Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Црвенковски: Евроинтеграциите единствена опција

Гевгелија - „Македонија - предизвици и перспективи“ беше работната тема на трибината што ја одржа претседателот Бранко Црвенковски прексиноќа во Гевгелија.

Тој истакна дека европските интеграции се единствената сериозна опција за иднината на Македонија и дека членството во НАТО е најголемата гаранција за безбедноста на земјата. Црвенковски ја критикуваше Владата дека го маргинализира значењето на евроатлантските интеграции. „Според нив, тие се важни, но не и неопходни и никогаш не објавија алтернативен план ако Македонија не биде примена во НАТО и во ЕУ“, рече на трибината Црвенковски.

Тој посочи дека спорот за името со Грција е сериозна пречка за НАТО и за ЕУ и токму поради тоа треба да се решава, а не да одложува или замрзнува. „Знам дека одлуките што треба да се донесат се тешки, но за иднината на државата треба да ги носиме сериозно“, рече претседателот Црвенковски. Тој го повтори ставот дека евентуалното компромисно решение за името би требало да вклучува меѓународни гаранции дека националниот, јазичниот и културниот идентитет ќе се именува како македонски. (МИА)


Статијата е прочитана 446 пати.

Испрати коментар

Од: cd
Датум: 27.02.2009 02:24:27
tocno e !!!!!! i jas sum so tebe i mislam deka site makedonci se so tebe !!!!!! no ke te molam gospodine pretsedatele kazete kako mozi ova da go postignime ???????????????? dokolku imate odgovor imate siguren glas od mene
Од: miki maus
Датум: 27.02.2009 03:28:55
ja otkri amerika
Од: ljupco,bitola
Датум: 27.02.2009 05:40:29
Вовие два последни месеци,нашиот држалник одржа повеќе``трибини``од неговиот цел претседателски мандат.Зошто е тоа така од авион се гледа,а нашиот народ е премногу итар и знае да ги процени ваквите очајнички трибини,каде пред строго одбрани шлукачи,б.ц.се продрцнува нешто као разбира од меѓународна политика.Патетично.
Од: Космонаут
Датум: 27.02.2009 07:23:15
Пред да ја критикува Владата „дека го маргинализира значењето на евроатлантските интеграции“, господинот Црвенковски треба најпрво да каже што тој направил во тој правец во изминатите 5 години додека глумеше претседател на Македонија.
Од: 24
Датум: 27.02.2009 09:00:56
Pa red e da se razbudi našiot predsedatel od 5godišniot zimski son ,ama koga će se vidi što pravi sega poarno da ostaneše i ovoj termin da go prespie.Kako da e negoviot mandat se završi a koj će go nasledi će vidime na izborite za nekoj den a dali će bide podobar ili beter i toa će go vidime.
Од: asdi
Датум: 27.02.2009 09:15:02
лицето Б.Ц ово може да го кажува само на трибини каде што има само пензионери кои во негово минато време ги уживале привилегиите .па гледате од кого се посетени овие трибини.
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 27.02.2009 11:13:16
Со владеењето на СДСМ во Република Македонија ниту се спомна алтернативен план ниту пак имаше дијалози околу тоа од нивна страна, наеднаш СДСМовците се разбудија кога ВМРО ДПМНЕ им го покажа вистинскиот пат до евроинтеграциите и сега дури станаа свесни что е тоа ЕУ и НАТО. Господине Црвенкоски добро е што се разбудивте,но не пред избори.
Од: Bitola
Датум: 27.02.2009 12:51:50
Taka e,taa e vistinata ,a ne kako vmrovcite nasata idnina bila vo Kurdistan.
Од: Dani
Датум: 27.02.2009 15:35:38
Se prasuvam kaj se krijat site ovi "citateli" koga nekoj od vlasta ili okulu vlasta dade cuden komentar ili plan. Ma ajde ve molam prekinete da mu pravite kampajni na politicarite, bez razlika od koja partija se, samo vie obicnite gragani i makotrpci si go krkate podebeliot kraj od stapot.

Најди! во Утрински
Политика
Променетиот патриот Љубе Бошкоски сака пакт со народот
Бакојани од мисија во мисија за поддршка на грчките ставови
Иванов и Селмани со највисок рејтинг
Пратеникот Талат Џафери тврди дека не поттикнувал насилство во Тетово
Политиката ги здроби учениците во Струга
Се печатат гласачките ливчиња за претседател
Иванов- Нашата демократија е како космодиск!
Само 18 лица казнети ��а изборните насилства