Елизабет Тејлор
Невеста по деветти пат
Филмската легенда, Елизабет Тејлор (79), ќе се омажи по деветти пат за Џејсон Винтерс (49), актуелен менаџер на Џенет Џексон.
Извори блиски до двојката велат дека тие се неразделни и оти долго време се забавуваат. Всушност, Лиз е во количка, ама тоа „не и' ги намалува женските квалитети“, велат неименуваните извори, кои ја надополнуваат веста со тоа дека засега мажачката ќе остане во тајност.
Да потсетиме - Лиз се мажеше осум пати, од кои двапати за Ричард Бартон. Последниот брак со Лари Фортенски е завршен во 1996 година, по шест години траење. Доволно долга пауза за на Лиз повторно да и' се размрдаат пеперутките во стомакот. |