Број 3401  четврток, 07 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
На прво место

Ако снема вакцини, ќе се позајмат

Вакцината против хепатитис Б е релативно нова и долга е постапката да се најде на листата на СЗО

Јасмина Јовановска

Ако на тендерот што ги проби сите рокови за завршување не се избере производител од кој ќе се набават вакцини против хепатитис Б, државата уште денес ќе зајми и ургентно ќе увезе 10.000 дози вакви вакцини. Со вакво резервно решение излезе Бирото за лекови за државата да не се доведе во ситуација да нема вакви вакцини, чии резерви се при крај. „Заемот ќе биде од производителот ’Авентис‘“, рече директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев, не откривајќи притоа од која држава, туку рече само од земја-производител во Европската унија. „Со другите вакцини немаме проблем“, додаде Захариев.

Од Министерството за здравство вчера не сакаа да ги откријат лоби-групите, односно кои од доставувачите лобирале околу тендерот, иако завчера признаа дека имало лобирање. Според правилата на управната постапка, пак, доколку имало притисоци или лобирања, тогаш тендерот требало да биде поништен.

Од друга страна, директорот на Бирото за лекови, Захариев, ги отфрли сомнежите што ги иницираше претставништвото на „Глако Смит Клајн“ околу квалитетот на вакцините кои ќе се увезат со претстојниот тендер, посебно што вакцин��та против хепатитис Б ја нема на листата на препорачани вакцини на Светската здравствена организација.

„Апсурдно е да се тврди дека вакцината против хепатитис Б е неквалитетна ако се знае дека станува збор за врвен производител кој е од САД каде што таа е регистрирана и се користи таму и во Европа“, рече Захариев, кој додаде дека оваа вакцина е релативно нова и постапката да се најде на препорачаната листа на вакцини на СЗО е долга.

Захариев уште тврди дека секоја серија вакцини во Македонија се испитува за сите параметри, освен квантитативен состав. „Дали има доволно антигени својства се испитува во референтните лаборатории во Велика Британија, Хрватска и Србија“, рече Захариев.

Во врска со ниските цени на вакцините што се нудат на тендерот и сомневањето за квалитетот, Захариев нагласи дека цената и квалитетот не смеат да бидат споредувани и е несериозно ако некој го прави тоа.

„Конкуренцијата на македонскиот пазар во делот на вакцините беше добра работа за да се понудат и такви со поевтини цени. Тоа се врвни производители од земји од ЕУ“, додаде Захариев.

За елиминираната фирма од тендерот, во Бирото за лекови велат дека при проверка на условите за чување кикснал генераторот, кој се вклучил со задоцнување.


#
Статијата е прочитана 291 пати.

Испрати коментар

Од: Realist
Датум: 07.10.2010 12:48:52
Не ми е јасна една работа. Вчера гледам на телевизија мајки кои целите испаничени бараат нивните деца да се вакцинираат од Хепатитис Б веднаш и без одолговлекување. Колку што мене ми е познато, во Македонија, до пред некое време, само доктори, медицински сестри и студенти по медицина се вакцинираа од Хепатитис Б. Болеста се пренесува исклучиво преку крв, и овие групи се со поголем ризик од зараза. Останатите групи на граѓани најчесто се заразуваат по пат на сексуален контакт (зборувам, повторно, за Хепатитис Б). Сега не ми е јасно, од каде мајкиве дигаат толкава паника за нивните бебиња да се вакцинирале веднаш, кога во ни едно сценарио тие не се изложени на овој вирус?! Тоа е исто апсурдно како да ги вакцинираат за ХИВ сега, кога би постоела вакцина. Инаку вакцината за Хепатитис Б може да се прими во било кое време во животот, откаде дискусии за интервентен увоз?!

Најди! во Утрински
На прво место
Референцата како план Б
Компјутерите во наставата се користат инцидентно






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia