Број 3084  сабота, 12 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Одговорноста ја исфрливме од политичкиот речник

 

Политичката одговорност остана само убав збор на хартија, но во практика ја нема

Светлана Унковска

Одлуката на премиерот Никола Груевски да не ја прифати оставката на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески поднесена како чин на морална одговорност поради трагедијата во Охридското Езеро ја избриша моменталната илузија дека, сепак, прашањето на понесувањето одговорност ќе стане политичка категорија и во Македонија. Во овие 18 години, и по толку многу несреќи, трагедии, афери, скандали и што уште не досега само еден единствен министер заминал од функцијата, како резултат на прифаќање морална и политичка одговорност. По паѓањето на двата авиона во 1993 година, тогашниот министер за сообраќај, Антонио Пешев, поднесе неотповиклива оставка, но досега ниту еден друг не се осмели истото тоа да го направи. Прашањето на поднесување оставки кај нас е сведено на формалност, од кое, генерално, произлегува дека се' се сведува на традиција на политичари кои не одговараат за ништо. Самата непримена на институцијата одговорност е дискутабилна и спорна и го дегенерира целиот општествен систем, сметаат професорите по политички систем. И тие како и опозицијата деновиве, сметаат дека потегот на Груевски да го амнестира министерот значи дека тој самиот ја презема одговорноста за несреќата врз себе.

„За волја на вистината, досега не сме имале конкретна политичка одговорност на нашите функционери. Оставката е уставна категорија, но, сепак, овде се значајни две прашања - дали таа е поднесена формално по која треба да се произнесе премиерот или, пак, е неотповиклива. Ако министерот се определил да ја поднесе како морален чин и смета дека носи политичка одговорност, тогаш не треба да се дозволи да се произнесува премиерот, туку треба да биде категоричен во својата изјава“, смета професор Осман Кадриу. Тој констатира и дека самото неприфаќање на оставката од страна на премиерот предизвикува одредени политички импликации во земјава, но, исто така, е сигурен дека и надворешните релевантни органи негативно ќе го оценат тоа.

„Кај нас фактички институтот политичка одговорност е исклучен од нашиот политички речник. Уставот ја уредува политичката одговорност на сите функции, но, за жал, тоа не се применува, поради што ни се јавуваат девијации со постојани кризи и афери. Политичката одговорност остана само убав збор на хартија, но ја нема во практика“, оценува професор Кадриу. „Сепак, станува збор за една трагедија за која министерот според својата функција нема субјективна одговорност, но, објективно, сепак, е одговорен“, додава професорот и смета дека премиерот морал да ја прифати таа оставка.

Очекувањата, пак, на професорот Јове Кекеновски биле дека по критиките за афери и извештајот за ревизијата, најпосле премиерот Груевски ќе можел на елегантен начин да се ослободи од еден од своите послаби минис��ри, кои не покажал резултати за време на своето министерување.

„Зошто ја пропушти шансата да донесе подобар човек што ќе го води овој ресор - не знам. Но, во секој случај, да беше искрена оставката, таа ќе беше и неотповиклива, туку е дадена во еден момент да се одвлече вниманието од пропустите кои излегоа на површина и било очекувано дека нема да биде прифатена. Очигледно е дека тоа беше само игра и ништо повеќе. Ова е лошо за Македонија, затоа што и Би-Би-Си и Си-Ен-Ен објавија за оставката и мислам дека во светот тоа беше сфатено како прогрес во демократските процеси кај нас“, вели професор Кекеновски.

Експертите се согласни со она што деновиве го изјавија опозиционерите дека со тоа што Груевски го ослободува својот министер од одговорноста, практично вината си ја префрла на себе или на целата влада. Но, она што според нив особено загрижува е функцијата што си ја презеде пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. „Со самиот факт што премиерот бегло преминува преку оставката, сигурно е дека тој одговорноста ја презема на себе и влегува во една конкретна политичка одговорност која треба да се цени од другите органи пред кои одговара, односно пред парламентот. Може во краен случај да се поведе постапка и за доверба на Владата“, вели Кадриу.

Но, токму контролата на законодавната над извршната власт кај нас се покажала како нефункционална, затоа што одлуките најчесто ги надгласува мнозинството. Па, оттука и пратениците од власта се ставаат во улога на заштита и затоа и министрите се во една комотна позиција и се нема одговорност.

„Тоа беше повеќе од фарса што се направи со пратеничката група и повеќе се докажува дека законодавната власт е во функција на извршната власт. Па, оттука начелото на поделба на власта кое функционира во демократските системи излегува дека кај нас се негира и со тоа се изместуваат основните вредности на еден политички систем“, истакнува професор Кекеновски.


#
Статијата е прочитана 1311 пати.

Испрати коментар

Од: MKD
Датум: 12.09.2009 02:11:36
Бараме одговорност за ХАОСОТ во кој живееме. Бараме одговорност и за продолжувањето на ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО. Одговорност и за хаосот и преседаните во Македонската таканаречена ДИПЛОМАТИЈА. Сведоци сме на сериозни инциденти кои и наштетуваат на државата, државните интереси и Македонецот воопшто. Бараме КАЗНА за сите досегашни велепредавници, предавници и штетни елементи по Македонија и Македонецот!
Од: Kolo Diamantot
Датум: 12.09.2009 04:17:45
Sto dobivaat udavenite ako se smenet ministerot. Tova e beznacjno, taka trebalo da bide i toa pravilo vazi za site sto ginat niz svetot.
Од: kris
Датум: 12.09.2009 07:37:25
A sto ima vo praktika koga se na vlast VMRO-vcite??????????????? Samo unazadena i unakazena Makedonija, nisto drugo !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: BG Mak
Датум: 12.09.2009 07:55:24
Makedonija ima vkupno 3 brodovi i ediniot vekje potona nasred bel den vo ramno ezero - tova e sram neviden! Sravnete sega so Grcija, Slovenia, Hrvatska i Bugaria so so stotici (za Grcija: iljadnici) brodovi vo Tihiot, vo Indiskiot okean, Severnovo More, Panamskiot kanal...!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 12.09.2009 08:03:55
Одговорноста веќе со децении не живее на оваа адреса,таа не се практикувала 0д 1945 год. па наваму.Од заслужните дејци кој се вселија на Водно и други македонски брда во куќите на клетата буржазија на конто на нивното учество во НОБ и нивните потомци инсталирани во повеќепартискиот систем.Овие денешниве инсталирани во двете опции мислат дека се во мисија на просветлување на народот и дека им следува по попат да ги наполнат џебовите демек како награда за просветлувањето.Затоа побргу ЕУ и појава на менгеме за просветлувачките гениталии.
Од: јас
Датум: 12.09.2009 09:15:09
До Kolo Diamantot : Ти , дечко не си свесен колку глупости тресеш?! „Што ќе добиеле удавените од смената на министерот“ ?! Дали ти си чул за правда и одговорност.Не дај Боже некој од твојата фамилија да настрада, па тогаш дали ти на цел глас ќе го бараш одговорниот или не?!Или во тој случај важи одговорноста , кога се работи за твоја кожа ! Дај човече потприбери се и не трескај зелени!!
Од: do koga
Датум: 12.09.2009 10:21:15
Абре овие дебелокожци отапеле и ништо не чувствуваат,немаат ни срам ни перде.Во очи те гледа и те лаже.Тоа го можат само луѓе без трунка совест.Каде ќе им одат душите вака што му прават на сопствениот народ.
Од: kalimero
Датум: 12.09.2009 10:46:54
Vo Makedonija e najbitno da mozes da ukrades. Sto poveke, tolku si pouspesen. "Uspesnite" od damna svatile deka ova ne e drzava, odgovornost nema, kazni nema, moral pa ic, zato sekojdnevno ostvaruvaat "uspesi". Ostanatite neka se nadevaat deka Gospod ke gi nagradi.(gore na neboto). Dodeka ovde ne se sluci Revolucija, nisto ne pravime. Do tamu doguravme. Do Revolucija.
Од: Donald Duck
Датум: 12.09.2009 10:54:37
Portokalive go pretvorija narodot vo ovci, (pr.kako Kolo Dinamitot - vidlivio od negoviot komentar), i go tretiraat svojot narod kako stado ovci. Vakva degradacija na civilaciskite i moralni normi ne se zapamteni vo istorijata na MKD. Se prasuvam se pocesto, ima li ovoj narod voopsto mozok? I dokolku go ima, sposoben li e da misli? Ne se raboti samo za kutrite bugarski turisti, tuka bi gi vbroil i nemilosrdnoto trosenje na deviznite rezervi, izdavanjeto na drzavni zapisi, kineskite avtobusi, finansiski malverzacii vo site ministerstva, opsta talibanizacija na drzavata (zabrani za abortusi, idiotski zakoni za treto dete, veronauka vo ucilistata), patriotski fiskalni, kriminalec vo ministerstvoto za pravda (a i vo site drugi ministerstva), matni tenderi vo MVR (a i vo site drugi vladini institucii) itn, a rejtingot im e seuste visok blagodarenie na EPP-to. Narode makedonski, ne gi gledaj reklamite, gledaj go produktot sto ti go nudi ovaa Blada - siromastija, i prezadolzenost.
Од: Венцислав Чадиковски
Датум: 12.09.2009 19:39:58
секој пловен објект треба да има онолку појаси за спасување за колку и е регистриран - можеби затоа требаше да биде прифатена оставката, ова докажува дека во оваа држава силеџиството е присатно и во власта и никој неможе да се осека и морално одговорен
Од: Кире
Датум: 12.09.2009 23:25:51
Единствен министер во историјата на македонија кој поднесе неотповиклива оставка од морални побуди, беше Антони Пешев. Тој ја поднесе оставката, иако ниту тој ниту Министерството што го водеше немаше ниту директна ниту индиректна вина, заради паѓањето на авионот Фокер на Скопскиот аеродром. Вината беше техничка грешка кај самиот авион, значи вината беше кај производителот, но сепак Пешев не се двоумеше да поднесе оставка. Тоа е висок МОРАЛЕН чин, тоа е човек со висок интегритет. А Јанакиевски?
Од: Mene do Vas
Датум: 13.09.2009 10:51:35
Odgovornosta e kaj narodot. Tie biraat, izbiraat, prebiraar. I ko po slucajnost sekogash edni te isti. Dokazani lopovi, lazgovci, kradci. Narode neodgovoren ce placash uste dolgo za negrizata.

Најди! во Утрински
На прво место
Медиуми бараат оставка од првиот полицаец на Франција за расизам
Списокот не е подготвен за вонредни избори