Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Скопје

Под Бурмали-џамија немало црква

Првиот христијански верски објект на десниот брег на Вардар бил изграден во втората половина на 19 век, а тоа била католичката капела

Д-р Коста Балабанов


Во едно неодамнешно интервју, премиерот Никола Груевски рече дека барањето за изградба на Бурмали-џамијата дополнително се комплицира, бидејќи МПЦ тврдела дека таа џамија била изградена врз темелите на урната црква за време на Османлиското Царство, така што на некој начин и таа полагала интерес за тоа земјиште. Од погоре кажаното, јасно произлегува дека споменатата информација премиерот ја добил од МПЦ, бидејќи во интервјуто тој вели дека „МПЦ тврди дека Бурмали-џамијата била изградена врз темелите на урната црква за време на Османлиското Царство“.

Сакам да се обратам до МПЦ, а не до премиерот, и да прашам врз основа на кои историски изворни документи или кажувања МПЦ дошла до сознанието дека Бурмали-џамијата била изградена врз темели на некоја урната црква, па врз основа на таквите сознанија го информирала премиерот и тврдела дека таа полага интерес за тоа земјиште?

Тврдењето на МПЦ дека на локацијата на која била изградена Бурмали-џамијата порано постоела некаква црква, едноставно не одговара на вистината. Сметам дека се работи за една веќе од поодамна зачестена практика, под секоја џамија да се бара траг од постар христијански објект. Точно е дека под некои џамии изградени во Македонија се откриени траги од христијански објекти, но случајот со Бурмали-џамијата не е таков. Тоа дека под Бурмали-џамијата никогаш немало траги од каква било црква, најречито зборува анализата на единствената досега позната и зачувана гравура посветена на градот Скопје, а изработена во втората половина на 15 век од холандски сликар, кој во тој период престојувал во градот.

На нашата јавност оваа гравура и' е позната по многубројните презентирања во различни изданија, почнувајќи од тритомната Историја на Македонија, па низ бројните туристички водичи и други изданија врзани со презентацијата на градот Скопје. За оваа гравура пишував и јас, настојувајќи да ја презентирам нејзината важност за сознанијата за историскиот развој на градот Скопје во периодот од 15 и 16 век, укажувајќи притоа и на некои јасно видливи манипулации со овој значаен историски документ. Во книгата „Старата скопска чаршија“, која излезе од печат во Скопје во 1994 година нагласив дека Бурмали-џамијата била изградена на десниот брег на реката Вардар, веднаш по завршувањето на градбата на Камениот мост, кој бил изграден за време на сул��анот Мехмед Втори Освојувач (1451-1481) и нема никаква врска со градежната активност на императорот Јустинијан Први.

Анализата на оваа гравура, недвојбено покажува дека нејзиниот творец лично престојувал во Скопје и дека многу јасно и уверливо го насликал она што го гледал пред себе, не испуштајќи ниту еден позначаен детаљ. Од позиција на десниот брег на Вардар тој го сликал Скопје (Долен Град), расположен на левиот брег на реката и делумно теренот од десниот брег што го гледал пред себе. Во Долен Град тој ги насликал постојните објекти од тоа време, меѓу кои, во прв ред, манастирскиот комплекс на најзначајниот скопски верски објект посветен на св. Ѓорѓи Победоносец (Св. Ѓорѓи Горга - 11 век), чија локација била на брдото Виргин на река Серава, црквата посветена на св. Богородица Троерачица (1204 год.) која се наоѓала на местото на денешната новоизградена црква посветена на Богородица, како и во тој период постојните Султан Муратова (Хјунќар џамија - 1436 год.) и Алаџа (Шарена) џамија на Исхак-бег (1438 г.).

Споредени позициите на овие објекти насликани во гравурата, со нивната позиција денес, покажуваат сосема јасно дека гравурата не е измислена творба, туку реален цртеж кој ја отсликува состојбата на споменатите објекти во втората половина на 15 век. Тоа ни дава за право да сметаме дека сликарот реално ја насликал состојбата и на десниот брег на реката Вардар. А на десниот брег на Вардар, во периодот пред да се изгради Камениот мост, не постоел друг објект освен воениот магазин познат под називот Барутана и малиот мост кој служел за дотур на муниција до Барутаната. Од многу логични и разбирливи причини, Барутаната била лоцирана на десниот брег на реката, дотогаш ненаселен простор, подалеку од населбата на Долен Град. Барутаната на цртежот е претставена со сите детали, полукружен хангар изграден од метални ребрести плочи, со ѕидан пункт за стражарницата, пред која стои воена стража, со висок ѕид оградениот простор со пушкарници и бавча полна со високи зимзелени дрвја (кипарис) и друго зеленило.

Откако била донесена султанската одлука за градење на Камениот мост на реката Вардар, првата работа што требало да се направи било да се дислоцира Барутаната поради реалната опасност од експлозија. Таа одлука била спроведена, Барутаната била дислоцирана на просторот на денешното село Злокуќани, а плацот на бившата барутана османлиските воени власти го отстапиле на Исламската верска организација, која веднаш потоа на отстапениот плац почнала да ја гради Бурмали-џамијата, која била завршена во 1495 година. Значи, Бурмали-џамијата е првиот исламски верски објект изграден на десниот брег на Вардар во Скопје (од 1495 до 1924 година на местото постоела Бурмали-џамија, а од 1924 година кога џамијата била урната до 1963 година на тоа место беше Офицерскиот дом. Од 1963 година до денес на тоа место не е изграден никаков друг објект).

Бидејќи со сигурност може да се каже дека до изградбата на Камениот мост на реката Вардар, на десниот брег на реката, не постоел никаков друг ниту цивилен ниту верски (христијански или исламски) објект и дека првиот што бил изграден била Бурмали-џамијата, произлегува дека не може да станува збор за постоење каква и да е црква или друг христијански верски објект на локацијата на која првично била лоцирана Барутаната, а по нејзиното дислоцирање, османлиските воени власти ја отстапиле локацијата за изградба на Бурмали-џамијата. Според тоа, МПЦ сосема неосновано покажала интерес кон плацот на некогашната Бурмали-џамија.

На десниот брег на реката Вардар (во периодот откако бил изграден импозантниот Камен мост) почнало постепено населување на овој простор, главно, од дојденци Турци, за што сведочи и изградбата на неколку нови џамии. Набргу по изградбата на првата Бурмали-џамија (наречена Бурмали по изгледот на тордираното тело на минарето), во новоформираното маало Ајверди била изградена втората Хараџи Салахудин-џамија (во почетокот на 16 век), а во 1544 година на овој рапидно населуван простор била изградена и трета Гази Ментеш-џамија, која се наоѓала на местото на зградата број 13 на денешната улица „Димитрија Чуповски“.

Дури во втората половина на 19 век (1883/84 год) на десниот брег на реката Вардар, во новоформираното Маџир Маало, била изградена уште една, четврта џамија, Фаикпашина-џамија. Мехмед Фаик-паша имал висока државна функција, бил управител на Скопскиот округ. (Оваа џамија беше тешко оштетена во 1963 година од земјотресот, а дури во 1989 година наполно е урната).

Првиот христијански верски објект на десниот брег на Вардар, поточно на просторот спроти Долен Град, во веќе од поодамна формираното маало Гази Ментеш, бил изграден во втората половина на 19 век, а тоа била католичката капела во чиј склоп се наоѓало и седиштето на католичкиот свештеник (жупник)

Потоа, почнувајќи од 1922 до 1927 година, на просторот на десниот брег на Вардар биле изградени неколку цркви, меѓу кои и црквата посветена на св. Константин и Елена. Меѓутоа, од времето на изградбата на Бурмали-џамијата во 1495 година до изградбата на црквата посветена на Константин и Елена во 1925 година, изминале рамно 430 години.

Во написот изнесувам само сознанија што можат многу лесно да се проверат во постојните историски извори и литература, за да не се создаваат непотребни недоразбирања и проблеми, да нема кавги, а да има конструктивен дијалог втемелен врз факти, кои единствено може да придонесат за непристрасно решавање на појавениот проблем.

(Авторот е историчар на уметноста)

 


#
Статијата е прочитана 1695 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 03.09.2009 21:03:12
А пред било што да биде изградено таму, просторот бил ливада на која паселе животни. Доста веќе со таа религија во 21 век. Како и во старите добри времиња на 15 век така и сега, религијата се покажува како одлично средство за раздор меѓу луѓето.
Од: Star Skopjanec
Датум: 04.09.2009 00:46:51
Моето семејство е во Скопје од околу 1750 година или повеќе од 250 години. Сите мои претци биле крстени и венчани од десната страна (од Маџир маало до Дебар маало). Поради РОПСТВОТО, нашиот народ ги градел црквичките во земја (како Св. Спас). Баба ми Стоја ми кажуваше како во ЦРКВИ со изглед на КУЌА бил крстен дедо и’ кај денешна Градска болница.
Од: Zoran
Датум: 04.09.2009 00:56:43
Bas dobro sto se javivte profesore, samo me interesira zosto ste molcele koga se prisvojuvase makedonskoto, pravoslavno poteklo na Gorgi Kastriot(Iskender). Istorijata ne treba da se zloupotrebuva ili falsifikuva no treba i mora da se ima principielnost vo pretstavuvanjeto na faktite.
Од: aj pak jas
Датум: 04.09.2009 01:42:00
Bravo.... pa edna e vistinata i ne znam zasto treba spletki koga se moze da bide ednostavno. Cestitam na hrabrosta da go kazete ova zasto dosta nie od lagi koi proizleguvaat od MPC.
Од: realen
Датум: 04.09.2009 02:58:48
Mu blagodaram na gospoda sto vo Makedonia se uste ima luce koi so fakti zboruvaat a ne na pamet , samo da kazat nesto.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 04.09.2009 03:22:39
Edno e vistina: Dzamiite izgradeni za vreme na 5 vekovnoto Osmanlisko ropstvo bea verski objekti na tirani, okupatori, zlostornici i treba da se izbrisat so polno pravo, zosto Mak narod placese, pistese, porobuvan i macen poradi niv. Ili bidete normalni i otfrlete gi temnite strani od minatato ili nadvor sose Burmali dzamija vo Turcija ili Albanija.Nemam protiv licno protiv dzamii, ama sum protiv sto nema reciprotet so crkvi vo muslimanski zemji, kade za Biblija vo raka te osuduvaat na smrt.
Од: dejan
Датум: 04.09.2009 04:27:54
se nadevam deka ste vo pravo i deka lustracijata ke vazi i za vas.
Од: Ljubotan
Датум: 04.09.2009 04:56:26
Avtorot e ,,istoricar "po umetnost,a sto e i golema razlika od :Istoricar, na Istorijata na toa podneblje!
Од: mitko za detskite trikovi
Датум: 04.09.2009 05:26:46
So site svinjarii vo vrska so plostadot moze jasno da se vidi infatilnosta na VMRO. Prvo na kriminalen nacin prodadoa plac na MPC a sega so detski lagi se obiduvaat da go blokiraat reciprocnoto gradenje na djamijata. Tolku se jadno prosti pa mislat deka so lazenje nekogo ke ubedat deka muslimanite ne treba da gradat djamija na toa mesto. Celosno ne im se jasni rabotite. Muslimanite se borat za da ostavat beleg na plostadot. Toa im e najvazno. Predviduvam deka nekoj od niv naskoro ke predlozi kompromis: "Ako pod Burmali Djamijata porano imalo crkva i zatoa ne smee da se gradi tamu, dajte ni da si izgradime djamija deset metri ponavaka". Me razbirate li? Na niv ne im e tolku vazna lokacijata, vazno djamijata da e na plostadot. Sto ne VMRO-ovcite ne im teknuva. Da vidime sto glupost ke izmislat koga muslimanite ke dadat vakov predlog.
Од: tankut vejsel
Датум: 04.09.2009 07:56:55
taka e profesore.a na aceto avstralija ako si tolku golem makedonec zivei vo makedonija ane tamu.pozdrav
Од: zabegan.
Датум: 04.09.2009 08:47:09
Имало немало со што друго ќе го БУДАЛИМЕ народот во МАКЕДОНИЈА.Ај да ги оставеме тие нагаѓајна и ПЛОШТАДОТ да го оставиме да си биде ПЛОШТАД.А за Цркви и Џами има други места,што толку се запнало со Плоштадот.Се мисе чини ова е само БИЗНИС на ВМЕЛО И МПЦ за жал.
Од: Makedon
Датум: 04.09.2009 09:30:56
Demokratijata e "odenje" po žilet.Hristijani,muslimani,vakvi,takvi,sekakvi....Jas kako ateist,nevernik,imam isto demokratsko pravo,a i zatoa što pred Burmali đamijata tamu imalo livada na koja moite predci,veruvajki vo sebe i sličnite na sebe,pladnuvale,igrale i peele,znači imam demokkratsko pravo da baram da na toa mesto se izgradi objekt za "pladnuvanje,igranje ipeenje".Imam isto pravo kako site onie "bradosani",nivno pravo,koi sakaat da ne vturnat vo minatoto,vo megjusebni sudiri,da ne vratat nanazad.Zošto?Ej lugje zivotot e kratok da go trošime za lošotii.Na idnite generacii treba da im ostavime "prostor" za ziveenje.
Од: Скопјанка
Датум: 04.09.2009 09:32:36
Браво Зоран, така треба да му се каже на професорот. Добро е да се знае историјата, но во секое време треба да се каже, а не да се молчи. На пример кога го поставија споменикот на Скендер-бег, и тогаш требаше да се каже чиј е навистина тој јунак, Георги К. Сега доаѓа да „доли“ памет, како демек нашите претци (дедо ми, баба ми и др.) не знаат кои објекти постоеле во тоа време. Еден историчар на Уметност, не е доволно компетентна личност да зборува за ИСТОРИЈАТА на овој град. За да нема караници треба да се изгради Офицерскиот дом па и волкот сит и овците на број
Од: Историчар
Датум: 04.09.2009 09:44:43
Браво. Историски вреден текст на основа на факти а не на желби и политикантство. Оставете ја историјата на историчарите! На сите злобни квази-историчари кои коментираат им препорачувам најпрвин да се описменат а потоа да и се посветат на науката.
Од: ARHIVA
Датум: 04.09.2009 09:50:16
Apsolutno vistinito i dokumentirano tocno /vo turskata i srpskata arhiva/ na mestoto kade sto "profesorot" tvrdi bese izgradena gamijata NA istoto mesto bese crkvata izgradena na CAR Dusan, zosto i vistinito posla smrta na car Dusna togas dojdoa osmanliite do togas nemalo nitu eden edenstven muslimanski objekt, vtoro "profesorot" spomna na istoto mesto bese izgraden ofecerski dom no ne spomna koj go izgradel, po povtorno okupacioni srpski sili dobro znaejki na mestoto na gamijata bese crkvata srpskite vlasti ja srusija gamijata i povtorno na istoto mesto no ovoj pat igradija oficerski dom,
Од: Avril
Датум: 04.09.2009 10:19:24
Udrite kopac na mestoto na temelite kade sto bilo navodno crkva, pa ke gi najdete faktite na vistinata, a ne ovoj pisuval vaka, onoj nacrtal onaka, pa se zboruvalo onaka. Arheologijata e majka na istorijata
Од: Каменко Пештерковски
Датум: 04.09.2009 10:29:58
Секоја Чест Професоре! Колку за информација на @Ljubotan -Авторот е долгогодишен Историчар на Уметноста, кој настаните и уметноста на ова поднебје ги Пишува Без Политички Примеси, Без Ракавици и Конформизам (еден од ретките) и воопшто не личи на Оние политичките полтрони од типот на „Генијалците“ за Антика и археологија со изгубен Компас (па носат по два часовника-едниот му го мерит времето на македонците), квазиисторичари, „мајстори“ за Атомска енергија и за сè и сенешто од МАНУ, ниту пак на ТВ пронаоѓачите на „Македонскиот“ јазик во Каменот од розета или на МА од Донија која по пат го изгубила „К“-то во предисторијата, уште пред постанокот на Амебите!!! Камо среќа да имаме повеќе Вакви Интелектуалци, Немаше да заглавиме во Темнината, на која крајот не и се гледа!
Од: covece, ne lutise
Датум: 04.09.2009 10:32:31
Денес кога народот живее во згради и каде заради х-причини го менува местото на живеење,а е вистински верник,и има потреба од верски храм,најдобро е верските објекти да бидат подвижни.Затоа повеќето ни се историски споменици...А,ти Аце од Австралија,спремајги куферите,зашто по твојата логика,каков вреник си, кога не си идеш дома,и ги оставиш Абориџините на раат...
Од: mkd
Датум: 04.09.2009 10:47:47
Od kade tolku eksperti deka nemalo crkva koga se asocira deka imalo.Izgleda deka nekoj dobro gi podmackuva da sirat nevistini. Ovie eksperti neka poglednat kolku Dzamii se napraveni vo poslednive 20 godini vo Zapadniot del na Makedonija i neka vidat deka site pari im se donacija od Iran i teroristicki mudzahedinski organizacii.Poglednete dek site kupoli se vo Iranski stil a ne kako do 80tite kako Turskite zasileni. Islamot nagolemo vleguva vo Makedonija so pari od mudzahedini od opium i bog znae sto drugo a vie tuka mi glumite eksperti. Samo napred CRKVA na plostat sto pobrzo .Site ke donirame
Од: istoricar
Датум: 04.09.2009 10:52:21
neznam vo cij interes ovoj istor na umetnost pisuva mozebi e platen od nekogo no na toa mesto uste vo vremeto na studiite sme ucele deka na toa mesto imalo crkva pred da dojdat turcite a sto e najtragicno sega nee tursku tuku makedonsko pa zosta da se pravdame?taa dzamija nemala namena i bila na del kade ziveat hristijani poa srbite bile prakticni izgradile oficerski dom sega nie treba da bideme prakricni i plostadot da bide plosdat da ima prostor i vozduh i da se upotrebuva na sosiri i koncerti a ne za uzurpacija na religii.
Од: bitolcanec
Датум: 04.09.2009 10:55:08
abe coekot shto ja pishal statiata so ime i prezime e cist makedonec i toj vi objasnuva vistinata za burmali zamijata a vas pak neshto ne vi je jasno i papata od rim da vi rece deka taka jet vije pak nema da go vervate abe kakof narod sme cel svet ne mozit da ne razberit a vie odite po umot na toj aceta zagubeniot od afstralija gospo da ni et na pomoz so vakof narod pozzz do utrinski i molam bes cenzura
Од: Млад Скопјанец
Датум: 04.09.2009 10:56:25
Мислам дека не треба да се избрзува со погрешни коментари. Професорот Балабанов е угледен историчар на уметноста. Не брзајте и логички размислете. Кога брзате можете и да навредите. Тоа и се прави. Османлиите биле 500 и повеќе години на овие простори. Ако генералната политика на Османлиите била окупација и исламизирање на населението тогаш не верувам дека ќе останало нешто немуслиманско. Имало исклучоци. Но генерално Османлиите не биле окупатори туку преставници на една древна и голема цивилизација, која сите ние денес ја уживаме. Затоа не брзајте размислете мудро. Поздрав
Од: Do Ace od Avstralija.
Датум: 04.09.2009 11:00:29
Raduj mu se na gospoda sto Turcite bile kako sto bile. Da bea kako Spancite ili Portugalcite deneska na Balkanot nemase da ima nitu edna nacija, nitu edna crkva. Blgodarejki ne tie ''kleti Turci'' deneska si ostanal Makedonec a ne Srbin ili Bulgarin.
Од: ...
Датум: 04.09.2009 11:25:14
do ovoj tupavipt od Avstralija, da mi objasnis samo kaj bilo toa so Biblija vo raka da te osudat na smrt, i stom tolku si ja sakas zemjata svoja so majka baras vo Avstralija i koga ke dojde vreme za pomos za crkvata 3 dolari od Ace za crkvata i toa avstraliski...:))
Од: euro 1
Датум: 04.09.2009 11:27:25
21 Vek! Imalo Crkva,Nemalo Dzamij ili obratno,Se prasuvam dali ednas politicarite ce izmislat da se napravi nekoja fabrika. Mislam deka ce bide mnogu polesno da se molime na boga so poln stomak i zadovolni deca.Mi nedostiga samo solidarnosta na mpc.Ako vece se ima tolku pari da se gradat skapi objekti,neka odvojat malku sredstva i za gladni,goli i bosi deca od makedonija
Од: bale
Датум: 04.09.2009 11:44:35
Ace od Astralja - daj te molam prekini so glupite komentari.... neka ti dadat krdo kenguri pasi gi tamo vo bushojte,ama ostavi ne na raat... aman bogati da bese portparol na Grujo i tolku dibek ne ke bese???
Од: cicalce
Датум: 04.09.2009 11:52:41
Ve molam dosta so toj Ace od Avstralija. A be mnogu znacenje mu pridavate. Koga ke se soocime so pisuvanje na najkompetentno lice od nekoja oblast kako sto e profesorot Balabanov, i togas se drznuvame da plukame zasto pisanijata ne ni se po keif i partiska opredelba.A za Oficerskiot Dom, go izgradil srpskiot okupator, koga site Makedonci se prezivale na -ic. Za vreme na Otomanskata Imperija nema primeri nekoj da se preziva so tursko prezime. A Skender Beg e Albanec od pravoslavna vera, i vo Otomanskata Imperija zazemal mnogu visoka polozba. Pravoslavie ne e ednakvo na Makedonec, neka naucat ednas suplivite glavi sto go tvrdat toa.
Од: gjoko bugarija
Датум: 04.09.2009 12:22:17
Abe shto sakaat ovie muslimani?Malku li im se tolku gjamii,pa ushte edna ke gradat?Neka se svestat tie od vladata,ne im davajte pravo na malcinstvata da digaat galama i da pravat shro sakaat.Makedonija e hristijanska drzava,treba da ima crkvi,a ne gjamii,koj stanaa povekje od crkvite.Ili crkva ili oficerski dom,kakov shto bil na vremeto.Na skopje mu falat stari arhitekturi.
Од: od nekoj
Датум: 04.09.2009 13:47:57
Avtorot da si go pise imeto a ne da se krie pod psevdonim. Od kaj znae avtorot kako bilo porano isto neka obrazlozi. Opst fakt e deka site dzamii se gradeni na temelite na crkvi !!! A za utrinski vesnik nemam komentar za objavuvanjevo na vakvi spekulacii i potiknvanje verska netrpelivost
Од: 666
Датум: 04.09.2009 14:42:34
Sto bilo pred Burmali djamija na toa mesto,najverojatno nekoj amam,a pred toa...i taka vo nedogled..do koga??A Aceta od Avstralija zemja dalecna,tamu mu e mesto,i nikogas da ne se vrati vo nasata Makedonija.Za takvi kako nego nacisti,nema mesto vo MKD.Sto da kazat malcinstvata koi pravoslavniot narod gi drzese vo ropstvo i se uste gi drzi,gi torturira...e more Aceta,sej si tamu,kaj aboridjanite i bidi im sluga..

Најди! во Утрински
Скопје