Најаден а слаб - сон на секој гурман
Проблемот е речиси алхемичарски. Алхемичарите се обидуваат од секој метал да направат благороден, додека нутриционистите се обидуваат да го направат тоа со човечкото тело, т.е. да ја откријат формулата како може да се јаде, а притоа, да се биде слаб. Модерните нутриционисти денес не' уверуваат дека килограмите не се губат со диета, туку со промена на начинот на размислување за храната. Треба да се размислува на начинот што го применуваат природно слабите лица: да се јаде од задоволство. Тоа е здраво - разумска филозофија, на која се спроивствавуваат убедените обожаватели на храната и на диетите: тие се убедени дека само избраните среќници можат да јадат се' што сакаат, без грижа за вишокот килограми. Колку повеќе размислувате за тоа што треба да јадете, а што не, толку повеќе размислувате за храната. А колку повеќе јадете, поголема е веројатноста дека ќе посегнете по храна во моменти на лутина и осаменост, зашто тоа е мисла што ја преокупира вашата свест и потсвест. Се' на се', диетата е одлична ако сакате да нафрлите некој килограм. Ако навистина сакате да се спастрите, новата формула за исхрана е - демократска исхрана. Тоа значи дека можете да јадете се' што ќе посакате, но само кога сте гладни. Пораката е изненадувачки едноставна - секој може да ослабе ако научи да јаде онака како што го прават тоа природно слабите лица.
Интересно
Повеќето луѓе што имаат проблеми со храната се убедени дека решението треба да се бара надвор од нив. Нивната филозофија гласи: Ако е измислена совршена диета, се' ќе биде в ред. Ако имате проблеми со килограмите, вие сте опседнати со храната.
•Себеси си поставувате нереални цели по прашањето за губење на тежината е сигурен начин дека ќе ја изгубите битката со вишокот килограми. Секој има цел што сака да го постигне со диетата, но важно е да сфатите дека она што себеси сте си го зацртале, можеби не одговара на вашите години и на начинот на животот што го водите.
•Не си дозволувате себеси да почувствувате глад, се плашите зашто храната игра важна улога во вашиот живот. Имате фикс-идеја дека морате да јадете трипати дневно, иако некогаш грицкате и меѓу оброците.
•Вие мислите дека ја сакате храната, но, всушност, ја ставате во уста, а не сте свесни за нејзиниот вкус. Грицкате додека се возите со автомобил, додека гледате телевизија, додека минувате низ кујна, ручекот го јадете за неколку минути, а не знаете ни што сте изеле.
•Како повеќето од нас сте научиле дека правилата за убаво однесување на маса наложуваат да се изеде се' од чинијата. Програмирани сте да изедете се' што ќе ви се даде, дури и кога сте сити.
•И вие имате граници. Животот ви е исполнет со „не“ опции - не шеќер, не маснотии, не грицки. Кога ќе ве прашаат „Како сте?”, вашиот одговор зависи од успехот на вашата диета. Одрекувате дека јадете многу и свесно и потсвесно. Внесувањето калории понекогаш потценете го и до 50 отсто.
•Никогаш не размислувате за калориите и јадете колку што ќе посакате, не дозволувајќи другите да ви се мешаат во начинот на исхрана. Да се јаде на сопствено задоволство, на почетокот ви изгледало застрашувачки, но со текот на времето сте научиле да го игнорирате повеќето од она што го слушате или го читате за диетите.
•Ослободете се од манирите на држење диета и јадете од зад��волство. Запаметете - докажано е дека диетите го успоруваат метаболизмот, што го успорува губењето на тежината.
Јогуртот ја намалува телесната тежина
Многуте студии покажаа и докажаа дека исхраната, која не е збогатена со калциум, доведува до брзо здебелување, со што мрсните наслаги стануваат поголеми и помасни. Затоа, со додаток на јогурт во исхраната се убрзува губењето телесна тежина и намалувањето на стомакот.
Лицата што пијат јогурт губат 81% повеќе масти од стомакот отколку лицата што не го консумираат.
Професорот Мајкл Земел, нутриционист од Универзитетот во државата Тенеси, вели дека ваквата диета е двапати поефикасна за одржување на мускулната маса, бидејќи кога луѓето држат диета, сакаат да го изгубат масното, а не мускулното ткиво.
Чаша немасен јогурт од 180 грама ви дава доволно белковини, многу витамин Б-2, калциум, цинк и останати хранливи состојки, кои многу тешко можат да се најдат во друг вид храна на едно место. Јогуртот има само 140 калории и е многу значаен во одржувањето на цревната флора.
Слабеење со сладолед
Сладоледот, како додаток на здравата и разновидна исхрана, помага при ослабувањето. Тајната е во калциумот, бидејќи диетите сиромашни со минерали го оневозможуваат согорувањето на калориите. Кога организмот не добива доволно калциум, мастите во нивните клетки се' повеќе се таложат. Колку повеќе има масни клетки во телото толку поголеми се предиспозициите за зголемување на телесната тежина.
Со јадењето сладолед се внесуваат многу минерали во организмот, и пр тоа не се зголемува калориската вредност на оваа диета. Сладоледот има многу калциум, па така нема да се наруши нутритивната рамнотежа, а метаболизмот нема да се успори, што е појава кај другите диети.
Доколку се придржувате до диетата со сладолед, организмот ќе добие оптимална количина калциум, затоа и слабеењето ќе биде брзо. Освен тоа, ќе имате и голема корист од оваа диета, голема е веројатноста да ја намалите можноста за заболување од остеопороза и да ги ублажите симптомите на ПМС.
За време на диетата, освен што секојдневно морате да изедете топка сладолед, потрудете се да ги исфрлите од исхраната слатките и мрсната храна. Подготвувајте јадења богати со зеленчук, салати и житарки. Планот на исхраната се состои од три оброци на ден во кои смеете да внесете храна во вредност од 1200 калории и меѓуоброк со енергетска вредност до 200 калории. Пред оваа, како и пред секоја диета, посоветувајте се со лекар и побарајте помош од нутриционист.
|