Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Од бившата девојка барал 200 евра, инаку ќе ја убиел

ПРИЛЕП - Александар Шукулоски (20) од прилепското село Воѓани, завчера околу 19 часот, ја грабнал својата поранешна 15-годишна девојка, обидувајќи се да и' изнуди пари. Малолетничката со тројца соученици излегувала од училишниот двор кога го здогледала автомобилот „голф“ на поранешното момче. Бидејќи и претходно имала слични закани од момчето, таа ги повикала соучениците да го сменат правецот.

„Тој се упатил кон нив, ја застанал девојката и почнал да вика, принудувајќи ја да се влезе во автомобилот. Ја удирал со шлаканици, ја тргал за косата, а главата и' ја удирал од шасијата на возилото. Од под возачкото седиште извадил пиштол, заканувајќи и' се дека ќе ја убие, ако наредниот ден не му донесе 200 евра“, информира Ѓоко Стрезовски, портпаролот на СВР-Битола.

Малолетничката ја искористила неговата невнимателност и успеала да избега од возилото, па со друго такси-возило стигнала до автобуската станица. Кога пристигнала дома, веднаш им се пожалила на родителите. Таткото го пријавил случајот во полиција. (Мн.Т.)


Статијата е прочитана 762 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 04.10.2008 18:27:25
Sto da prajs, pusta demokratija stignala i do Vogjani...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Јажето ќе одгатне дали мајката го убила синот, па го распарчувала
Брачна двојка се затрула правејќи ајвар во Кумановско
Две возила изгореа, возачите се спасија