Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Само 18 лица казнети за изборните насилства

Претставници на Државната изборна комисија (ДИК), судството, Обвинителството и Министерството за внатрешни работи вчера дискутираа на тркалезната маса, што се одржа со поддршка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, за начините како подобро да се одговори на можните неправилности за време на изборниот процес.

Целта на проектот, што го поддржува и Фондацијата „Институт отворено општество Македонија“ (ФИОМ), а го имплементира коалицијата „Сите за правично судење“, е да придонесе кон спроведување фер и демократски изборен процес и почитување на владеењето на правото во земјава.

„Добро е што овој настан коинцидира со предизборниот период зашто ни дава можност да ја нагласиме важноста на соодветниот одговор во однос на изборните нерегуларности“, рече Лиза Тинли, шеф на Одделот за владеење на правото во Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Професорката Тања Каракамишева истакна дека од досегашното следење на институционалниот одговор на државните органи се доаѓа до констатацијата дека е потребно зголемување на институционалниот капацитет на сите државни органи вклучени во изборниот процес во насока на брзо, енергично и квалитетно справување со изборните нерегуларности. Таа укажа на потребата од одредби во Изборниот законик кои би се однесувале на медиумското претставување на потенцијалните кандидати пред почетокот на изборната кампања.

Во врска со изборните насилства во 2008 година, до Основното јавно обинителство се пријавени 217 лица. Само 18 лица од нив досега се прогласени за виновни, едно лице е ослободено од обвинение. Активни предмети во судска постапка се дванаесет. (П.Р)


Статијата е прочитана 137 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Променетиот патриот Љубе Бошкоски сака пакт со народот
Бакојани од мисија во мисија за поддршка на грчките ставови
Иванов и Селмани со највисок рејтинг
Пратеникот Талат Џафери тврди дека не поттикнувал насилство во Тетово
Политиката ги здроби учениците во Струга
Црвенковски- Евроинтеграциите единствена опција
Се печатат гласачките ливчиња за претседател
Иванов- Нашата демократија е како космодиск!