Ловџија од Прилеп остана без два прста на десната рака во несреќата што завчера се случи кај селото Бешиште. Триесет и двегодишниот прилепчанец ја зел пушката од татка си и заминал на лов со ловечкото куче. Во еден момент, се лизнал од камен и паднал на земја, а пушката, која не била закочена, испукала два патрона. (Г.А.)