Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Политиката ги здроби учениците во Струга

ДПА обвинува дека зад барањето за приватно средно училиште „Јуропиан скул“ стои градоначалникот Мерко

Симон Илиевски

Струга - По вчерашните обвинувања на струшкиот разгранок на ДПА дека градоначалникот Рамиз Мерко од ДУИ ќе отвора приватно средно училиште, наместо да се решава, случајот во средните училишта во Струга дополнително се политизира и комплицира.

Паралелно, работната група на Општинскиот совет за превенција со помош на двајца медијатори на ОБСЕ прави напори да ги врати учениците-Македонци на настава. Вчера учениците-Македонци продолжија со бојкот на наставата во средното училиште „Нико Нестор“, а на настава беа во Гимназијата „Ибрахим Темо“ каде што наставниот процес се одвива во етнички мешани смени. Во локалната власт се надеваат дека по најавените средби на медијаторите со Училишниот совет и Советот на родители, за два до три дена учениците- Македонци ќе се вратат на настава.

Од струшкиот разгранок на ДПА вчера го презентираа барањето за отворање приватно средно училиште „Јуропиан скул“ кое било на дневен ред на владина седница, но не било расправано за него тврдејќи дека зад тоа стои градоначалникот Мерко.

Тој ги отфрла обвинувањата велејќи дека тоа се политички инсинуации пред претстојните локални и претседателски избори и дека тој се залага за отворање на какви било образовни институции. Според првиот човек на ДПА од Струга и кандидат за градоначалник, Менди Ќура, барањето за отворање приватно училиште било на дневен ред на Владата на17 февруари годинава и дека зад барањето, според него, стои актуелниот градоначалник Рамиз Мерко. Тој го обвини Мерко дека со отворањето приватно средно училиште се комплицира состојбата во постојните средни училишта и дека зад сето тоа има политичка заднина.

Оптимистички најави дека средношколците-Македонци, кои веќе трета недела ја бојкотираат наставата, ќе се вратат и во средното училиште „Нико Нестор“ доаѓаат од струшката локална самоуправа. „Очекуваме дека со посредство на медијаторите на ОБСЕ состојбата ќе се релаксира и преку средби со учениците-Македонци, нивните родители, наставниците и органите на училиштето, за неколку дена напнатоста ќе се надмине и учениците ќе се вратат на настава“, вели Џејми Хајредини, раководител на Секторот за образование во локалната самоуправа во Струга.

Најавите за брзо решавање на проблемот со бојкотот на наставата на учениците-Македонци во „Нико Нестор“ и барањето посебни етнички смени позитивно се коментираат во Струга, но ретко кој е убеден дека тоа брзо ќе се реши. Неофицијално се слуша дека барањата на учениците- Македонци се' уште се актуелни и дека тешко ќе се најде решение без целосно вклучување на највисоките државни органи, чии претставници неколку пати беа во Струга, па потоа се откажаа и решавањето на проблемите го оставија на работната група на Советот за превенција, зајакнат со двајца медијатори на ОБСЕ.


Статијата е прочитана 659 пати.

Испрати коментар

Од: Milutin
Датум: 27.02.2009 00:05:44
Sto vi e bre luge, kakva politika ? Pa tuka albanci tepaat makedonci a ne ste stepale politicki partii. Slicno e na ona sto mu se slucuvase na Kosovo vo 70-tite godini koga srbite pocnaa da se iseluvaat.
Од: struzanec
Датум: 27.02.2009 01:23:28
A nie ocekuvame vekje Ramiz Merko da padne,i na mestoto negovo da dojde Fijat ili kandidatot od vmro dpmne.Pa da se resat vekje nekoi raboti.Ne odi povekje vaka.Go iskoristija bojkotot od makedoncite na minatite lokalni izbori ovie od DUI na "najdobar"nacin.DOSTA E VEKJE!Vreme e da ja vratime vo nasi race Struga.
Од: mitko za prostaklukot
Датум: 27.02.2009 02:42:30
Mene ne mi e jasen problemot? Neli ima tamu kameri? Samo treba prekrsitelite da se identificiraat i da se uapsat i eve resen e problemot. Izlgleda prosto, ama izgleda jas sum prost pa ne mi se jasni rabotite.
Од: struzanec
Датум: 27.02.2009 03:24:55
sega na izbori ke padni merko pa nema da ima etniski problemi vo struga
Од: MIKI
Датум: 27.02.2009 04:19:09
toa seposledici od genijalnoto vladeenje na komunrite ja dadoa struga i sega vmro e kriv,kako rece genijalecot bc poubavo da izgubime so tri nula otkolku so pet nula,brane ne vazno kolku gola ke ti zabijat [poraz e poraz sega imeto e na red, ke go smenite da mozete bez oko da vi trepne ama nikoj veke ne vi veruva ke si ostanete isgutsrirani polni so omraza
Од: 0d prijatel
Датум: 27.02.2009 07:41:10
Г-не Илиески,писец на овој текст.Добри сте,бидејки не се врзувата за оваа или онаа стни~ка или партиска определба.Поздрав од Славе.Г.
Од: flying-monaco
Датум: 27.02.2009 08:53:16
istina e politikata gi ZDROBI decata na chelo si BUCHKOVSKI uste pred nekoja godina. GROZNO...
Од: Bivsi struzanec
Датум: 27.02.2009 09:31:26
Neka samite makedonci koi ziveat vo struga prodolzat i ponataka sami sebe edni protiv drugi taka partiski fino da se obvinuvaat i klevetata pa ni osnovnite skoli ne ke gi namirisaat kako sto izgleda
Од: tazniot princ
Датум: 27.02.2009 09:40:44
vo ribrikata pisma vo istiov ovaj broj imate odlicno kompromisno resenie za obete strani
Од: реален
Датум: 27.02.2009 09:55:52
ако на сите инволвирани страни,ученици,професори,медијатори...просечната оценка им е испод три,нормално е што се се случува.Далеку сме од образованието...Политиката без образование е само политиканство,што не е исто.Ајде за малку соберете колку ги има за проба шаката-одлични да чуеме што велат?Ако велат исто тогаш навистина има проблем.Особено проблем се ваквите коментари кои како ветер неконтролирано го пренасочуваат огнот,а инволвираните ученици сосила ги тераат да излезат од проблемот и да се впуштат да лечат нечии фрустрации.Каде е тогаш патриотизмот?
Од: Trajko
Датум: 27.02.2009 11:24:07
Losho se pishuva koga uchenicite se zloupotrebuvat vo nechesni,politichki igri.Struzani trba navreme da se svestat da ne bide kasno.Na Makedonija ne i treba Kosovska Mitrovica ili polosho Bejrut.
Од: 0d ilirida
Датум: 27.02.2009 13:12:48
ha ha katastrofa uste li sonuvate deka ke pobedi makedonec vo struga umre toa vreme makedonci
Од: ljupco,bitola
Датум: 27.02.2009 14:45:22
Партал политика ги здроби децата во Струга, точно е.Политика на попуштање и политика со турнати гаќи,предводена од Бучковски,пред пет години им се одстапи градот на Дрим на Албанците,тоа е неопростиво.Да поминеше референдумот ќе беше поинаку но ``Некои прашања не заслужуваат одговор`` нели? Сега е касно за крокодилски солзи и кукање.Нека ги поделат децата за да нема тепачки и готово. Така е во Скопје, Куманово и насекаде кај што има мешан состав на населението.
Од: ENSA
Датум: 27.02.2009 14:53:09
Srednoskolskiot problem vo Struga ne e nov nitu nepoznat, ovoj problem se sprema od KODOSITE vo KODOSKI kujni. Se gleda zasto bas sega pred glasanjeto se pravi vakfa politika, sigurno KODOSITE pred sebe si ja gledat krajot ne samo vo politikata nego i vi KODOSKITE fotelji. Sega vo Struga ne treba da se glasa za R.Merko koi vo minatoto dobi glasovi i od Mak. narod so nadev deka qe se promeni nesto no naprotif nisto se pogolema siromastia, a Kodosot kradi i se zbogati so milioni vrednost i zapali ogan megu Albancite i Makedoncive. Toj ima pari i za kodoskite vojnici koi qe gi çuvaat glaskite mesta a policijata qe gi polni glasaçkite listi. Narode mu dojde krajot na kodosite glasajte za promena na likot na Struga glasajte za Mendi Qura i protif siromastia, glasjte za mir i poinakfa Struga. M.Q vo sfoite 80 rabotnici ima sosema mesano nacionalnoti i dosta humanitaren çovek. Narode ni trba promena!

Најди! во Утрински
Политика
Променетиот патриот Љубе Бошкоски сака пакт со народот
Бакојани од мисија во мисија за поддршка на грчките ставови
Иванов и Селмани со највисок рејтинг
Пратеникот Талат Џафери тврди дека не поттикнувал насилство во Тетово
Црвенковски- Евроинтеграциите единствена опција
Се печатат гласачките ливчиња за претседател
Иванов- Нашата демократија е како космодиск!
Само 18 лица казнети за изборните насилства