Број 3082  четврток, 10 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Словенците ги скршија Србите, Полска ја изненади Литванија

Домаќинот на Евробаскетот, кошаркарите на Полска, ја остварија и втората победа во групата Д, која се игра во Вроцлав. Во вторникот Полска одигра извонреден натпревар и ја совлада Литванија со 86:75. Двата полски центри, Лампе и Гортат, ја пробија одбраната на Литванија, и заедно постигнаа 37 коша, но остварија и 27 скока, од тоа Гортат 17.

Сепак, најдобар стрелец кај Полјаците беше Дејвид Логан со 19 поени, а домаќинот во последниот меч во групата против Турција ќе бараат можност да завршат на првото место.

Србија во првиот меч ја фрли Шпанија на колена, но во вториот „клинците“ на Ивковиќ потклекнаа против Словенија (80:69). Против Шпанците одлично функционираше центарската врска Крстиќ - Перовиќ, но тие против Словенија беа апсолутно незабележителни. Боштјан Нагбар ја водеше Словенија до успехот со 17 поени и 9 скока, додека Лаковиќ и Драгиќ додадоа по 16. Кај Србите само Теодосиќ со 14 поени заврши со двоцифрена бројка погодоци.

Големо изненадување во групата Б во Гдањск направија кошаркарите на Германија кои ги совладаа Русите со 76:73. Германскиот состав го предводеше Јан Хендрик Јагла со 19 поени и 11 скока.


#
Статијата е прочитана 353 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
За 10 минути Хрватите ни го урнаа сонот за два бода во втората фаза
Македонија меѓу 12. најдобри во Европа!
Израел го плати цехот за Грците
Антиќ: Критиките на интернет ни помогнаа
Без Русевски и во Словачка
Марин Чилиќ го прегази Енди Мареј
Мос
Јаќимовиќ победник на турнирот за 8 септември