Во саботната акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ се засадени сите 2 милиона садници наменети за граѓаните. Во тек е и засадувањето на 3 милиони садници во семе, што ќе го изврши „Македонски шуми“. Иако акцијата беше прекината на две од предвидените 54 локации, организаторите се задоволни од реализираното. Во Иницијативниот одбор велат дека одѕивот на граѓаните со оглед на временските услови бил одличен, поради што и сите садници некаде се засадени само за неколку часа.
Акцијата беше одложена во Крушево и во Крива Паланка поради снегот и ветерот. Во Крушево, велат иницијаторите, ќе се организира нова акција кога ќе дозволи времето, а во Крива Паланка дрвцата ќе ги засадат екипи на „Македонски шуми“.
Само два дена по третото засадување организирано под мотото „Засади ја својата иднина“, светскиот печат повторно се осврна на македонската зелена акција, која годинава ги инспирираше и граѓаните на Црна Гора в петок да засадат дрвца колку што има жители. Од Иницијативниот одбор најавуваат дека акцијата ќе продолжи да се одржува два пати годишно како и досега, а наесен ќе прерасне во општобалканска. (С.Н.)
Blagorodna akcija i sekako takva i ke ostanese da ne se ispolitizira do maksimum. Da mu se smaci na coveka! Pak narodni pari otidoa vo nepovrat! Pustetegi ekspertite da si ja brkaat rabotata a nevladinite da gi obezbedat sredstvata. Dosta bea kampanji ko da sme od vcera! Smaceno mi e od vmrovski komandirovki. Letoska ke ne teraat da bereme lubenici, oti neli dobri se za krvna slika<<<<<<<<<<<<
Од: glupendra
Датум: 17.03.2009 06:14:11
Da ne e greska deka se zasadeni dva milioni sadnici. Pa neli esenoska bea najaveni dvaeset milioni. Ili za parite se dvaeset a zasadeni dva. ( odnosno pet)
Од: Оли Јулчовски
Датум: 17.03.2009 09:56:59
Е, Ај сега биди искрен и кажи ја вистината дека
на Вождот му успева на перфиден начи на испере некое милионче, И тоа во Евра не во Денари.Знам дека ќе бидам обвинет,Акцијата како акција е во ред,Но сомнително е;Зошто се организира секогаш пред избори?Зошто едно;;ИСУШЕНО МИНИЈАТУРНО ДРВЦЕ,,врерди ЕДНО евро?Кој води контрола дали на вистина се засадени толку милиони дрвца?Е,Народе,Народе-И тоа е една од итроштините на Вождот-Му требат пари за кампањата.А после кравите од Битолската млекара ќе се виновни ,ГИ ИСПАСЕЛЕ дрвцата,Нема доазен материјал.
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 17.03.2009 12:15:55
Акција која во секој момент е добредојдена и за поздравување.