Брoj 2814  петок, 17 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Иконостасот за манастирот на Тоше ќе тргне за Крушево во април

Во Кралево од прилепски мермер се обликува иконостасот за црквата што беше животен сон на Проески

Билјана Јовановска

Далеку од очите на јавноста, во четирите ѕида на своето ателје во Кралево, академскиот скулптор Милан Ракочевиќ го оформува иконостасот за манастирот „Св. Преображение“ кај Крушево. Прилепскиот мермер „сивец“ го обработува со многу љубов, знаење, грижа... со строго придржување кон православната традиција.

И со огромна почит кон трагично загинатата македонска легенда Тоше Проески, кому животен сон му беше завршувањето на манастирот „Св. Преображение“ во близина на родното Крушево. Без сомневање, иконостасот ќе биде онаков каков што си го замислувал Тоше во своите мечти. Многу сличен на оној во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, кој многу го бендисал. Нема причини желбата да не се реализира, зашто Ракочевиќ е автор и на охридскиот и на неколку други иконостаси изработени од истиот мермер.

Во почетокот на годинава авторот двапати престојувал во Крушево кај семејството Проески. „Се совпаднаа барањата на родителите на Тоше и моите интенции за изработка на иконостасот. Договорот со нив одеше лесно. Се најдовме како верници - и тие и јас инсистираме на црковното предание“, ни раскажа Ракочевиќ. Жали што лично не го запознал Тоше, но вели дека ја следел неговата кариера.

Првичната желба на Тоше била иконостасот да биде изработен од дрво, но во долгите разговори со татко му Никола, сепак, изборот паднал на прилепскиот мермер. Најблиските раскажуваат дека Никола инсистирал иконостасот да биде во мермер, зашто „...местото е високо, над 1.700 метри, дрвото нека трае стотина години, потоа ќе пропаѓа...“ Тоше го прифатил објаснувањето на таткото и рекол: „Добро, чале, нека биде од мермер. Потрајно е“.

Есенва Ракочевиќ го очекува семејството Проески во Кралево. Да го видат сработеното, да ги кажат евентуалните забелешки. Дотогаш авторот настојува да сработи колку што е можно повеќе. Во ателјето поминува по 10 часа дневно. Во 7 часот наутро прво ќе му се помоли на Бога, па дури потоа се фаќа за работа. В раце ја зема мацолата тешка еден килограм и во „сивецот“ удира по 50 пати во минута. За обичните посетители, правот што се крева е неподнослив. „Работата е напорна, мачна. Мермерот можат д�� го работат само најупорните, најпосветените. „’Сивецот‘ е исклучително квалитетен, меѓу најдобрите на пазарот и убаво се работи“, ни објаснува Ракочевиќ и шеговито забележува: „Навлечен сум на каменот. Кога воздухот е премногу чист, ми пречи“.

Во текот на месецов планира да ги заврши парапетните плочи, а ги има вкупно шест. На нив ќе бидат поставени столбовите со богата резба работена по угледот на цариградските, светогорските, охридските цркви и манастири. Ретко дозволува денот да му помине без обработка на камените плочи. Всушност, како голем верник, не работи само на верски празници.

Договорот со семејството Проески сака да го испочитува. А тоа подразбира транспортот на иконостасот да биде во април. Тогаш, во манастирот „Св. Преображение“ кај Крушево го очекува најмачниот дел од работата - монтажата. Вели дека секогаш има мали отстапки од проектот и таму, на самото место, ќе ги сече камените делови. Се' мора да биде онака како што налага православната традиција, зашто иконостасот е поврзан со потребите на литургијата. Распоредот е класичен - иконостасот има три отвори - за Царските двери, за Проскомидијата и за Ѓанониконот. Сето тоа треба да се вклопи во манастирската црква, чија внатрешност деновиве се приспособува кон строгите православни барања. На оние кои од најразлични делови на Балканот доаѓаат таму за низ работа да го дадат својот личен придонес кон ова здание, тоа не им паѓа тешко. Бројните фанови на Тоше помагаат колку што можат.

Крушевчани, а семејство Проески особено, живеат за манастирот. Неговото довршување како своевиден аманет им го остави Тоше. Она што го работи Милан Ракочевиќ е само дел од сонот на македонската мегаѕвезда.


Статијата е прочитана 1785 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Плоштадот во Скопје потопен во солзи
Џамбо-плакати на Тоше осамнаа во Загреб
Непресушна тага по Тоше
Балканските медиуми за годишнината од погибијата
Маратонците тргнаа во 6,20 часот од Нова Градишка
Ѕвездени моменти низ фотографии
За битолчани Тоше има само датум на раѓање