mudro si kutat i nikoj ne gi cepka.I gradonacalnikot na Ohrid treba da si dade ostavka, vo Ohrid vladee haos sekoe leto i nikoj ne uspea da go sredi.

Најди! во Утрински
На прво место
Кобна тура од Охрид кон Свети Наум
„Го преживеавме Титаник, и' побегнавме на смртта“
Последното патување на бродот стар 85 години
Бугарија бара целосна истрага за трагедијата во Охрид