Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Втора страница

„Скендер-бег“ - единствен адут на ДУИ

Дали плоштадот во Чаир ќе биде доволен за ДУИ да ги покрие сите неуспеси во власта

Светлана Унковска



Плоштадот „Скендер-бег“ и рамковните вработувања, се чини, се единствените адути што ги има ДУИ моментално во ракавот. Откако се виде дека ДУИ тешко може да издејствува напредок за своите стратегиски определби - зачленувањето на земјава во ЕУ и во НАТО, на интегративците не им преостана ништо друго освен да почнат да се однесуваат како своите коалициски партнери - да градат плоштади и да вработуваат свои кадри во администрацијата.

На отворената владина седница што се одржа викендов вицепремиерот Абдулаким Адеми повторно изброи колку луѓе досега вработиле и уште колку ќе вработат. За плоштадот „Скендер-бег“, пак, изненади тоа што за него не се „истакна“ ниту еден од министрите на ДУИ, туку на таа тема говореше вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, кој потврди дека во буџетот за наредната година се предвидени пари за негова изградба. Иако пред само еден месец министрите на ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека ништо не знаат за овој проект на Општина Чаир, сега се покажа дека Владата не само што го одобрила туку и дека за него ќе оддели околу половина милион евра од буџетот за в година. Но, тие средства не се и конечни, бидејќи проектот се' уште е отворен и граѓаните можат да поднесуваат предлози.

Но, дали овој, како што го нарече вчера премиерот Никола Груевски, „мал сегмент на големите инвестиции“ ќе биде доволно ефективен да се сврти вниманието на јавноста од неуспешното партнерство на ДУИ во власта, но и од кодошките досиеја. Ќе ��иде ли плоштадот „Скендер-бег“ доволен за да се покријат очекуваните негативни оцени во извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава? На интегративците, се чини, се' повеќе ќе им требаат проекти од типот „Скендер-бег“, особено по се' посилниот притисок од опозициските партии на Албанците. По договорот што го постигнаа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за Законот за попис, Нова демократија најавува протести во ноември. ДПА, пак, иако го бојкотира Собранието, се' повеќе му дише во врат на својот политички противник, особено со процесот на лустрација.

Многумина македонски и албански интелектуалци сметаат дека плоштадот „Скендер-бег“, дефинитивно, ќе го подели Скопје по етничка линија. Тие оценуваат дека плоштадот треба да биде компензација не само на „Скопје 2014“ туку и за позицијата што ја има ДУИ во власта поради неисполнувањето на амбициозните најави при нивното влегување во коалицијата.


#
Статијата е прочитана 1325 пати.

Испрати коментар

Од: petre
Датум: 26.10.2010 13:10:29
Vo sto e neuspesna DUI vo koalicijava. Sto e toa sto DUI na Albancite ne im go ispolnuva. Bre bre kolku bile uverlivi kritikite i zakanite za mamsovni mitinzi na Selmani i negovata partija.
Од: asa
Датум: 26.10.2010 21:43:09
Petre, aj prvo nauci da si pisujes, pa posle komentiraj...
Од: ?!
Датум: 26.10.2010 23:17:59
"Плоштадот „Скендер-бег“ и рамковните вработувања, се чини, се единствените адути што ги има ДУИ моментално во ракавот" .А што тоа друго требало да стори ДУИ?!Тоа е нормално да го прават останатите партии од Албанскиот блок.Но ако ова го пишуваат македонски новинари или пак е екстрат од анализи на партии или сеедно персони од македонскиот блок,тогаш навистина смрди нешто.Едните да бараат другите да даваат,веќе се навикнавме.Ама и ова од чудо,спротивставените страни да си се подпогаат,е навистина интересно.Мислам време е да се престане да се игра пинг понг.Преголем цинизам,и подсмев се прави кон,оние кои решиле да соработуваат на долги патеки,а некој се некако се навикнал само на куси.Изгледа време е да се види кој не е за маратон.Без маратон нема ни соопштување на добри вести,па макар биле и од Брисел?!

Најди! во Утрински
Втора страница
Министри во поход
Вербатим
Иванов во Естонија бара поддршка за ЕУ
Премиерот ги почитувал медиумите






Albana is refused EU candidate status
Macedonia considers €400m IMF crisis loan
Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia