Парцела под Кале продадена за 40 евра квадрат
Скопската компанија „Воденица-Оне“ вчера понудила 2.510 денари за квадратен метар за државна парцела под Кале, наменета за изградба на хотел, со што станала најповолен понудувач. Компанијата понудила 34.324.250 денари за парцела од 13.675 квадратни метри на јавното наддавање на кое почетната цена за квадрат изнесувала 61 денар, во согласност со одлуката на Владата за намалување на цената за локациите наменети за изградба на хотели.
Од Министерството за транспорт и врски информираат дека имало три пријави за учество на лицитацијата, но за најповолен понудувач била избрана „Воденица-Оне“ од Скопје.
По уплатата на средствата и по потпишувањето на договорот за отуѓување на парцелата, во согласност со соодветните правилници, компанијата има обврска во рок од девет месеци да обезбеди одобрение за градба на хотелот, а објектот да го изгради во рокот што е предвиден со Законот за градење. (Дс.Т.)
|