Банките ги сакаат државните записи 
На вчерашната аукција на тримесечни државни записи Владата успеа да собере 32 милиона евра, а бараше 35,7 милиони евра. Со каматна стапка од 5,4 отсто за девизни записи државата повторно ги привлече, пред се', банките, но и другите инвеститори на домашниот пазар. Владата и покрај тоа што вети дека ќе забави со записите, очигледно поради потребата за враќање на старите долгови и натаму не се откажува од овој инструмент. (С.М.) 
 
  
   |