Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

Камења ќе ни паѓаат врз куќите

Жителите на Косоврасти се спротивставуваат на намерите да се даде под концесија ридот што е веднаш до селото

Жителите на Косоврасти не дозволуваат да се минира ридот што се наоѓа веднаш до ова дебарско село. Тие најжестоко ќе се борат против намерите на Министерството за економија да го издаде ридот под концесија, со цел тој да се минира и ископува, што се планира веќе за почетокот на ноември. Овие луѓе предупредуваат дека доколку властите не отстапат од ваквата идеја, селото може да биде уништено, а во најмала рака камења ќе паѓаат врз нивните куќи додека трае минирањето.

Од Косоврасти велат дека селото ќе се уништи ако на 1 ноември 2010 година Министерството за економија ја додели концесија за користење на ридот, што се наоѓа на 60 метри од селото. „Според спецификацијата на тендерот, ридот се дава на користење, што значи дека некој ќе минира, ќе ископува секојдневно, ни помалку ни повеќе, туку на 60 метри од селото. Значи, ќе минира во нашите дворови. Замислете што ќе се случи ако се минира ридот, камења ќе паѓаат врз нашите куќи. Селото ќе се уништи“, изјави претседателот на месната заедница на село Косоврасти, Аџија Куртоски.

Од општината реагираат дека не е почитувана процедурата за доделување на концесијата, бидејќи Дебар нема дадено согласност за распишување на ваков тендер. Во јуни била стопирана првата постапка за доделување на ридот под концесија, а сега повторно истата локација е ставена во тендерот. „Еднаш веќе реагиравме како месна заедница и како општина за ова прашање до Министерството, каде што нема писмена согласност за изведување на работите и давање под концесија. Сепак, тие повторно ја почнале процедурата, не надевајќи се дека ние ќе забележиме. И навистина, овој пат случајно ја откривме цела работа. Законот е јасен, а тоа е дека без согласност и во случај кога станува збор за загрозување на човековото здравје и на животната средина, не се доделува концесија“, објаснува Куртоски. Од општината и од месната заедница бараат итно прекинување на постапката за доделување на концесија.

По ваквите реакции Министерството за економија најавува дека уште еднаш ќе ја преиспита својата намера и ќе ги разгледа жалбите на граѓаните што таму живеат, по што ќе ја донесе својата конечна одлука. Значи, пред да се даде ридот под концесија, ќе се направат дополнителни анализи. Сепак, од овој ресор вчера за „Утрински весник“ изјавија дека уште пред да се објави тендерот, Економија побарала мислење од сите надлежни институции, според кои давањето на ридот под концесија не било проблематично. Тоа тие го навеле во одговорите што ги испратиле до Министерството. „Ние постапивме во согласност со Законот за минерални суровини, а целата процедура се одвива јавно. Сепак, уште еднаш ќе го разгледаме целиот процес“, објаснуваат од Министерството за економија. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 1803 пати.

Испрати коментар

Од: Dosta etnicko cistenje "Otode Grupcin"!
Датум: 25.10.2010 14:44:22
Protestiram protiv prodolzenoto bessramno etnicko cistenje na Makedoncite vo samata Makedonija. OVa nema vrska so ekonomija, ova e cist drzaven terorizam vo sluzba na velikoalbanskiot fasizam i iredentizam i protiv Makedonija i site Makedonci bez razlika na nivnata veroispovest! Ovaa pojava povikuva na reakcii od povisoki domasni i megjunarodni instanci i jasno pokazuvanje so prst kon zlostorstvoto: etnicko cistenje i genocid na Makedoncite "otode Grupcin"! Ova mora den poskoro da bide sopreno!
Од: adzija kurtoski,predsedatel na mesna zaednica
Датум: 25.10.2010 14:50:33
ako ministerstvoto za ekonomija gi poseduva mislenjata od nadleznite institucii-spored koi izdavanjeto na lokalitetot za koncesija ne e problematicno da gi stavi na javen uvid.
Од: комшија
Датум: 25.10.2010 19:15:42
Овој проблем треба да се третира сеопфатно.Од една страна имаме огромно неисцрпно подрачје за искористување,а од друга страна имаме население кое живее во самиот локалитет.Исто така тука се и термалните води на Косоврашките бањи.Треба итно да се направи студија,која ќе ги испита последиците не само по здравјето на жителите,туку што би се случувало и со минералната вода.Што се случува под земјата,ја следи ли некој таа состојба..Да не се случи еден ден хаварија.Која технологија се користи при експлоатацијата на рудата?!Да се стави на вага,што се добива а што се губи.Поголем ли е ќарот или зијанот?!Жителите,особено,треба да знаат што ќе се случува било причински или последично за долг период.И така најсиромашен во Републиката,а да фрла пари во инавестирање.Доста со колатералните штети.
Од: jas
Датум: 26.10.2010 04:44:22
vo civiliziran svet mesna zaednica bi trebala da odlucuva sto moze i nemoze da se pravi vo nivniot prostor, sekakvi drugi odluki od nadvor sto ne go pocituvaa to se veter vo magla i nemaat vrska so demokratija i pravda. mesnata zaednica izbrana od mesnoto naselenie e najblisku do demokratija. nametnuvanje od nadvor ne e demokratija. sto podaleku zivees od tamu sto pomalku imas bilo kakva rabota tamu. pravo na davanje koncesii bi trebalo da bide pravo na mesnata zaednica i nikoj drug. vo demokratija ova bi trebalo da vazi za segde ne samo za kosovrasti. kade e kosovrasti pojma nemam.

Најди! во Утрински
Политика
Каменица гледа со страв кон иднината
Почна „Балкански блесок 2010“
Виш управен суд без пари
Сценарио за растурање на УКИМ






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker