Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Зошто мораше да замине Славевски

Наводно, вицепремиерот Зоран Ставрески ја заговарал смената на министерот

Соња Маџовска
Александрија Стевковска


Лични несогласувања или незадоволство од работењето на министерот за финансии Трајко Славески – тука треба да се бараат причините за неговото разрешување од премиерот Никола Груевски? Неофицијално, минатата седмица меѓу Славески и Груевски имало остра караница, со лични навреди, на која премиерот му се заканил на министерот дека нема да ја чека неговата оставка, туку оти самиот ќе го разреши.

Очигледно, Груевски не успеал да го убеди Славески сам да си поднесе оставка, поради што премиерот ги реализирал заканите, иако Славески цело време му беше лојален на Груевски во сите турбулентни времиња.

„Знаев дека има предлог за разрешување, но не знаев во која форма, додека не го добив писмено. Разговаравме со премиерот неколку пати и право е на секој премиер да оцени. Тој посочи дека има намера да прави реконструкција. Денеска ќе одговорам по наводите во предлогот за разрешување“, изјави вчера Славески.

Иако тој ќе се бори до последен здив и ќе бара поддршка од пратениците да не го разрешат, сепак, свесен за денешниот исход, веќе има обезбедено враќање на старото работно место, како професор на Економскиот факултет. Наспроти неговата очигледна вознемиреност од одлуката на Груевски, веќе наголемо се шпекулира дека му е најдена друга фотелја. Една од опциите е тој да го замени гувернерот Петар Гошев, а втора е да замине за амбасадор.

Инаку, официјално, во предлогот на премиерот до Собранието за неговата смена се наведени неколку многу општи и на прв поглед безначајни причини. „Како причина за разрешување на Трајко Славески, министер за финансии, пред истекот на мандатот, ја наведувам потребата за зајакнување на организацијата и ефикасноста во работењето на Министерството, како и зајакнување на координацијата на институциите за кои тоа е надлежно, и пошироко со другите институции со кои соработува, во насока на поуспешна реализација на фискалната политика и поефикасно спроведување на програмата на Владата“, напишал Груевски.

Разрешувањето е ковертирано завчера, но Славески лесно не се дава. Денеска ќе го каже своето. „Ќе има извинувања“, изјави вчера тој на брифингот. Славески имаше храброст да се појави на настан кој претходно беше закажан. Кога пред една седмица Ивица Боцевски повлече нога и се шпекулираше дека тој е следниот, Славески изјави дека не се чувствува исцрпен и дека може уште многу да придонесе во Владата.

Дали денеска ќе „летаат партали“ и ќе излезе на површина целата валкана облека и тоа што Славески една година наназад, откако неговото име се врти во секоја комбинација за реконструкција на Владата, го потиснувал?

Вчера тој изгледаше како да му е прелеана чашата со трпение и оти е подготвен да се изјасни за несогласувањата во Владата. Останува да видиме како ќе возврати.

Лошите економски резултати ја зедоа првата жртва. Излегува дека Славески е најодговорен за последиците од кризата, со која очигледно министрите не можат да се справат, иако тој само ги спроведуваше политиката и желбите на премиерот Груевски, како и на целиот кабинет.

Одамна се шпекулира дека досега лична нетрпеливост немало меѓу него и Груевски, туку тензијата ја наметнувал вицепремиерот Зоран Ставрески, кој фактички ќе го наследи. Според наши извори, Ставрески бил, всушност, главниот кој притискал за смена на првиот финансиер, под изговор дека не ја извршува добро функцијата. На Славески му се забележува за неефикасно спроведување на владините проекти и реформи, како што се, бруто-плата, патриотски фискални сметки, како и лошо справување со кризата. Неофицијално, Слевески не понудил ниту една антикризна мерка, туку чекал другите министри да го сторат тоа. Не успеал да ги задоволи ниту апетитите на Владата со екстремните буџетски трошења за непродуктивни цели, поради што буџетот остана празен, па мораше да се оди на скапи задолжувања на домашниот и на странскиот пазар. Се шпекулира дека тој не се согласувал со расфрлањето со пари и бил против склучувањето аранжман со ММФ. Во тој контекст, тој веќе и' предложил на Владата да пристапи кон подготовка на нов ребаланс на буџетот, но демантираше дека постоело несогласување со премиерот за клучни прашања.

„Имавме консензус за ММФ. Доколку јас сум пречка за склучувањето аранжман и ако тоа ми беше кажано, ние сакаме аранжман, но не можеме поради тебе, ќе поднесев оставка“, изјави Славески. Иако не е застапник на непродуктивни трошења, тој, сепак, го оправдува инвестирањето во спомениците, оценувајќи го како есенцијално трошење. „Инвестициите во културата се оправдани. Мислам дека она што се започнало треба да се одвива според програмата“, вели Славески.

Нему му се забележува и за неконзистентна политика, давајќи изјави и коментирајќи ги економските случувања на дневна основа, без при тоа да се усогласи со владиниот врв. За тоа има многу примери. Последното несогласување се случи кога излегоа податоците за падот на БДП во првиот квартал, при што еден ден Ставрески изјавуваше дека најлошото поминало и дека добро сме го пребродиле кризниот период, додека следниот ден Славески рече дека најлошото допрва доаѓа.

Многу често на површина излегуваше и неговиот избувлив темперамент.

Славески успеа да се конфронтира со повеќе фактори, домашни и меѓународни, и со тие од спротивната политичка опција, но и со оние од неговата страна. ММФ, светските рејтинг-агенции, министерот за земјоделство Ацо Спасеноски, министерот за економија Фатмир Бесими, пратеници... се само дел од листата ликови и институции со кои првиот финансиер влезе во отворена и јавна вербална војна, без тактика и воздржаност.


#
Статијата е прочитана 6125 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 10.07.2009 00:22:55
Зошто Анџелика Џоли мораше да замине од владата?Па така беше напишано сценариото од фирерот.Сега Трајко под хитно од волк ќе премине во кротко јагненце.Колкава ќе биде хонорарот само тој и на македонскиот сценарист им е познато..А ако во кладилниците постои кладење,типувам дека веројатностите ,сменетиот професор од ученикот ке премине на гувернерската функција.Само и овде ако ,кумот Ставре не ја стави шаката.Како што е познато кумот има голема лева шака а префрла во десниот џеп.А тоа му одговара на ученикот од вечерното училиште од Прилеп,кој од економија дали ја препознава само буквата Е ,ако не е поврзана со ЕПП.
Од: Торбеш од Струга
Датум: 10.07.2009 00:46:48
Го жалам Славески тоа му доаѓа жртвено јагне на пастирон кога слепо одеше по неговите стапки. Сега ако сака нешто добро да направи за Македонија нека се искаже сега да го раскринка боксерон оти Македонија отиде јабана со оној ставрески кој се што направи све је однопаку ///хвала
Од: jovan
Датум: 10.07.2009 01:42:01
kasno e vke da se vadi pred javnosta ako ne se slozuval so dosegasnata politika koja ja upropasti mak.ekonomija trebalo da si zamine, a ne se soglusauva na se dodeka n ego smenat a otkako k ego isfrlat togas ke kazuva
Од: jimmy1
Датум: 10.07.2009 03:09:24
Vo vladata vrie, no se uste ne e prekipeno. Ke prekipi koga narodot ke se krene i ke gi isfrli site do eden od vladata i od sobranieto. Nitu eden od ovie huligani, lopovi ne e sposoben za svojata funkcija. Po se izgleda deka Grujo mu e golem dolznik na starecot sto ne go menuva, sigurno se vo prasanje nekakvi crni zdelki, pa ako antikorupciska navistina postoi treba da se pozanimava so toa. Ako nekoj trebase da si odi, toa trebase prv da bide grujo i toa mnogu poodamna koga podnese lazna imotna lista ili posle stote cekori, zosto za negovite sto cekori tolku mnogu e oplacka Makedonija sto nikoj drug ne bi go napravil toa za sto godini. Tesko e dodeka pocne klopceto da se odmotuva, a odkako ke pocne poleka sve ke ispliva na povrsina.
Од: Goce
Датум: 10.07.2009 04:21:25
Kaj nas vikaat: Koj gubi, ima pravo da se ljuti !
Од: mitko gleda finansiski krah
Датум: 10.07.2009 04:47:05
Stavre-Kumot e mnogu loso resenie, toj od site detista vo ovaa Vlada e najneizivean i najprimitiven. Ne se nadevajte na nisto dobro. Trajce za nego e mislovna imenka.
Од: koki
Датум: 10.07.2009 06:51:14
Zatoa sto e nezadelkan kako site VMRO-vski cepeniciiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiii.......................
Од: iulo
Датум: 10.07.2009 06:54:43
Slaveski napravi golema steta na Makedonija.No toj si go slusase Grujo a se znae deka ne smee nikoj da se skara so Grujo.SE gleda deka e razresen po zelba na ovcarot
Од: Чак Норис
Датум: 10.07.2009 08:28:03
Ја спасив Анџелина Џоли, а тебе брат те спасија несакајки...
Од: iki
Датум: 10.07.2009 08:49:55
Slavevski ne cinel aloooooooooo kaj zivee ovoj Grujo pa slavevski dosega go vadese kako ne mu e stram na premjerceto ,i sto misli sega Stavrevski ke ja poravi rabotata smrski do smeski GRUJO zemi si gi partalite poklonise pred AHMETI posto i toj ti e svetinja i da te nema GOTV E!
Од: Donald Duck
Датум: 10.07.2009 08:57:05
Kako i vo site totalitarni opstestva, vo nedostatok na vistinski neprijateli (vekje im go nema Crvenkovski, koj im bese dezuren vinovnik za se), Despotot pocnuva da gi zrtvuva svoite, se so cel da se oddrzi rejtingot... Pazete se vmrovcinja, Pastorot site kje ve prodade da se oddrzi na vlast.....
Од: skopjanec
Датум: 10.07.2009 09:10:21
Da ne se lazeme, ovie cistki ne se od Grujo tuku se od EU. Da ne zaboravime Makedonija e 80% protektorat. Prosto receno kako ke ni svirat, taka i ke igrame.
Од: od mene
Датум: 10.07.2009 09:20:40
Господа министерот за финансии Трајко, водеше многу конзистентна економска политика, меѓутоа алчноста на неговите партиски другари го направи своето.
Од: objektiven
Датум: 10.07.2009 09:54:34
Smesni ste utrinski a smesni se i nepismenive komentatori. Utrinski pa vie go urivate sekoj rekord na zolt pecat. Poveke licite na nekoj si "gossip" hollywood tabloid otkolku na 3 najgolem vesnik vo MK. A ovie od SDSM mozat slobodno da se cesaat zatoa sto narodot se izjasni im dade absolutna doverba na VMRO i gi kazni SDSMovcite za site zla sto i gi napravija na Makedonija i Makedonskiot narod. Utrinski imajte doblest i objavete komentar sto ne ve podrzuva vo vasite statii a ne samo od vasi privzanici i kucinja sto samo laat.
Од: Професорот
Датум: 10.07.2009 09:55:56
Зошто си заминува маѓионичарот.Само тој и Грујо можеа да ги намалат даноците и да го наполнат буџетот,да ги зголемат каматните стапки и да ги потикнат инвестициите,да се судат со странските инвеститори и повторно да ги привлекуваат,да инвестираат 8 милјарди евра без да изградат ниту една фабрика....
Од: Teodora
Датум: 10.07.2009 10:20:10
Значи,ако ви се случи непријатност во странство и побарате помош во македонската амбасада каде би бил-ако биде г.Славевски амбасадор,тогаш не очекувајте ништоЧодобро ќе ви биде некоја сопстена вредност да дадете под хипотека пред да појдете во таа замја,зашто од г.Славевски можете да добиете само чекање за консултаци со премиерот.Што овој господин направил,а претходно да не било аминувано од премиерот,а сега премиерот го разрешува! Ништо,и тоа ништо му се враќа.А направената штета од избегнувањето на ММФ-а се знае дека тоа е за да се нема контрола на будаластото исцрпување на бухетотбуџетот,е непоправлива.Инвестици нема,пропаѓа производство,работниците на улица,а неквалификуваните добија паркинг рампи,а ке дојбијат и домарски работни места-се од продуктивно попродуктивно...
Од: Sofija
Датум: 10.07.2009 10:38:45
sladka e ministerskata fotelja, pa ja branat i so race i so n oze a bogami i so letanje na partali
Од: od mene-realnost
Датум: 10.07.2009 10:43:19
Vo Vladata vrie,no od esen ke prevrie,od nivnite KRIMINALNI firmi i luge.SAmo trpenie. Ministerkata na MVR ne ja menuva zasto krie KRIVICNI PRIJAVI,vo koj se vmesani luge od PARTIJATA. OD esen ke bide pojasno koj i kako.
Од: kaktus
Датум: 10.07.2009 10:57:36
З`ш не се повикат на “историската“ заслуга за воведвењето на бруто платата ? Вака испаѓат од кол на кол.......
Од: trajko
Датум: 10.07.2009 11:03:00
Trajko za premier
Од: ввв
Датум: 10.07.2009 12:34:39
Ја гледам седницава и се чудам на ова п‘емиерчево.Гледајте народе и чудете се за што гласавте.
Од: trajce mk
Датум: 10.07.2009 13:21:40
Zosto tolku vreva? Narodot mu ja dade poddrskata na premierot i normalno e da ima rekonstrukcija.E sega toa sto ne vi se dopaga Vas t.e. propast na Makedonija ako ne ste Vie ministri e samo vas problem.PODDRSKA za GRUJOSKI!!!
Од: marika
Датум: 10.07.2009 14:35:28
na gruevski site mozete samo voda da mu nosite kaj covekot maka maci da obezbedi plati vo ovie teski vreminja i kolku tolku da ne se oseka kriza vie obicni smrtnicinja jadete burek da vi bea onie drugite ke imavte poveke eeeejjj aaaaalllllllllooooooooo.
Од: Do Slavevski
Датум: 10.07.2009 15:37:26
Pocituvan Profesore Slavevski , funkcijata Minister ja napustivte najdostoinstveno , so krenata glava vo Parlamentot. Vistinskite pricini ne gi znaeme, no samo edno ke kazam deka ,, najlesno e da se pluka po necija rabota,, .Zad vas ostanuvaat reziltati , sto ke go potvrdi sekoj obicen graganin , nezatruen od tugi intersi. Veruvam deka seuste imate sto da napravite za makedonskata ekonomija. Zatoa bez razocaruvanje , bidejki starite vmrovci navistina Ve cenat kako ekonomski ekspert. Znaete li koj se plashi od Vas ? Pa onie koi prepisuvaat na fakultet.

Најди! во Утрински
На прво место
Само Маневски се спаси
Министрите на ДУИ на дневен ред во септември?
Нема меден месец за новите министри, порача ЕУ