Број 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Признавањето на Косово беше мачна одлука

Мразот за признавањето го проби Собранието во тешка седница

Оливера Војновска

Македонија завчера доцна вечерата го призна Косово, а три часа претходно тоа го стори Црна Гора. Ваквиот координиран потег на македонските и на црногорските власти, очекувано, ја налути Србија.

САД експресно ја поздравија одлуката на Македонија и на Црна Гора за признавање на Косово и очекуваат во наредните месеци и други земји да ја признаат косовската независност. Евроамбасадорот Ерван Фуере вчера даде воздржана изјава. „Признавањето на Косово е суверена одлука на секоја држава, независно дали е членка на ЕУ или не“, кусо коментираше Фуере, потенцирајќи дека „позитивен аспект од одлуката на македонската Влада да го признае Косово е враќањето на ДПА во Собранието“. Тој изрази надеж дека „тоа е сигнал за крај на бојкотот од страна на ДПА “.

Веста за признавањето на независноста на поранешниот протекторат на македонската јавност и' ја соопшти шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, завчера доцна вечерта во 22,45 часот, откако Владата ја донесе одлуката. Најавата за плановите на кабинетот на премиерот Никола Груевски стаса околу 20 часот од Црна Гора, која тогаш го призна Косово. По тој повод министерот за надворешни работи, Милан Роќен, во изјавата за медиумите информираше дека признавањето е направено „во согласност со македонската Влада“.

Во текот на целиот ден пак, Владата и премиерот Никола Груевски беа во комплетен молк. Мразот за признавањето го пробиваше македонскиот парламент, кој заседаваше под силно полициско обезбедување. Во Собранието се случуваше вистинска бура која премиерот и министрите ја следеа преку телевизија од зградата на „Илинденска“. Тие не се појавија во Собранието, останаа глуви на повиците на опозицијата која упорно инсистираше изворно да го слушне владиниот став. Трпеливо го дочекаа финишот на маратонската дебата, по која Собранието во 21,30 часот ја усвои Резолуција за односите со Косово, предложена од трите партии на Албанците -ДУИ, ДПА и Нова демократија.

Министерот Милошоски во изјавата за медиумите потврди дека одлуката е донесена во координација со владата на Црна Гора. „Владата, по усвоената Резолуција во Собранието со огромно мнозинство, расправаше по таа тема како последна точка од дневниот ред на денешната седница и донесе одлука да ја признае самостојноста и сувереноста на Косово. Ова е важна одлука која ја донесовме во ист ден како и владата на Црна Гора донесе ваква одлука и нашата меѓусебна комуникација со Црна Гора резултираше и со заедничка изјава по однос на признавањето на независноста на Косово“, рече Милошоски.

Според Милошоски, ваквиот потег ќе има позитивен ефект за регионалниот развој на настаните. „Овој чекор не е насочен против трета држава и очекуваме тој да биде разбран од страна на официјален Белград, иако цениме дека нивната позиција во однос на ова прашање се разликува драстично во поглед на позициите кои ги имаат досега 50 држави од Европа и светот“, рече шефот на македонската дипломатија.

Во однос на воспоставувањето дипломатски односи со Косово, Милошоски најави дека тоа ќе се случи наскоро. Прашан под кое име ќе биде потпишан договорот меѓу двете држави, шефот на македонската дипломатија изјави дека се надева оти тоа ќе биде под уставното име.

Резолуцијата за односите на Република Македонија со Косово, Собранието ја усвои со 85 гласа „за“, 1 „против“- Иван Стоиљковиќ од СПМ, и 16 воздржани од СДСМ и ЛДП. Во првиот момент по изгласувањето на Резолуцијата во собраниската сала завладеа необична тишина. Дури откако заврши седницата и спикерот Трајко Велјановски го честиташе празникот 11 Октомври, пратениците-Албанци станаа и аплаудираа, а лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мeндух Тачи, значајно се гледаа. По седницата, Тачи ги убедуваше новинарите дека тоа „не биле сеирџиски погледи, ниту пак ликувале, туку знак на задоволство поради успехот на заеднички проект“.

Освен подносителите на Резолуцијата- ДУИ, ДПА, НА, документот го поддржаа пратениците од портокаловата коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но и тројцата пратеници од НСДП: Тито Петковски, Горан Мисовски и Соња Мираковска. Новите социјалдемократи се согласија со забелешките на СДСМ и ЛДП, но, сепак, како што соопшти Петковски, ќе ја поддржат резолуцијата, бидејќи независноста на Косово е реалност и тие се убедени дека признавањето ќе влијае на добрососедските односи и на стабилноста на регионот.

Наместо Груевски, како што бараше опозицијата, ставот на владејачката партија го кажа координаторот на нивната пратеничка група, Силвана Бонева. Таа рече дека ќе ја поддржат резолуцијата поради три причини: „државните интереси на Македонија, стратегиското пријателство со САД и регионалната соработка и стабилност“

Во текот на расправата беа одбиени трите амандмани на СДСМ. Опозицијата инсистираше пред да се признае Косово да се заврши демаркацијата на границата и да се побара од косовските власти признавање на уставното име, како и гаранции за почитување на правата на Гораните.

Пред чинот на гласањето, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова, забележувајќи уште еднаш на присуството на 200 полицајци во специјална униформа пред Собранието, (според процената на потпретседателот на парламентот, Јани Макрадули од СДСМ) праша: „ Зошто со полицајци да се браните од дебата, ние никого не напаѓаме и никого не каменуваме!“.

Лидерот на ЛДП, Јован Манасиевски, рече дека странските дипломати не' сожалувале, бидејќи „нашите државни раководители не се способни да направат едно единствено барање за интересите на државата“. Тој неколку пати нагласи дека не мисли само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на експретседателот Киро Глигоров, кого го нарече „шампион на една опортунистичка политика кој не направи никаков исчекор во ниту една сфера“. „Ништо не научивте во изминативе девет години. Македонија дозволи да биде логистичка поддршка за успешно спроведената акција на НАТО. Ниту во 1999 година, ниту сега оваа гарнитура не знае да се избори за државните интереси“, заклучи Манасиевски.

Пратеникот Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите ги повика пратениците да размислат како ќе гласаат бидејќи, како што рече, со гласањето тие ќе гласаат против меѓународниот правен поредок, за прекин на дипломатските односи со Србија.


Статијата е прочитана 1997 пати.

Испрати коментар

Од: ssss
Датум: 11.10.2008 00:59:20
ovoj MILO soski ima nesto srodno crnogorsko izgleda so MILO gukanovic
Од: meto
Датум: 11.10.2008 01:40:47
Стоиљковик ја знае ли песната „Кога се мажеше (за ВМРО) што ти се чинеше„
Од: Mone
Датум: 11.10.2008 08:24:21
Oprosti, izvini...
Од: Od stranstvo
Датум: 11.10.2008 10:18:47
Sramno i podlo!Odvratno, poltronski napraveno na marionetski nacin pod pritisok.Se sramam od seto ova.Mi se zgadi kog slusnav za seto ova.
Од: Aтанасија
Датум: 11.10.2008 11:26:04
Г.Груевски и Владата продолжуваат да се кријат зад Собранието и зад народот,министерот за надворешни работи г.Милососки се надева дека договорот со Косово ке биде потпишан од македонска страна под уставното име,а не знае господинот дека ударите по РМ идат и од Приштина и од Тирана наизменично-еднаш Дежавата циј министер е за надворесни работи,е РМ другпат БЈРМ.Не убедуваат дека независноста на Косово е реалност и ја ставаат таа реалност на прв план ,а реалноста на постоењето на република Македонија од повеќе од 60 години ја забораваат.Заборава Владата да ги истакне своите интереси-и ако со ова и погодува на САД,ЕУ и НАТО,тогаш требаше да бара да се сметне ветото од страна на нивната членка,Грција,што и го прави на РМ. Се гледа дека имаме полтронска и аматерска Влада чиј гласноговорници сигурно добиле ветување за нивна промоција во мегународни организации,како она што го доби Ставревски во Светската банка.Кој рече дека власта му служи на народот!
Од: do site osd sekoj
Датум: 11.10.2008 13:07:49
Ova e eden dokaz dka ova drzava opstoai zaradi sto sakat Albancite
Од: Sloven
Датум: 11.10.2008 15:08:34
Makedonija donese ispravna odluka.Ednostavno albancite ne sakaat da ziveat vo Srbija i glupavo bi bilo da ne ja pocituvame nivnata volja.Samo ima nesto drugo sto nekako ne go razbiram,a toa e i onie vo Juzna Osetija ne sakaat da ziveat vo Gruzija, a nie na kutrite ne im ni cestitavme.Ima uste nesto.Sto ako albancite nesakaat da ziveat vo Makedonija?!!! mislam deka i togas treba da se pocituva nivnata volja.
Од: srbin vo Makedonija
Датум: 11.10.2008 15:39:47
se prasuvam zosto posle vakviot cekor na vladata stoilkovic uste e vo pozicija?zosto ne ja napusti vladinata koalicija?ili foteljata mu e mnogu topla pa i po cena na srbija ne ja ostava?
Од: zabegan
Датум: 11.10.2008 16:13:27
zasto ne go dadovte na referendum.
Од: makedonec od amerika
Датум: 12.10.2008 01:01:46
stramno ! i posle ke ni kazuvaat za nekoi interesi ,sto amerika in obecala vladata uste ne go znae amerikanskiot mentalitet prvo treba da go nauci kako amerikancite razmisluvaat , a nasite politicari od sto se nesigurni vo sebe i uplaseni da ne ja izgubaat funkcijata vo parlament eden den i drzavata ke ni ja prodadat !
Од: Vistinski Srbin od Makedonija
Датум: 12.10.2008 12:41:45
Se prasuvam sto ke dobies ti, kako "Srbin od Makedonija", dokolku Stoiljkovik, kako tvoj pretstavnik vo vlasta, izleze od vladeackata koalicija?
Од: kole
Датум: 12.10.2008 18:21:23
Jas naprotiv ne gledam nikakva teskotija... dojde golemiot batka od Amerika i mu svirna na sverceron od Crna Gora Gjukanovich i na nasevo ministerce MILOsoski i... rabotata e zavrsena...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Реалноста Косово
Признавањето на Косово ја револтира Србија
Гасот поскапува за 17,66 отсто
Марти Ахтисари доби Нобелова награда за мир
Исправна одлука, но во лош тајминг
Македонија не ги зголемува гаранциите на влоговите
Раздвоени патишта
Каде е Хисен?
Не би требало да има економска блокада сметаат во Скопје
Светските берзи пак паѓаат
Сторијата за Лужичките Срби
Предизвици без прашина
Карикатура
Потегот на Скопје и на Подгорица е успех за Приштина
Verbatim
Воздржаност за предлогот ��а Метју Нимиц