Број 2934  четврток, 12 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

ДИК упатува: Еднаш гласање, нема мобилни и фотоапарати

На 22 март, со влегување на избирачко место, ќе може да се гласа само еднаш. Избирачите одлучуваат дали ќе гласаат истовремено за шеф на држава и за локални власти, или ќе се определат само за едни избори. На двојните избори ќе има два извода од Избирачкиот список, а гласачите одлучуваат дали ќе се потпишат во двата или само во еден список.

Ова стои во последното од серијата упатства што го подготви Државната изборна комисија, онака како што се договорија политичките партии на последната лидерска средба.

„За претседателските и за локалните избори избирачот може само еднаш да се појави на гласачкото место. Избирачот по сопствена волја одлучува дали ќе го даде својот глас истовремено и за претседателски и за локални избори или ќе се определи да гласа за само еден вид избори“, се вели во упатството на ДИК.

Избирачките одбори добија обврска да им појаснуваат и да ги поучуваат гласачите дека ако се определиле да избираат само за еден вид избори, тогаш нема да им дозволат по втор пат да влегуваат на избирачко место. За претседателските избори ќе се гласа на едно избирачко ливче, а за локалните се добиваат две, за членови на совет и за градоначалник. Само во Скопје за локалните избори гласачите од скопските општини ќе добијат четири гласачки ливчиња. Ова значи две ливчиња за избор на скопски совет и градоначалник и исто толку за избор на општински совет и градоначалник.

Заради обезбедување на тајноста на гласањето, на избирачките места не смеат да се користат мобилни апарати, фотоапарати и други средства за снимање на изборниот материјал и на избирачите. (К.Ч.)


Статијата е прочитана 226 пати.

Испрати коментар

Од: Македонија
Датум: 12.03.2009 09:42:58
Овај пат ке има голем надзор од Европа..нека не се радуваат ни сдс ни дпмне...нема да протнат ништо во гласачките списоци како што се научени...Нивните доушници од двете партии исто догооворено си работеа сите овие години..затоа сите што биле во изборни комисии сега се директори,референти....замислете.....не треба да се бара некаде на друго место корупција..нека ги проверат сите што биле комисии претседатели на изборни комисии и нека одговараат и нека го вратат имотот што им го даваше партијата секогаш по лажните избори...го верглаат 18 години истото....Пак тие сега што се ке имаат надзор од ОПСЕ...нема лесно да поминат..а наредени се сите по врски.....само да се изманипулира,ама нема да може овој пат..ке видите..некој дебело ке плати ако нешто покуша да намипулира со изборите...ЕУ веке има надзор врз изборниот процес.....Позз.до утрински

Најди! во Утрински
Политика
Искористете ја шансата за поправен
Локалната власт во Штип ќе се освојува со комунални проекти
Демолиран изборен штаб на ДПА
Иванов најави голема криза
Селмани на Бит-пазар и во чаршијата меѓу тезгаџиите и дуќанџиите
Нема место за насилство на изборите
Фуере ги седна на маса Бонева и Заев
Државни реклами во кампања се забранети
Aлбанско знаме и пред Општина Охрид
Бошкоски ветува вистински инвестиции