Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Поголеми цени за стоматолошки услуги?

Новите цени ќе затворат многу стоматолошки ординации

Партиципацијата што ја плаќаат пациентите за лекување на забите кај матичните стоматолози можно е повторно да се зголеми. На ова укажуваат од Здружението на матични стоматолози „Св. Антип“, според чии неофицијални информации новото покачување на партиципацијата за стоматолошките услуги, најверојатно, се подготвува за јуни.

По јануарското зголемување, за нецела година ова ќе биде второ покачување на партиципацијата за лекување на забите. Доколку се реализира второто покачување, матичните стоматолози предупредуваат дека пациентите ќе почнат да се откажуваат од лекување на забите.

Од Фондот за здравствено осигурување, пак, велат дека засега немаат намера да ја коригираат партиципацијата за примарната стоматологија.

За овие три месеци откако се применува новиот ценовник за стоматолошките услуги, фреквенцијата на пациентите е намалена за 10 - 30 отсто, што укажува дека на граѓаните и оваа партиципација им е недостапна, велат во здружението „Св. Антип“. Ако сега стоматолошките ординации се заобиколуваат кога партиципацијата се покачи за 30 - 50 отсто, со повторното зголемување на партиципацијата, пациентите, дефинитивно, нема да ги посетуваат стоматолошките ординации, сметаат стоматолозите.

Сега за едно пломбирање заб со амалгaмн пациентот плаќа 130 денари партиципација, додека за лекување заб со бела пломба 260 денари. Вадење заб чини 150 денари, а ендоскопската терапија 260 денари. Ако овие цени на пациентите им се високи, што ќе се случи ако тие повторно пораснат, посебно за пензионерите и за невработените, кои се 50 отсто од работоспособното население.

„Пациентите посетуваат стоматолог само тогаш кога имаат зорт, односно кога забите се за вадење. Со оглед на тоа дека протетиката е скапа, нема да им остане ништо друго туку да останат без заби“, велат во Здружението.

Стоматолозите се плашат дека ќе мора да ги затворат своите ординации откако драстично ќе се намали бројот на пациентите. Затоа, здружението е против ново покачување, а бараат и да се преиспита јануарската одлука за покачување на партиципацијата и намалување на капитацијата од 45 на 35 денари што тие ја добиваат за згрижените осигуреници. Од Фондот за здравствено осигурување објаснуваат дека засега нема никаква најава за покачување на партиципацијата на стоматолошките услуги во примарниот сектор, односно намалување на капитацијата на матичните стоматолози. (Ј.Ј.)


Статијата е прочитана 634 пати.

Испрати коментар

Од: Trte
Датум: 07.04.2008 17:07:02
E,makedonce,makedonce stvarno si za zalenje .Prost narod ,silna drzava.Nikoj nemoze da svati deka ovie ceni koi se dadeni za stomatoloski uslugi se so sini kartoni.Dali nekoj znae kolku se cenite koga se plakat na privatno.Vo ova glupa drzava sto sekoj ja trti kako ke najde,nema potreba da se plaka za zdravstvo.A kade se parite zadrzuvani na lugwe 20 do 30 godini.Bas sega koga im treba zdravstvena usluga mora da plakat.Na zdravje prost narode.I dozvolete da ne trtat barem ke bidete zadovolni.Toa se dobrite 101 cekor
Од: d-r Petar Topalov
Датум: 07.04.2008 16:34:04
Vo vrska so objaveniot tekst jas kako stomatolog od istocna Makedonija apsolutno stojam zad iznesenite konstatacii.Namalena e posetata kaj nas za izneseniot procent, i smetam deka FZO treba da se zamisli za najavenoto namaluvanje na kapitacijata i zgolemuvanje na participacijata,pred se zaradi pregolemoto osirmasuvanje na nasiot narod[pacienti]
Од: tetovcanka
Датум: 07.04.2008 15:41:42
Ne se cenite visoki,platite se mali vo Makedonija! Ako na zapad izvadis zab,ke platis 200evra za vadenje,a eden inplantant koj se pravi kako posledna merka,koga nema drugi sansi e 1500 evra.Ama ako imas plata od 200 evra i so nea gledas semejstvo se e skapo.
Од: citac
Датум: 07.04.2008 15:40:07
dali nekogas ste se zaprasale kolku cinat uslugite kaj zabarite koi se privatni, a rabotat so plavi kartoni i se maticni doktori. Neznam koj im gi odreduva cenite na uslugite, zasto kaj niv "lecenje" i plombiranje so bela plomba cini 400 - 500 denari. za vadenje i da ne zborime kolku e tarifata. kao oni naplatuvaat tolku poveke od drugive stomatolozi, koga sega veke site imat status an privatni. Predlagam vo nekoj sleden broj da pisuvate na ovaa tema.
Од: kire
Датум: 07.04.2008 14:40:34
vo programata za 100 cekori pisuvase deka ke ja napalat stapkata na karies, ama ne pisuvase na koj nacin.sega gi kacuvaat cenite i narodot odi na stomatolog samo za vadenje.taka ke go realiziraat ovoj cekor.kolku pomalku zabi ima narodot tolku ke bide pomala stapkata na karies
Од: Makedonec
Датум: 07.04.2008 11:52:10
Нема што да коментирам се кажа реално Гимназијалец !!!
Од: Od Kicevo
Датум: 07.04.2008 09:11:04
Kako odat rabotive ke imate dosta rabota,a ovie sto nemaat da imaat zabi imaat pari,pa taka nemaat gajle ke platat......eftino e poskapete uste....
Од: Гимназијалец
Датум: 07.04.2008 08:26:23
Цените се смешни. Замислете вадење заб (130 денари) е поевтино од едно шишање на глава а кое морае да го правите барем 8 пати во годината. Таквите луѓе нека одат без заби и подуени. Или пак, пломбирање за заб да чини трипати поефтино од една обична женска флизура. Стоматолози, бидете Бербери. Не учете 5 години. Или, пак, одете во странство, таму го ценат васето образование и титула.

Најди! во Утрински
Македонија
На браната „Мантово“ ќе никне туристичка населба
Фонд за спас на болните велешанчиња