Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Политика

Новинарите не смеат да бидат мегафони на газдите

По повод јавните напади и меѓусебни пресметки на медиумите во Македонија, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Центарот за развој на медиумите (ЦРМ) го осудуваат вмешувањето на новинарите и уредниците во судирот меѓу сопствениците на медиумите.

Според соопштението на ЗНМ, МИМ и ЦРМ, тоа оневозможува новинарите да ја извршуваат работата со професионален интегритет, одговорност, независност и во функција на јавниот интерес.

„Новинарите не се мегафони, пропагатори или лица за односи со јавност на сопствениците на медиумите. Ги повикуваме сите колеги новинари да одбијат секаква работна задача која не е во согласност со професионалните и етичките стандарди на новинарската професија“, стои во соопштението.

Тие апелираат до сопствениците на медиумите да ги прекинат јавните меѓусебни пресметки, а надлежните институции да стават крај на хаосот во кој егзистираат и функционираат медиумите во Македонија.

„Толерирањето на беззаконието во медиумскиот простор го урива моралниот и професионалниот кредибилитет на новинарите во Македонија, резултира со пад на стандардите на професијата и низок квалитет на новинарскиот производ, обременет со закани, притисоци, страв на новинарите за работните места“, се наведува во соопштението. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 438 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 16.10.2010 12:42:11
A na kogo da bidat? Pa ako ne gi slusaat gazdite se znae kaj ke zavrsat.Na ulica. Ednostavno gazda mora da se slusa. Toa e toa sekade, ne samo vo mediumite. I vo kafana, i vo fabrika, i vo bolnica, i vo policija ....... "gazdata" se slusa. Mnogu pobitno e koj e gazdata, i dali vredi da se prodavas na odreden gazda. No ako nemas kade, i toa se slucuva, ke se prodades.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.10.2010 18:22:58
Да не сме им во кожатата на ,,продадените,,да се прават акробатики медумски де за власта де за опозицијата е крајно штетно за кичмата на дотичниот новинар плус тоа што му страда професионалниот кредибилитет.Смешни се а и трагични новинарските ликови кај А1,прво со ,,аргументи,,и се истураат на опозицијата а потоа ,,колут назад,,истата опозиција ја подржуваат.Кога лажат некогаш или сега,господ знае.
Од: Феличита
Датум: 17.10.2010 09:37:39
А,да кажеше нешто за Мирка,каде беше таа?
Од: vlatko
Датум: 17.10.2010 14:46:48
Kaj nas za zal nema novinari, tuku samo bedni portparoli. edinstvena razlika e vo cenata za koja se prodavaat.(naj za zalenje se onie poslusnici sto rabotat za bespari ili za ideologija)
Од: CACKO E OD KAVADARCI
Датум: 18.10.2010 03:02:41
A vie gospoda novinari od ovoj vesnik za koj gazda rabotete??????????

Најди! во Утрински
Политика
Татковци и деца на Битолскиот универзитет
Се стандардизира квалитетот на НВО во регионот
Лекари во живо учеа операции без резови
Сто операции на отворено срце






MEPs voice outrage over Romania's media policy
Hungarian parents paid to keep toddlers at home
Bulgaria deploys helicopters to hunt tax dodgers