Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Катната гаража ги изеде парите од ребалансот на буџетот

Градот уште еднаш крена раце од грижата за бездомните лица

Сања Наумовска



Опозицијата во Советот на Скопје го дочека на нож ребалансот на буџетот на Градот, додека мнозинството советници го оценија како пример за домаќинско работење на градоначалникот Коце Трајановски. Во најновиот ребаланс, практично, намалувањето на очекуваните приходи е само 7 милиони денари, за разлика од прераспределбата на многу поголеми суми од една ставка во друга. Така, за сметка на некои многу важни проекти, како што е, на пример, оној за ставање во функција на езерото „Треска“, или згрижувањето бездомници и домашната нега на изнемоштените лица, парите сега ќе отидат за изградба на катна гаража и за субвенционирање на јавните претпријатија.

За некои советници, ова е само игра на градската администрација со приоритетите, што за граѓаните ќе значи одложување на одредени важни проекти, како што се водоводни системи, управување со сообраќајот и слично. Опозицијата негодуваше поради малото кратење на средствата, кое, според нив, не соодветст��ува со брзината на полнење на градската каса.

„Само 14,9 проценти од приходите се прибрани во буџетот, па сметаме дека предложениот ребаланс не соодветствува со реалната состојба“, рече советничката од СДСМ, Софија Куновска, според која, ослободувањето на централната власт од парите за комуналии за нејзините проекти го осиромашува буџетот.

Градоначалникот Коце Трајановски, пак, презентираше спротивни бројки, според кои, полнењето на буџетот е за 50 проценти поголемо отколку во истиот период лани.

„Сметам дека ребалансот ќе помогне проектите да функционираат во рамките на реалните можности на Градот“, рече Трајановски. Ќе има пари за сите капитални проекти, како што се „Илинденска“, „Србија“, „Македонска војска“, „Благоја Стевковски“, како и за реконструкција на патот кон Рашче и за системот за отпадни води во село Лисиче.

Едно од најголемите кратења е од проектот за езерото „Треска“, каде што од вкупно 30 милиони денари, средствата се намалуваат за цели 20 милиони. Приближно толку се скусува и од проектите за јавно осветлување, додека од 6 милиони денари предвидени за Противпожарната бригада, останува само 1 милион, а со нула денари остануваат ставките за згрижувањето бездомници, домашната нега на изнемоштените лица, како и Центарот за рехабилитација на зависници.

Од парите првично наменети за овие проекти, дури 56,5 милиони денари ќе се искористат за катната гаража, од кои 15,5 милиони се за експропријација на земјиштето на кое ќе се гради. Одлуката за изградба на катна гаража, која се донесува на средина на година и која не била воопшто планирана при кроењето на буџетот во почетокот на годината, за опозицијата во Советот е несериозна.

„Дали толку лошо е планиран буџетот во почетокот на годината, што само 6 месеци подоцна трпи вакви распределби?“, праша советникот Игнат Виларовски, кој нагласи дека проектот за езерото „Треска“ не може да се компензира со изградба на градска плажа.

Од ребалансот ќе имаат корист и јавните претпријатија. За „Улици и патишта“ се одвојуваат 30 милиони денари, за „Паркови и зеленило“ 24,4 милиони, а за „Комунална хигиена“ 20 милиони денари. Парите што ќе ги добијат се наменети првенствено за зголемување и за обновување на возниот парк на претпријатијата, најави градоначалникот. Околу 50 милиони денари ќе му се исплатат и на АД „Бутел“ за одржување на градските гробишта, поточно за ставките за одржување на зеленилото, улиците, осветлувањето, како и за изнесувањето на сметот.


#
Статијата е прочитана 565 пати.

Испрати коментар

Од: trpe original
Датум: 22.06.2010 10:53:56
Ima li pari za plazite, za novi spomenici....a za ulici i patista nema, za avtobusi nema...Kradci!
Од: teodora
Датум: 22.06.2010 11:59:11
Ako e smalen bugjetot za gradskoto osvetluvanje,vo red e za tolkav procent da se smali smetkata na domakinstvata sto ja plakaat za toa osvetluvanje-taka i gragjanite da stedat,kako sto stedi Gradskoto sobranie,a vaka ispagja deka gragjaniteplakaat dANOK kojsto so nisto ne im se vraka.Koja e taa matematika na g.Trajanoski.

Најди! во Утрински
Скопје
Избран најубав двор во Ченто
Проширен коловозот на „Железничка“
Се коси дивата трева на кеј