Г-не Додовски, се подготвувате ли како партија за претстојните локални и претседателски избори, бидејќи се' поевидентна е Вашата поддршка на Љубе Бошкоски на неговите јавни настапи на неговото здружение ОДАМ?
За настапот и поддршката на претстојните избори ќе дискутираме во текот на јануари. Бошкоски води една кампања за комуникација со граѓаните во земјава и искажување на неговите размислувања и, во најблага форма речено, се очекува и негово кандидирање за претседател на државата. Во таква насока е и здружението што го формираше, иако се' уште нема јавен став дека ќе се кандидира. Се' поизвесно е дека многу тешко ќе ја добие поддршката од ВМРО-ДПМНЕ. Но, без разлика на тоа дали Бошкоски ќе формира партија или не, дали ќе оди како независен кандидат, нашите ставови ќе бидат во согласност со нашата програма. Отворени сме за соработка. Ако тој се кандидира за претседател, ако нема друга опција, сигурно би го поддржале Бошкоски на изборите, меѓутоа за тоа ќе треба да одлучат партиските тела.
Кои беа причините за смена на претседателот на партијата Ѓорѓи Трендафилов, кого го исклучивте и од членството?
Во изминатата година и неколку месеци претходно партијата беше ставена во позиција на исчекување дали нејзиниот претседател сака и дали ќе почне да работи. По Конгресот на ВМРО-Народна во април 2007 година кога Трендафилов беше избран за претседател, имаше многу кратка активност од негова страна. Членството беше подготвено за работа и сакаше да се впушти во силна партиска активност, но неактивноста на Трендафилов доведе до ваква состојба. Тој, буквално, ја стави партијата во позиција да нема ни оформени тела. Не го свикуваше Централниот комитет, не се започна процесот на поставување претседатели на општинските комитети. Нашите членови беа навистина дезориентирани. Но, од Трендафилов немаше никакви сигнали и активност. Како да се изгуби. Не можевме да го пронајдеме ниту на телефон. Цела година се обидувавме да го разубедиме, но неговата пасивност, неодговорност, неактивност доведе до тоа да го исклучиме од партијата.
Како ја објаснувате апатичноста на Трендафилов?
Не успеавме да дојдеме до објаснување. Од негова страна немаше одговор за неактивното однесување кое беше евидентно, бидејќи како лидер само десетина пати се појави во партијата. Штетата нанесена на партијата е видлива со оглед на фактот што не излеговме на предвремените парламентарни избори. Листата која тогаш Трендафилов ја поднесе до ДИК беше негова приватна и воопшто не бевме консултирани за неа. Таа беше подготвена во последните 24 часа пред рокот за поднесување листи.
Колкав е одливот од членството? Колку се точни тврдењата на поранешната в.д. претседателка Весна Јаневска дека по нејзиното заминување, околу 300 ваши члена поминале во ВМРО-ДПМНЕ и дека на последните избори за нив гласале 30.000 ваши члена?
Во изминатите две недели работна група од партијата имаше средби со членството. Најголем дел од членството е тука. Познато е дека мал број наши членови од најразлични причини преминаа во ВМРО-ДПМНЕ. Најголем дел од тие луѓе повторно се јавуваат со желба да се вратат назад. Во партијата на Груевски преминаа петмина или шестмина раководители на општински комитети. Нашите членови преминуваат поради силен притисок на работните места, а некои поради одредени социјални и економски параметри. Точно е и дека дел од членовите на ВМРО-Народна на последните парламентарни избори гласаа за ВМРО-ДПМНЕ. Како што е и точно и тоа дека да не беа тие гласови на ВМРО-Народна, партијата на Груевски немаше да го помине прагот од 61 пратеник, туку ќе паднеше на 53, 54 или 55 места според Донтовиот модел. Дел од членството, исто така, не излезе на парламентарните избори, додека други ги пречкртуваа ливчињата. Секој гласаше во согласност со своето убедување, бидејќи немаше сигнал од партијата.
Во кои градови конкретно се чувствува нефункционирањето на партиските тела?
Има градови каде што и покрај тоа што партијата не беше функционална речиси две години, сепак, подобро стоиме од ВМРО-ДПМНЕ, како што се Охрид, Тетово, Петровец, Македонска Каменица и Делчево. Таму каде што неактивноста на Трендафилов беше многу силна, ВМРО-ДПМНЕ најде солидна почва да врши силен притисок врз членовите и затоа бевме доведени во позиција да градиме партиска структура. Во текот на декември очекуваме да го заокружиме процесот на поставување претседатели на комитети на целата територија.
Od naftalin li go izvadivte ovoj? Pa dobro so e rabotava so novinarive si se ladat li so odredeni lugje ne mi e jasno ili sea sirok front ke pravi SDSM pa ke gi spasuva NP.Na smesni raboti im se pridavaat nekoe znacenje kako na ovoj Dodevski sto me iznasmea pa so siot pamet sum zemal i ja komentar mu pisuvam hahahahhaahaaaa pozdrav.
Од: mene
Датум: 09.12.2008 01:14:05
a be aj ne me zasmejavajte. boskovsski pretsedatel ni na kuken sovet ne moze da bide. vic godine, more na stoletie. ovaa vmro kako i maticnata site se ko kidnati od crtan film gremlini
Од: Zabegan2
Датум: 09.12.2008 01:22:38
I od mene Haaaaaaaaa Ha ha ha Nikakvo cudo, sé se slcuva vo MK.
Од: blagojce
Датум: 09.12.2008 01:57:29
gospoda videte podaleku ako boskovski ne se vrati vo politika na makedonija crno i se pisi videte koj sedi vo parlament i vlada tie sto gi masakrira brekata vo vejce karpalak dali so takvi ce pravime koalicija anasite gi obvinuvame
Од: od nekogo
Датум: 09.12.2008 05:57:43
Boskovski -Pretsedatel, dobar kandidat za golem poraz. Neveruvam deka ii negovite najbliski od familihata-domasnite ke go glasaat.Neka bide blagodaren sto se vrati ziv i zdrav od Seveningen i da ja mavne politikata nastrana bidejki onie koi odlucuvaat za nasite "glavi" ( za nasite politicari) ne prostuvaat poveke od ednas.
Од: VMK
Датум: 09.12.2008 07:43:03
Во ДПМНЕ,во НП,во СДС нема навистина никоја личност која би бил претседател на РМ...се разбира сите се покажаа како користољубиви,осветници на Македонија,ратни профитери,искварени луѓе едноставно.Се надевам Срѓан Керим не е просрпски настроен,па така би можел единствено тој да биде претседател...а се разбира и ако е Масон,не значи дека масоните ке работат против својата земја...Позз.
Од: vanco vodenski of frankfurt
Датум: 09.12.2008 07:57:14
ako Boskovski se kanditira za predsedatel onda zaboravete nato i eu, stavete go Srdjan Kerim za predsedatel onda ke imame prav covek zapredsedatel.
Од: ah-ah
Датум: 09.12.2008 08:24:29
E odamna taka ne sum se iznasmeal. Zar seuste postoi takva partija VMRO-NP. Abre luge pa sedeseto e vo faza na isceznuvanje , a za vakvi marginalni partiicki sto da se kaze, za greota se. Samo tie znaat sto pravat. Celta im e da mu nastetat na Grujo. Samo edna zloba ima vo niv i nisto drugo.
Од: zabegan
Датум: 09.12.2008 09:02:02
more zar se uste postoela ova partia????
Од: Zoki
Датум: 09.12.2008 09:21:03
Дали Народна дали ДПМНЕ, се е тоа еден збир на шупелки кои се намножија во Македонија. За политичари со дигнитет и кредибилитет и знаење ... не станува збор.
Од: fulda
Датум: 09.12.2008 10:05:04
Za presedatel na Makedonija samo gospodinot IVICA BOCEVSKI koj nema da ja ustrami R. Makedonija niti nadvor niti doma.
Од: ella
Датум: 09.12.2008 11:00:17
funkcijata pretsedatel na drzava,sama po sebe podrazbira osoba so kredibilitet i avtoritet,koj za zal gospodinot boskovski ja nema.nerazbirlivo za vmro narodna nivnata zelba da kandidiraat osoba,sto nema nikakov rejting.da,da ke ima i takvi od sverata na najniskiot sloj na gragani koi ke go poddrzat,no,za sreka toa ke bide mal broj.gospoda od vmro narodna,narodot znae i pamti za biznisot na ljube boskovski,prodazba na oruzje,potoa grabez na vikendici,nenamerono pukanje vo novinari....neka se kandidira,pa da vidi kolku e "pocituvan".izrekata skopsko i se e mozno,gospodine boskovski zavrsi,,sega narodot saka kvalitet i avtoritet,jas sum za vmro ,no za dpmne i za nivniot kandidat ke glasam.
Од: Daron
Датум: 09.12.2008 11:55:23
Ne mi se veruva kolku se lugjeto hipnotizirani ovde vo MKD
Dali vo DPMNE dali vo SDS seedno
Dodovski e super chovek i ja ima mojata podrshka za slednite izbori , kako partija, a i Boshkovski za pretsedatel...
Од: аналитика
Датум: 09.12.2008 11:57:06
Херојот веќе не ни треба е одговорот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на Бошковски, по однос на ВМРО- НП наместо прифакање повеќе идеи се одлучи на нејзино изолирање. И на крај имаме максимална власт неспособна да одговори на прашањата која сака да ги реши.
Од: blaze_egejceto
Датум: 09.12.2008 13:05:52
edno samo svativ vo ovie reakcii : deka ljube boskovski i johan tarculovski za vas se sram za Makedonija ?
ej zemjo moja stradalna , kakvi dembeli tezat na podot tvoj - za zal !!!
kade bevte vie , da ve prasham , a i drugite izrodi kako vas koga tie dvajca se borea zaedno so braniteliye , za takvi specimeni kako vas , za apatridi kako vas so golemi mucki , samo toa li ke pravite celiot vas tazen zivot poln so dupki samo ke umolozuvate , ucenuvate , da ve prasham kaj koj od nashite dushmano-sosedi se krievte , za deset leva stanuvate i bugari _ tolku i vredite .
sramot e za takvite a ne za tie sto se kako boshkovski!!!!!
Од: Nikola Stavreski - Melburn
Датум: 09.12.2008 13:38:07
edna misla imame BRAT LJUBE da bide pretsedatel i site od dijasporata go sakame istoto
Од: Branko Strumica
Датум: 09.12.2008 14:23:23
EEEE Sto e sega tolku vazno koj ke e Pretsedatel,videte ja Evropa deka ne ne saka,napravete taka onadete taka i na krajot apsolutno nisto,ni se smeat zad grbot na site nas a posebno na nasite zalni Politicari,toa go mislam serizno sto poveke sakaat da ne izuliraat...Pozdrav
Од: ljupco
Датум: 09.12.2008 14:44:23
Не знам зошто,чим се спомене дека Брат Љубе е можен кандидат за председател,одма следат жестоки реакции од сите страни.Некои луѓе ќе направат се,за да ја осуетат неговата кандидатура.Оставете народот сам да си одлучи кого сака за председател,доста со тие дисквалификации и навреди упатени кон него.Зарем тој малку страдаше за Македонија?
Nemam nisto protiv brat L:Boskovski bese vo Svedska posle krizata vo RM-go precekavme go ugostivme bevme na vecera zaedno,kako licnost mi se dopaga,orator dobar ostavi dobar vpecatok na site i (maked.i turci).
Mojot predlog e ovie cetri godini da odmori bidejki mu treba i fizicki i psihicki odmor da se vrati vo redovite na VMRO-DPMNE kaj gospodinot Gruevski
i da se aktivira na slednite parlamentarni izbori.
Vladata na Gruevski nikogas nema receno "turcite vo Turcija albancite vo Albanija ili slednoto kafe ke go ispieme vo solun" nego im dade na site multietnicki zaednici shansa da bidaat zastapeni vo ministerstvata i vladata na RM,fakticki toa e makedonska demokratija ili bibliska drevna makedonska demokratija na koja treba da se ucaat nasite sosedi bugarite i grcite.Spasot za makedonija e sozitelstvoto megju makedoncite i turcite bidejki ovie dva segmenta se garant za ponatamosniot opstanok i ravoj na RM za 21.vek.