Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хроника
Пијан штипјанец нападнал браќа со нож
Деветнаесетгодишен штипјанец е приведен, откако во алкохолизирана состојба, со нож нападнал двајца свои сограѓани. Инцидентот, како што соопшти МВР, се случил завчера, околу 20,15 часот, кога Адем И. (19) ги нападнал браќата Т.М. (36) и Р.М. (43) пред ТЦ „Штип“. Браќата почнале да бегаат, но Т.М. се сопнал и паднал, напаѓачот го извадил ножот и се обидел да го прободе, но Т.М. успеал да се оттргне и да побегне. Браќата трчале кон полициската станица, каде што Адем повторно ги стигнал и ги нападнал. Полицајците ја смириле ситуацијата, по што следувал алко-тест. Браќата имале 0,12 промила алкохол во крвта, односно 0,41, додека кај напаѓачот биле измерени 1,73 промили. Првично, причина за инцидентот била расправија.

Т.М. и Р.М. биле пренесени во болница каде што им биле констатирани телесни повреди. По расчистување на случајот, полицијата против 19-годишникот ќе поднесе соодветна пријава. (Г.А.)

#
Статијата е прочитана 730 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Истрага за издаден лажен пасош во МВР
Ја здувнале од затвор кога снемало струја
Се трага по средношколец
Ловџија остана без прсти при несреќа
Извинување






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000