Проширен коловозот на „Железничка“
Поради поголема безбедност во сообраќајот и поблаго свртување влево е скратен пешачкиот остров на раскрсницата на булеварот „Свети Климент Охридски“ со улицата „Железничка“. Јавното претпријатие „Улици и патишта“ со скратувањето на пешачката површина ја прошири коловозната лента на улицата „Железничка“. (С.Н.) |