КЕТИ ПЕРИ
Модна линија за жени што не се кукли
Изведувачката на хит-песната „Јас бакнав девојка“, Кети Пери, одлучила музичкиот свет да го освои и со своја модна линија, но покрај оригиналните замислени модели, како добар пример ќе и' послужат и колекциите на Агнес Дин и Дита фон Тис.
„Отсекогаш сум сакала да експериментирам со облеката и сум се трудела да изградам свој стил, кој секогаш бил инспириран од Лолита-девојките“, изјавила Пери, која додала дека за вистинска модна икона ја смета Дита фон Тис, која претставува една од најголемите кралици на бурлеската.
Контроверзната пејачка истакнала дека дополнителен дел од стилот е и нејзиниот цврст карактер, кој и' помогнал во неколку наврати да се почувствува силно и супериорно во однос на другите.
„Секогаш го кажувам тоа што го мислам. Јас сум реална личност, а не некоја кукла што излегува од чија било хотелска соба. Ги правам сите нешта што ги прави секој нормален човек. Јас сум вистинска зачинета девојка“, додала Пери. |