Игралиште за мал фудбал во Бујковци
Жителите од населеното место Бујковци, Општина Илинден, добија ново игралиште за мал фудбал. Игралиштето се наоѓа зад културниот дом во Бујковци, има димензии од 40 на 20 метри и е оградено со висока ограда. Средствата за изградба на игралиштето се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден. (В.Д.) |