Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Воените лидери ја градат авганистанската империја

Во случајот со Матиула Кан, американските команданти ги ставија настрана информациите дека тој е во дослух и со трговците со дрога и со талибанските бунтовници

ТИРИН КОТ - Најмоќниот човек во овој неплоден предел во јужниот дел на Авганистан не е провинциски гувернер ниту полициски началник ниту, пак, командант на авганистанската армија. Тоа е Матиула Кан, лидерот на приватната армија што заработува милиони долари во обезбедување на НАТО-конвоите со резерви и се бори против талибанските бунтовници со американските специјални сили.

Пред нешто повеќе од две години Матиула, неписмен поранешен командант на сообраќајната полиција, стана помоќен од власта во провинцијата Орузган, не само со тоа што ја замени својата улога во осигурување на безбедност, туку узурпирајќи и други функции како именување на административци и штедливо раздавајќи ја владината помош. Неговите борци одат во мисии со припадниците на американските специјални сили и кога авганистански официјални лица се соочија со него тој или ги отфрла или прави тие да бидат преместени. „Орузган беше најлошото место во Авганистан, но сега е најбезбедното“, вели Матиула во интервјуто во неговиот логор, каде што молители секојдневно се собираат за да му оддадат почит или да бараат пари и помош. „Што треба да правиме? Официјалните лица се кукавици и крадци“.

Матиула е еден од неколкуте полуофицијални воени лидери, кои се појавија низ Авганистан во последниве неколку месеци, додека американските и НАТО-офицерите се обидуваат да ги зајакнат неефикасните регуларни авганистански сили во нивната борба против талибанските бунтовници. Во некои случаи овие моќни луѓе воспоставија поредок, иако цената за тоа беше поткопување на самите институции што Американците се обидуваат да ги изградат: владините структури како полициските сили и провинциските администрации, кои еден ден треба да бидат доволни силни за да им овозможат на американските и на други сили да заминат од земјата. Исто така, независни од каква било владина контрола овие воени лидери не само што се кренаа од анархијата, туку помогнаа таа да се прошири.

За Американците што се тркаат со крајниот рок поставен од претседателот Обама за да ја обезбедат земјата, појавувањето на таквите моќници го сметаат како помало зло. Во случајот со Матиула, американските команданти изгледа ги ставија настрана информациите дека тој е во дослух и со трговците со дрога и со талибанските бунтовници.

Голем број Авганистанци велат дека Американците прават сериозна грешка со тоа што ги толерираат или охрабруваат воените лидери како Матиула. Овие Авганистанци стравуваат дека Американците зад себе ќе остават авганистанска влада што ќе биде премногу слаба за да си ја врши работата и моќници без каква било поддршка кај народот. „Матиула е неписмен човек, кој ја користи власта за сопствен интерес“, вели Мохамед Еса, п��еменски лидер во Тирин Кот, главен град на провинцијата Орузган. „Откако Американците ќе заминат, тој нема да опстои. И што потоа ќе имаме ние?“

Армијата на Матиула е необичен хибрид: приватен бизнис што бележи бум и владино субвенционирана милиција. Негов главен напор и негова најголема дејност што му носи пари е обезбедување на хаотичните автопатишта, кои го поврзуваат Кандахар со Тирин Кот за конвоите на НАТО. Еден ден во неделата Матиула го прогласува 160-километарскиот автопат за отворен и распоредува свои вооружени луѓе по неговата должина. Автопатот минува низ област преполна со талибански бунтовници. Матиула го обезбедува автопатот и за тоа е добро платен. Неговата дружина му наплатува на НАТО за секој товарен камион по 1.200 долари за безбеден премин или по 800 долари за оние помалите, откриваат неговите помошници. Неговиот приход, според еден негов помошник, изнесува 2,5 милиони долари месечно, астрономска сума во земја што е толку сиромашна како Авганистан.

Меѓутоа, улогата на Матиула е многу повеќе од само бизнис. Неговата милиција е прифатена од офицерите на американските специјални сили за собирање разузнувачки информации и борба против бунтовниците. Со милионите од НАТО и со поддршката од Американците, Матиула прерасна во најмоќна политичка и економска сила во регионот. Тој проценува дека платите што ги исплатува издржуваат 15.000 луѓе во оваа сиромашна провинција. Тој изградил 70 џамии со сопствени средства, дал стипендии во Кабул и почна со одржување неделни средби со племенските лидери од областа. Неговиот последен потфат е компанија за кршење камења, која продава чакал за базите на НАТО.

И Американците и авганистанското министерство за внатрешни работи се надеваат дека наскоро ќе ја расформираат милицијата на Матиула, или во најмала рака ќе ја стават под формална владина контрола. Иако нема директен доказ во случајот со Матиула, сепак, постои генерална загриженост дека легии од нерегуларни авганистански безбедносни компании имаат финансиски интерес во продолжувањето на хаосот. Во случајот со Матиула тоа би значело напаѓање на луѓе што одбиваат да ги користат неговите безбедносни услуги или повикување на талибанците да го сторат тоа. „Дали тој прави договори и плаќа луѓе да напаѓаат?“ Еден американски генерал одговори: „Немам информации за тоа“.

Поранешен висок официјален претставник во властите во Кандахар верува дека Матиула го помага движењето на наркотиците по должината на автопатот кон Кандахар. И покрај неговиот однос со специјалните сили, сепак, Матиула е осомничен за играње двојна игра со талибанците. На прашањето за Матиула на почетокот од оваа година еден американски офицер во Кабул призна дека постои сомневање оти тој има врски со бунтовниците.

Армијата на Матиула е дел од констелацијата милиции и безбедносни компании, повеќето од нив нерегистрирани и нерегуларни, кои имаат барем мала лојалност кон Ахмед Вали Карзаи, признат како еден од најмоќните луѓе во јужниот дел на Авганистан. И Ахмед Вали Карзаи и Матиула се сојузници на Јан Мохамед Кан, поранешен гувернер на провинцијата Орузган и татко на сопругата на Матиула. Кан беше преместен од провинцијата Орузган на инсистирање на Холанѓаните во 2006 година поради загриженоста дека има врски со трговијата со наркотици. Тој сега е советник на претседателот Карзаи. Овие односи, велат клеветниците на Матиула, му овозможуваат да просперира. „Матиула не е дел од власта, тој е помоќен од власта“, вели Еса, племенски старешина во Тирин Кот. (Њујорк тајмс)


#
Статијата е прочитана 558 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
„Пензија“ за новинарка која даде контроверзни коментари за Израел
Обама бара „да клоцне“ нечиј задник
По матични клетки во Костарика
Рудник-гробница пронајден во Мексико