|
|
|
|
|
|
Атина сака контрола на грчките компании во Македонија
Без договор за даночна транспарентност меѓу Македонија и Грција, грчките текстилни компании потешко ќе работат во нашата држава
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - Билатерален договор меѓу Грција и Македонија за транспарентност на даночните податоци e решeнието за новите главоболки на грчките текстилни компании што работат во Македонија.
Теофилос Асланидис, претседател на Здружението на текстилни компании во Грција, објаснува дека според новиот построг даночен закон што стапува во сила во Грција од јануари 2011 година е потребно максимална транспарентност на даночните податоци и пријавените даночни трошоци. Поради тоа, Грција со голем број држави веќе има потпишано договор за транспарентност на даночните податоци според правилата на ОЕЦД – Организацијата за европска економска соработка, односно да може во секое време да има увид на трошоците што ги пријавуваат грчките компании кои имаат отворено претставништва во странство за да може да се избегнат проблеми со даночни измами.
„Грција сака во секое време да има пристап до даночните податоци на компанијата која е во Скопје, а има грчки газда и потоа пријавува трошоци и во Грција. Бидејќи нема ваков договор меѓу двете држави, Грција не може да има контрола над трошоците што и' ги пријавуваат овие компании и бара начин да може да се проверува дали има или нема даночни затајувања“, вели Асланидис.
Тој објаснува дека за државите што немаат потпишано ваков договор со Грција се смета дека не сакаат да имаат размена на податоци, а со тоа се сметаат за држави со кои нема соработка. Оттука и трошоците што ги пријавуваат компаниите во грчка сопственост во Македонија не можат да се признаат како валидни, поради што овие компании ќе мора да платат повисок данок.
Поради ова, доколку Македонија и Грција во следниот период не потпишат договор за транспарентност на даночни податоци, грчките текстилни компании ќе наидат на проблеми. Од Здружението на компании за текстил се надеваат дека двете држави ќе успеат да склучат билатерален договор за да се реши овој проблем и да се избегнат потенцијалните нови трошоци со кои ќе мора да се соочат. Асланидис вели дека засега не би можел да прогнозира што ќе се случи со грчките компании во Македонија, но се надева да се најде договор што ќе го реши овој проблем.
Како што пишувавме и вчера, од грчкото Министерство за финансии велат дека само ја почитуваат меѓународната листа на ОЕЦД - Организацијата за европска економска соработка на држави кои не се сметаат за „соработливи“ во даночниот сектор. Според грчкиот Закон за даночна праведност и даночно затајување, држави со кои се нема соработка се оние кои од 1 јануари 2010 година, независно од тоа дали се или не се држави-членки на ЕУ, се проценети негативно од ОЕЦД во врска со транспарентноста и размената на даночни информации. |
#
|
Статијата е прочитана 2421 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: kiroUSA |
Датум: 31.12.2010 13:31:45 |
|
neka gi zatvorat i taka gi maltretiraat rabotnicite i ne gi plakaat, dodeka spijat ovie vo vladata sto treba da gi zastitat istive. |
|
|
|
|
|
|
Од: Zevzekman |
Датум: 31.12.2010 14:34:15 |
|
dosega 15-6 naeset godini tuka vo Makedonija grcite perat EU pari, bashka i nivnite firmi rabotat so mali licni posrednicki firmi, t.e. celata rabotata ke ja zavrshi MK firma a grckata firma na menadjerot ke go obere kajmakot |
|
|
|
|
|
|
Од: Kakva EU kakva gtransparentnost... |
Датум: 31.12.2010 17:37:29 |
|
Za kakov suverenitet tuka stanuva zbor? VO EU nikoj nema suverenitet (osven ANglicanite, Germancite i Francuzite (se cini)! Kreditni biroa, dogovori za transparentnost (podkazuvanje ili otvoranje na kakjite) so Grcija koja sto ne ne priznava??? Vo haos saom uspevaat mativodite i izmamnicite...i se razbira peracite na pari i onie koi zad perdinjata na privatizacija stanaa MILIJARDERI!
Kade se tuka podatocite od Cheska, os Avstrija, Ungarija, Bugarija...? |
|
|
|
|
|
|
Од: Komentator |
Датум: 01.01.2011 00:31:00 |
|
Neznam za ovie tekstilcite ama gledam ZITO LUKS...turbo gi zatvara prodavnicite..ete sto napravija ..od najdobra firma sto pecese so deceniji prav burek se zapusti... |
|
|
|
|
|
|
Од: lordan |
Датум: 01.01.2011 16:04:13 |
|
K ako prvo sretna vi nova g. Posto citam deka Turcija ceja plati izgradbata vo Bitola to naje loso aliposto Turska gi zema obavezite treba isto taka da se potseti i za obnova namanastirot knezinski Kicesko koi e srusen od Turcite dur bese makedonija pod Tutsko.1835 |
|
|
|
|
|
|
Од: Kocin |
Датум: 02.01.2011 11:08:31 |
|
Rabotata so grchkite biznisi vo MKD ni go uriva ugledot kako narod-nacija. Grcite gi maltretiraat nashite rabotnici do nemajkade a nashite vlasti i zakoni gi nema da go zashtitat narodot. Vreme e nekoj da povlechi i da se smenat rabotite ne e vreme na pashibuzuk!!!!????? |
|
|
|
|
|
|
Од: Nekoj |
Датум: 02.01.2011 20:26:35 |
|
Toa sto grcite gi maltretirale rabotnicite e vina na grcite? Ili na toa sto vo Makedonija zakonot e mislena imenka? Borete se za pravna drzava, za pocituvanje na zakonite, za minimalna plata! Sto vi se krivi grcite ???!!! Ke gi zatvorat fabrikite... I? Kaj ke rabotat tie vraboteni? |
|
|
|
|
|
|
|
|