Ќе се прска против комарци од земја
В понеделник ќе започне прскањето против комарци од земја, најавуваат градските власти. Иако тоа требаше да се изведе минатиот викенд, поради неповолните временски услови, акцијата се одложи. Надлежните информираат дека прскањето ќе се врши во раните утрински часови пет дена едноподруго. В понеделник терестичното прскање ќе се одвива на подрачјето на општина Ѓорче Петров, во делови од Карпош и од Градскиот парк.(Дс.Т.) |