Изложба на кинеска култура
По повод шеесетгодишнината од формирањето на Народна република Кина, денеска во 13 часот во Музејот на Македонија ќе биде отворена голема изложба под наслов „Кинеска култура“, каде ќе бидат презентирани традиционални народни носии на народностите од повеќе региони во земјата, традиционална уметност на изработка на слики од сечена хартија во техниката Јијанзао, како и фотографии од нејзиниот историски развој.
Организатори на презентацијата се амбасадата на НР Кина во земјава и Музејот на Македонија. Изложбата ќе може да се види до 15 октомври. (К.Б.) |