Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Обама бара „да клоцне“ нечиј задник

Американскиот претседател се изнервира околу
еколошката катастрофа во Мексиканскиот Залив

ВЕНИС/ВАШИНГТОН - Претседателот Барак Обама изјави дека сака да знае "чиј задник да клоцне" во врска со излевањето на нафта во Мексиканскиот Залив, зголемувајќи го притисокот врз енергетскиот гигант "БП Плц" додека се обидува да собере поголем дел од истекувањето од пукнатата цевка. "Јас не седам и разговарам со експерти бидејќи ова е некаков семинар. Ние разговараме со овие луѓе бидејќи тие потенцијално го имаат најдобриот одговор за да знам чиј задник да клоцнам", изјави Обама во интервјуто за Ен-Би-Си њус што беше емитувано вчера.

Ова беа најжестоките зборови од Обама за оваа катастрофа, кој е критикуван за неговиот одговор на најлошото истекување на нафта во американската историја. Обама повтори дека сите оние кои се погодени од оваа катастрофа треба адекватно да бидат обесштетени. И понатаму влоговите се високи за сите инволвирани - од крајбрежните заедници уништени од катастрофата до Обама и внатрешниот став кон "БП" и нејзината влошена репутација во јавноста и кај инвеститорите.

Анкетата на "Вашингтон пост"/Еј-Би-Си покажува дека 69 проценти од Американците веруваат дека власта заврши "не толку добра" или "лоша" работа справувајќи се со истекувањето. Во оваа анкета што беше спроведена од 3 до 6 јуни беа анкетирани нешто повеќе од 1.000 лица. Акциите на "БП" во понеделникот на Берзата во Лондон забележаа мал пад. Тие загубија речиси третина од вредноста откако еруптираше кризата кон крајот на април, а примија уште еден удар кога "Голдман Сакс" го намали рејтингот на "БП" од "куповен" на "неутрален". Додека целосно сопирање на истекувањето на нафтата се очекува најрано во август, "БП" обелодени зголемување на количината на нафта што се собира од изворот во нејзините најнови напори за затворање на истекувањето.

Адмиралот на крајбрежната стража Тад Ален, кој ги предводи владините напори за справување со кризата, изјави дека "БП", со седиште во Лондон, се надева дека ќе собере 20.000 барели нафта дневно во нејзиниот најнов обид. Ниту Ален, ниту "БП" не излегоа со проценка за тоа колку нафта се' уште истекува во Мексиканскиот Залив. Најновиот обид на "БП" вклучува поставување на чеп врз пукнатата цевка на морското дно.

Нафтената дамка сега прекри 193 километри од крајбрежјето и ги погоди засолништата на флората и фауната во Луизијана и вештачките острови во Мисисипи и Алабама, а се прибли и до некои од најпознатите бели плажи на Флорида каде туризмот кој носи приходи од 60 милијарди долари годишно вработува околу еден милион лица. Снимки од птици како се обидуваат да се движат низ водата прекриена со нафта кои ги опколија еколошки кревките острови и бари на Луизијана го зголемија негодувањето на јавноста и притисокот врз Обама. Една третина од федералните води на Заливот или 200.000 квадратни километри и понатаму се затворени за риболов, а вкупната бројка на угинати и повредени птици и морски животни и понатаму се зголемува. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 391 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
„Пензија“ за новинарка која даде контроверзни коментари за Израел
Воените лидери ја градат авганистанската империја
По матични клетки во Костарика
Рудник-гробница пронајден во Мексико