Претседателот побара објаснување од Ерван Фуере зошто терминот „македонски“ е заменет со „државен јазик“
Тамара Грнчароска
Акциониот план што го презентираше премиерот Никола Груевски, според оценка на евроамбасадорот Ерван Фуере, е негово признание дека навистина постојат слабости во реформите, како што укажа Европск��та комисија во извештајот за напредокот на Македонија. Неговата оцена е реакција на изјавата на премиерот дека годинешниов извештај на ЕК констатирала напредок во сите области во кои се бараа реформи од Брисел.
Фуере не кажа отворено дека Владата го толкува извештајот како што и' одговара и без трошка самокритика, но компаративно покажа колку тој е „полош“ за земјава од ланскиот и дека работите не се толку позитивни како што се толкува.
„Во 2009 година значителен прогрес беше постигнат во две поглавја - во визната политика и во царината, додека годинава нема области што се удостоени со таква оцена. Добар напредок во извештајот во 2009 година е забележан во 11 области, а годинава само во шест“, информираше Фуере. Извесен напредок лани имало во 20 области, а годинава во 19. И во оцената за ограничен, нерамномерен или делумен напредок Македонија годинава покажала слаби резултати, па ако лани така биле, оценети четири области, годинава најслаба оценка од Европската комисија за постигнат напредок добивме за осум поглавја.
Областите во кои е забележана полоша оценка од минатогидишната според Фуере се политичкиот дијалог, судството, јавната администрација и областите каде реформските процеси потфрлиле, додека медиумската слобода лани била оценета како загрижувачка а оваа , како што рече, дава причина за најголема загриженост, пред се поради многу примери на заплашување и притисоци врз медиумите, што покажува незрелост на едно демократско општество. Фуере притоа побара освен врз медиумите, да престанат и притисоците и врз граѓанските организации, особено врз оние кои го третираат процесот на евроинтегрирањето на земјава.
На судството Фуере му посвети поголем простор за да ги презентира нотираните слабостите во таа област, дури и директно посочувајќи на улогата на министерот за правда во добивањето на слабите оценки за неговата независност и професионалност. За јавната администрација тој го повтори она што со месеци наназад се оценуваше како лошо - времените вработувања и партизацијата. Борбата против корупцијата во извештајот заврши со заклучок дека „корупција постои се уште во многу области“, а имплементацијата на законите останува еден од проблемите на реформскиот процес на земјава.
Ваквите оценки не му пречеа на вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски, да каже дека „напредок е постигнат во сите 33 области“ и дека ова е втор последователен позитивен извештај на ЕК за земјава. Наумовски го повтори она што Груевски го кажа по приемот на извештајот од евроамбасадорот, односно дека тој содржи позитивната оценка и потврда на препораката за почеток на преговорите за членство, како признание дека државата се движи напред во реформскиот процес.
Но наместо акцент на забелешките во извештајот, власта вчера се обиде да го насочи вниманието кон употребата на терминот „државен јазик“ наместо македонски во еден пасус на 21 страница од документот, а во контекст на меѓуетничките тензиите кои настанаа со одлуката за изучување на македонскиот јазик од првоодленеците од малцинските заедници.. Тоа вчера го фрли во сенка извештајот и негативните оценки.
Употребата на терминот „државниот јазик“, по две национални телевизии, вчера го проблематизираше и претседателот Ѓорге Иванов, а канонадата врз Фуере ја продолжија пратениците од власта. Александар Николовски од ВМРО - ДПМНЕ за своето патриотско излагање по прашањето на употребата „македонски јазик“ и нападот врз Фуере доби и аплауз од своите сопартијци. „Кој е официјалниот јазик на државата и кој е јазикот на која јас зборувам и на кој вие ние се обративте на почетокот од обраќањето“, го запраша тој Фуере. Љиљана Поовоска од ДОМ пак побара објаснување што мисли Комисијата под „државен јазик“ и дали тоа значи дека ЕК сугерира исклучување на терминот македонски. Кристина Рунчева од владеачката партија рече дека е навредена од таквата терминологија во извештајот. На нивните ставови се спротивстави претседателската на НСЕ, Радмила Шеќеринска - Јанковска, која побара патриотзимот и хероизмот од ваков тип да не се покажува пред домашната јавноста, туку таму каде се води битката за името. „Кога опозицијата ја биеше таа битка во 2005 година немаше друг јазик освен македонски јазик“, рече Шеќеринска и побара прво сите да се погледната пред огледало пред да побараат дежурни виновници.
Според Шеќеринска во 12 поглавја состојбата оваа година е влошена во поглед на лани, не броејќи ги притоа критиките во медиумите, судството, корупцијата и јавната админситрација, со оценка дека за ЕУ не важи веќе броењето на законите, туку нивното спроведување. „Без спроведување тие се само лист хартија“, рече Шеќеринска. Андреј Жерновски од ЛДП пак обвини дека власта нема објективен пристап кон објективниот извештај од ЕК. Според него, листата на забелешки наместо да се намалува, од година во година се зголемува. Тој посочи дека користењето на спорот за името како параван за несработеното не може повеќе да успева како стратегија. „Не гледам дека Грција е виновна за судството, за партиските војници во администрацјата и за притисоците врз медиумите“, рече Жерновски.
Nemam zborovi da kazam kolku sum razocarana od ova Vlada koja navistina ke ne unisti posveteno i sistematski. Samodestrukcija ima vo science fiction filmovi, no ova e nevideno, necueno. Za razlika od poveketo, veruvam poveketo, vo ovaa zemja-jas NE sum gorda sto imame taka "uspesen Premier", koj treba samo taka da tera napred; a kade ???????
Од: gimce
Датум: 11.11.2010 12:49:53
Vladata pozitivno go oceni izvestajot , bidejki ocekuvaa epten losa ocenka a ovaa ispodna kako pofalba
Од: Тоше
Датум: 11.11.2010 16:03:44
Владата, пред се‘ треба да си се лути на самата себе а не на Брисел кој реално ги отсликува состојбите во РМ. а какви се состојбите? Комплетно уназадени во однос на 2006 год. кога имавме ‘ветувања‘ за преродби, неспособна партиска администрација, некомпетентни раководни лица, мешање на централната власт во секоја пора од живеењето, трошење на пари на непродуктивни (статуи, државни згради ...) работи, на 182 место во светот по невработеност од вкупно 202 рангирани држави ... И ... многу има уште за набројување. И, кој паметен сега може да тврди дека оваа гарнитура е кадарна да ја води Македонија?
Од: Сергеј
Датум: 11.11.2010 17:57:51
Премиерот, вицепремиерот, претседателот и нивните пратеници биле НАВРЕДЕНИ од еден единствен збор во извештајот?! Чудно е што не ги навредиле страниците и страниците жестоки критики на владеењето на оваа самобендисана власт. Не ги навредуваат оценките од типот „загрижувачка состојба, назадување, притицоци, партизација, корупција...“ Можеби, за оваа власт се’ тоа станало нормално. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Трпе
Датум: 12.11.2010 00:26:46
Овој народ Каков Таков,заслужува да живе во резерватот на слепиот водач.За него и корења ке јадеме и животот ке го дадеме ,само тој да ни биде здрав и жив и срекно да си живее со својата фамилија.Ако таа блада ни каже дека маглата е волна и ние ке скокаме во провалија да собереме повеке волна за фамилијата.Никој не ни е виновен од главата си патиме.
Од: Vasko svesti se!
Датум: 12.11.2010 08:36:50
Kako ne mu bese sram na Vasko Naumovski, so dekor na celiot negov tim za evrointegracija , da bez da trepne javno iskazuva notorni lagi deka sme imale napredok vo 33 oblasti. Ej, Vasko da ne bese pijan koga go citase izvestajot ili pak go citase pogresno izvestajot od Hrvatska/ ! Kade vide napredok bre kutri Vasko i sramota e po naredba na tvojot sef ,onaka celata Makedonska javnost da ja zamajuvas i praves maloumna. Pa imaj malku dostoinstvo,cest i obraz. Eve Ivica Bocevski ne mozese da gi trpi tie torturi od strana na "firerceto" i dostoinstveno se povlece koga vide so kogo si ima rabota. Pa i ti Vasko si mlad i obrazovan i nemoj da dozvoluvas da eden polupriucen populist te prisiluva na takvi raboti. Pa posle nekolku godini ce se stramis od snimkive koga ce gi gledas i slusas sto kazuvas.