Број 3082  четврток, 10 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Мос: Роси е пресилен за Формула 1

Легендарниот британски возач го советува „докторот“ да остане на две тркала

Валентино Роси неодамна изјави дека имал контакти со Ферари, а раководството на италијанскиот тим сака осумкратниот светски првак во Мото ГП шампионатот сензационално да дебитира во Формула 1 на трката за Големата награда во Монца.

Сер Стирлниг Мос, инаку сопственик на 16 титули во Формула 1, смета дека Роси не би требало туку така да се залетува за возење на четири тркала. „Сигурен сум дека Роси би успеал во Формула 1 ако е тоа негова цел. Тој е невидено талентиран и добро ги разбира брзините. Може да биде добар во Формула 1 дури и кога ќе се пензионира, затоа што ако сте добри во една дисциплина ќе бидете добар во секоја друга. Сепак, мислам дека тоа за него би бил чекор назад. Тој е предобар за Формула 1. Револуционерен е и со себе носи голема смисла за хумор, а Ф1 е кратко и многу сериозно натпреварување и не верувам дека би се чувствувал добро“, изјави Мос.

Формула 1 очигледно се стреми кон некоја револуција со оглед дека во последно време многу познати имиња се доведуваат во врска со разни тимови. Почна со Шумахер, сега во прв план скокна Роси, а тимот на Ред Бул се обиде да го ангажира познатиот рели возач Себастијан Леб. Петкратниот светски првак на француските медиуми им призна дека добил повик од Ред Бул да седне во болидот на трката во Абу Даби закажана за 1 ноември.

„Се чувме, но ништо повеќе од тоа“, рече 35-годишниот Леб кој поедини медиуми го врзуваат и за Торо Росо. „Би сакал да потврдам, но тоа не е случај. Тешко дека би одбил која било понуда да се тркам, но не е така едностано да се разбудиш рано и да замиеш да возиш Формула 1. Тоа бара комплетно поинаков начин на подготовки од релити, и јас тука немам искуство. Мислам дека во мојот случај, откажувањето од релито поради Формула 1 е комплицирана авантура“, заврши Леб.

За разлика од Леб, Валентино Роси во претходните години имаше можност да тестира болид на Ферари, а откако го повикаа по повредата на Маса го одби седиштето изјавувајќи дека за Формула 1 ќе размислува во иднина.

Семења: Господ ме создаде таква каква што сум

Јужноафриканската атлетичарка Кастер Семења го даде првото интервју откако се појавија сомнежи во врска со нејзиниот пол за време на минатомесечното Светско првенство во Берлин каде освои злато на 800 метри.

„Сето ова ми се чини како шега. Господ ме создал таква каква што сум, но ми подарил и талент за трчање, и горда сум на самата себе“, изјави Семења во разговор за јужноафриканскиот магазин „Ти“ за кој направи и серија фотографии на кои е нашминкана, во фустани, тесни панталони и на високи штикли.

„Би сакала почесто да сум дотерана, а сакам да научам да се шминкам“. За тестирањето на полот и чии резултати се' уште не се објавени, Семења не сака да зборува. Според извештајот на швајцарскиот „Блик“, тестовите потврдуваат дека Семења е хермафродит, но никаква потврда за тоа се' уште нема.

Во меѓувреме 18-годишната атлетичарка призна дека отсекогаш се сметала за машко, дури при запишувањето на факултет морала да објаснува дека е жена. Во детството, тврди, немала проблеми со пријателите.

„Момчињата секогаш ме викаа да играм во нивната екипа затоа што бев добра во спортот. Тоа никогаш не ми пречеше, бев една од нив. Ни девојчињата не ме вознемируваа, затоа што поради мене и тие можеа да играат со момчињата“, открива Семења.

 


#
Статијата е прочитана 268 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
За 10 минути Хрватите ни го урнаа сонот за два бода во втората фаза
Македонија меѓу 12. најдобри во Европа!
Израел го плати цехот за Грците
Антиќ: Критиките на интернет ни помогнаа
Словенците ги скршија Србите, Полска ја изненади Литванија
Без Русевски и во Словачка
Марин Чилиќ го прегази Енди Мареј
Јаќимовиќ победник на турнирот за 8 септември