Број 3082  четврток, 10 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Марин Чилиќ го прегази Енди Мареј

Марин Чилиќ по извонредна игра го совлада вториот светски рекет во три сета со 7:5, 6:2 и 6:2

Марин Чилиќ можеби имал подобри мечеви во кои неговата игра делувала поспектакуларно, но никогаш не одиграл попаметен меч. Само така можеше во три сета (7:5, 6:2, 6:2) да го совлада Енди Мареј, 2. светски тенисер, човекот со најдобар скор на тврда подлога во 2009 година - 37:3.

Двобојот со Мареј можеше да биде уште една типична приказна за Хрватот Чилиќ, приказна во која бил блиску до победата и повторно останал со празни раце во меч против врвен соперник, ако Британецот во првиот сет при 5:4 искористеше една од двете сет-топки (15:40). Меѓутоа, ас-сервисот и добро замислениот напад го спасија Чилиќ од тие грижи и го стави во погон системот кој веќе не можеше да се сопре.

Комбинацијата од лошото издание на Мареј и одличниот Чилиќ и не можеше да произведе друг епилог во овој меч. Дури кога заостануваше еден брејк во третиот сет, при водството на Чилиќ од 3:2, Мареј покажа знаци на живот, но Чилиќ се потруди да ја „убие“ таа краткотрајна промена на расположението на Шкотот. Немоќ е зборот кој најдобро го опишува расположението на Мареј. Немоќ нешто да промени со тенисот кој го играше во вторникот. При прославата на победата Чилиќ не делуваше како човек кој ја завршил мисијата. Денес во четврт-финалето го очекува нов предизвик во името на Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро, кој му е должник уште од Австралија-опен.

Во последниот меч од четвртото коло третиот носител, Шпанецот Рафаел Надал го победи 13. носител Французинот Гај Монфилс со 6:7, 6:3, 6:1 и 6:3 и се пласира во четврт-финалето каде го очекува Чилеанецот Фернандо Гонзалес кој пак, во осминафиналето го совлада Жо Филфред Цонга.

На женскиот дел од турнирот на УС-опен први две полуфиналистки се Серена Вилијамс и Ким Клајстерс. Американката во четврт-финалето ја совлада Италијанката Флавија Пенета со 6:4 и 6:3, додека Белгијката Ким Клајстерс славеше против Кинеската На Ли со 6:2 и 6:4.

Резултати: Осминафинале, тенисери: Хуан дел Потро - Карлос Фереро 6:3, 6:3, 6:3, Гонзалес - Цонга 3:6, 6:3, 7:6 6:4, Чилиќ - Мареј 7:5, 6:2, 6:2, Надал - Монфилс 6:7 (3), 6:3, 6:1, 6:3.

Тенисерки, четврт-финале: С. Вилијамс - Пенета 6:4, 6:3, Клајстерс - На Ли 6:2, 6:4.


#
Статијата е прочитана 238 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
За 10 минути Хрватите ни го урнаа сонот за два бода во втората фаза
Македонија меѓу 12. најдобри во Европа!
Израел го плати цехот за Грците
Антиќ: Критиките на интернет ни помогнаа
Словенците ги скршија Србите, Полска ја изненади Литванија
Без Русевски и во Словачка
Мос
Јаќимовиќ победник на турнирот за 8 септември